Засега се е нормално, планирам да патувам кога ќе заврши прво тромесечие. Ќе си извадам осигурување за во случај да треба на контрола, оти планирам еден месец да останам таму.
Се слушнав со Јани ми рече ако веќе морам да летам да се зголеми дозата на два клекссни пред да летам денот, на два денот кога летам и два другиот ден. Сепак не би ризикувала, истото и тој ми рече ако не е аџеле да се воздржам.
Некоја со покачено АФА, што значи ? Едната слика е направените анализи а другата добиени резултати, но ги нема АНА, не знам зошто.
Мене па сега после 20 инјекции почнаа сини точки да ми се прат одма откако ќе се боцнам, претходно ништо. Ќе почнам на рацете да се боцкам, оти како шо врви времето почна и да ме боли кога ја ставам иглата, тешко ми влегува иглата.
Здраво жени , загрижена сум малку , гледам има од вас што повеќе се разбираат па ако може некој да ми објасни . Вака , имам едно дете , природно зачнато без никаков проблем , сега ќе прави 5 год. После тоа се обидувавме безуспешно некои 3 ипол години (една биохемиска и еден спонтан ептен на почеток) . Сега на 18 декември правевме инсеминација и имам позитивен тест и денес на 21 ден од инсеминација бета е 7580 и на ехо се гледа гестациска кеса , следна контрола наредна недела. Од апчиња пијам само метил фолат1000 и метил б12 исто 1000 и утрогестан 2х1. Прашањето ми е следно , имам генетски мутации(ќе прикачам слика) прашав за клексан докторката ми рече до следна контрола не , после ќе видиме. Дали е проблем без клексан , има ли некоја што покасно почнала , искуство? Извинете на долгиот пост Благодарам
Јас имам слични мутации како твојте само немам хомозиготна мутација и примам клексан уште пред трансфер. Моја препорака да се консултираш со трансфузиолог обавезно
Со мутиран ПАИ обавезно клексани. Особено што веќе имаш неуспешни бремености. Што поскоро консултирај трансфузиолог. Две деца родив со 5 мутации, двете со клексани.
Докторката рече дека прво сака да види ембрион наредната среда , па после , на два ума сум , нема слободно за кај Др. Јани овој месец , на своја рака ли да земам ... многу сум загрижена ..? Инаку главниот проблем за неуспех го препишуваат во слабо проодна и оштетена лева туба како последица од царскиот (2 мислења )
Со било кој трансфузиолог консултирај се, не мора да е Јани, горе долу сите знаат каква терапија ти е потребна. Мене матичниот гинеколог ми ја препиша терапијата додека одам кај Јани и на крај Јани само ја потврди. Ми рече дека супер ме покриле со терапија, мислам дека клексанот не прави никаква штета ама сепак најдобро со трансфузиолог да се видиш
Јас чекав од 25ноември до средина на декември за кир лиганди и други испитувања од имунологија, кога ги земав датум на издавање на резултатите беше дури и порано, порано биле готови. Јавете се на бројот што ви го имат дадено и прашајте.
Dobar den dali nekoj znae da go cita rezultatov od genetski mutacii sto znaci bidejki nema nikakov zaklucok od institut za transfuziona medicina Majka Tereza e praveno ?
Постирај го да го видам. Не сум доктор ама имам познавање лаичко за испитувања. Секако доктор ќе си препрашаш.
Да, мене општ матичен ми даде упат, само треба да следиш кога има слободен термин, јас бев кај Јани. Не бев бремена и ми даде упат со шифра I83 (така мислам дека беше). Следи кога има термин и јави се на општ матичен да ти даде упат.