Јас денес ги земав резултатите за генетски мутации, во понеделник ќе одам кај матичниот. Нешто од нешто разбрав...
Бремена сум отприлика 4ипол недели, по прв пат. Ме фаќа паника од што читам по форумов а немам испитано мутации. Дали да испитам сега или е касно веќе?
Д димерите ми се 150 океј ми рекоја дека се. Можи некоја да дешифрира останатото додека се слушнам со Јани, и патем некоја ако има број нека ми го пише по приватна порака ми се избришаа сите контакти од телефонот
Здраво, После два спонтани абортуси и една биохемиска, започнав со испитувањата и прво ми стигнаа резулатите за генетски мутации за тромбофилија. Мутирани (на алел 2) ми се: Фактор V (R2), Фактор VIII и MTRR A66G. Денес трансфузиологот ми рече дека не се ова високо-ризични мутации за спонтани, а јас секако ќе одам кај добар гинеколог штом ги соберам сите резултати за интегрално да ги протолкува, ама во меѓувреме сакам да ве прашам дали можеби некоја од вас имала мутации баш на овие гени и дали навистина не се релевантни за спонтани абортуси? Фала ви
Најважното Слушај си трансфузиолог што ти кажува тоа е нивна струка, сите гинеколози се консултираат со трансфузиолог, Јани Ангеловски најзапознаен со вакви мутации.
Со историја на спонтани и хетерозигот во два фактори на коагулација и плус Pai, лаичко размислување е дека ти требаат клексани од позитивен тест. Не знам со кој трансфузиолог се имаш консултирано, те молам побарај второ мислење од трансфузиолог, не од гинеколог. Јас сум хетерозигот во фактор 13 и историја на спонтан абортус и по препорака на Јани ќе почнам со клексан од позитивен тест, здравје. Јас како го сфатив докторот е дека нема зијан од клексан и во тој случај и сама би барала да го примам.
A Dali mozbi znaete drug dobaar transfizolog oven Dr Jani ? Dokolku ne mozeme da zakazeme Kaj nego ako moze da preporacete
Јас кај др. Елена Петковиќ бев, вчера прв преглед ми беше и ги имав само резултатите од мутацииве. Таа не коментираше ништо, ми собираше анамнеза и само кога ја прашав за гените ми рече “не се високо ризични” па ме прати на цел список испитувања (ддимери, хемостаза, АНА, АФА итн.). Се надевам дека прво сака да ги види сите резултати на купче, па да даде терапија, многу пофалби читав за неа тука. А, ако случајно и на следниот преглед не ми спомне терапија, ќе си побарам и второ мислење од трансфузиолог. Фала <3
Здраво девојки, може ли да ми кажете како доаѓате до термин кај Јани? На Мој Термин пишува дека нема ништо слободно. Матичниот гинеколог ми кажа дека треба од општ матичен да земам упат. Знаете ли кога се објавуваат термините?
Жени ме интересира околу рефундирањето на средства за клексаните, чекате до крај да завршите со терапијата и праќате документи за рефундација или како ?
Во петокот пуштија 4 датуми за февруари и сите се пополнија за 2дена. Мораш да следиш секој 9ти/10ти во месецот пуштаат за наредниот и експресно се пополнуваат закажува матичен гинеколог или матичен општ било кој само шифрата да ти ја стават за трудница за да не ти наплаќаат спомни. Иначе ако е нешто итно или си бремена со итен упат само да пробаш да влезеш кај него во канцеларија Сега наредни термини тек на почеток на февруари ќе пуштат за термини во март
Јас на 50 клексани идам подавам..сега секој како може и финансиски така прави. Поголеми суми па и поспоро ги пуштаат од фонд.
Јас по 10 клексани земав првиот месец, си чувам и фискални и рецепти и извештаи, сега последниот пат 20 зедов. Можи да ги предадам така ? Не ми се итни парите додуша ама ме интересира дали можи
Можеш како сакаш така само од датумот пример овие 20 кога ги имаш земено треба да има поминато 20 дена (демек се поставени сите ) за да ти даде потврда гинеколог дека се ставени и да подадеш во фонд. Значи може и да е на пола упат пр. Имаш препишано 50 клексани можеш ако си ставила 30 да ги подадеш, со копија од упатот и после уште другите 20 кога ќе ги завршив со упатот. Копирам све затоа што губат триста раб им се дешава таму у фонд.