Да има12h разлика.Мене трансфузиологот ми кажа наутро Клексан навечер Аспирин.Јас сум кај Нинослав Систина.
Женски вчера бев кај Јани ама не му однесов резултати туку таму ме боцнаа обично приватно се боцкам пошто сакам да ги искоментира резултатите на лице место. Сабајлево од кај матичната ги отварам резултатите и активно парцијално време е доста скратено. Јани во извештајот напишал иста терапија да си продолжам со клексан ама доза не пишал до сега дднаш дневно боцкам. Имате некој друг намалено аптт во слична ситуација?
На муабетот за клексаните, ние што треба да боцкаме здравје по 2 клексани и плус аспирин како да запазиме на све тоа 12 часа разлика? Јас претходно кога боцкав гледав само помеѓу клексаните да има 12 часа разлика, аспирин пиев 3 сати пред утринскиот клексан. Не знам како е најдобро, некој ако има искуство?
Девојки дали има некој бројче од др-Јани да ми пише во порака, ми треба за итна консултација вчера бев кај него ама на извештајот денес е малце нејасно напишано за терапијата а има промена во хемостазата доста, малце се испаничив
Јани ги гледа резултатите и пишува извештај подоцна во текот на денот, затоа и кај матичните после 17-18ч стигаат резултатите. Ако ти пишал истата терапија да ја продолжиш, тоа е.
Се видов со Јани денес ми објасни се, ептен е човеков човечен и смирен.Ме смири и мене ми објасни детално за сите вредности
Кај мене е скратено тоа врене и боцкам клексани по еден 0.4 еве веќе 30та недела сум. Гинекологот сака до крај да боцкам мене тоа време нон стом ми е скратено од почеток на бременост.
јас почнав да се боцкам накај 8 навечер, а сабајле прв пат се напив аспирин, па ќе терам така, ваљда е океј
Да јас секско ќе сум фо крај со клексаниве Јани ми рече тоа ти е клучот немаш избор. Денес се видов со него пак, ми објасни се ми рече покриена си со терапија не се вознемирувај ќе следиме
Девојки имам едно прашање. Бремена сум со ивф имам мутации и на клексани сум од прв ден од трансфер, примам по 1 клексан навечер, а на сабајле пијам кардиопирин. Последно кога ми зедоа крв за дд ми беа скоро 2000 докторот рече треба да се следи за сега е доволен по еден клексан, на тие што примате по два клексани колку ви се дд? За две недели некаде ќе треба да ги проверам пак, дали има шанси со исхрана некако да се намалат, до сега никогаш не ми биле толку високи малку сум испаничена. Иначе со бебето се е во ред, си расте и се развива како што треба
Кај мене се 1460 димерите јас сум со клексан 0.4мг и по 12ч аспирин .Времињата се добри и тромбоцитите ,на ехо протоци се е ок.Кога ги прашав и гинекологот и трансфузиологот дали трреба по 2 клексана ми рекоа не ќе следиме за 3 недели сум пак на контрола
Ти текнува дали уште од 15та недела ти беше скратено? 21 ми е, денес кај матичната гледавме протоци вика во ред изгледа се. Димерите па ми се ниски 530 па врз основа на тоа Јани ми објасни дека е доволен еден клексан ќе следиме на три недели ќе се боцкаме за контрола
17 недела сум била на преглед скратено ми било, димерите 890. Исто по еден клексан 0.4 ми стои на извештајот.
Кај мене сега проверив не биле околу 2000 туку 2800 дд, времето ми е малку под граница. Додуша јас не знам ни како треба да биде во бременост. Докторот рече ќе следиме дали ќе треба понатаму по 2 клексани засега е доволно само 1 и кардиопирин на 12 часа разлика
Само што ми стигнаа резултатите за генски мутации Додека чекам за да ги види др дали можете да ми помогнете што значат? Веќе 3 месеци примав клексан ама заради нормални ддимери др Трајкивски ми го стопираше. На своја рака го направив испитувањето Фала ви
Жени некоја од вас која била на клексани поради овие мутациите дали патувала со авион во првото тромесечие. Јас влегувам во 8 недела, препишана ми е терапија клексани, пред некој ден правев анализи на д димери и хемостаза супер беше се. Сакаме со мажот ми да одиме Германија, два часа е летот. Гинекологот ми рече слободно патувај, некоја со искуство да кажи шо како Немам мачнини, освен шо се осеќам уморно.
Мутациите и клексанпѕ немаат врска со патување. Оди слободно иако јас во такви рани недели не би патувала, би била вп матична земја за не дај Боже, зависно и каква ти е бременоста..