Мојот матичен сите ги праќа кај Јани и сестрите си водат грижа за трудниците, пратат термини и веднаш се јавуваат ко ќе пуштат да те прашаат кога ти одговара. Мене ко ќе ми треба термин им се јавував да им кажам да пратат и за мене.
Фала ти за инфо. Не сум бремена, имав два спонтани по ред со мутација и со примање на клексани вториот плод не се развиваше. Матичната ме прати кај Јани за консултација, за во иднина како да постапиме. Она ми рече дека само од општ матичен упат можам да земам, не од кај нејзе. Ќе си ја пробам среќата со следење на МојТермин, ако не ќе се бара врски
Мислење за овој резултат или некоја што има слични мутации што треба за остварување на бременост? Мутации има на МТХФР Ц677Т, МТХФР А1298Ц, МТРР А66Г, Фибриноген, ПАИ 5Г/5Г. Предлог за добар трансфузиолог освен Јани, кај него нема термини и дали може со пририотетен ?
Следи термини и општ матичен нека ти даде упат, ако ти е итно побарај приоритетен. Прочитав дека не си бремена, да само општ матичен може, и мене гинекологот така ми кажа, упатот ми беше со шифра I83.
Ви се има случено после боцкање на клексан по некое време да има малце крв на местото, ептен неубо се боцнав поручеква изгледа погодив крвен сад. Сега кога се масирав со Павловичева приметив крв малку на тоа место, изгледа од што се триев. Ме фати паника малку
Се случува не е страшно ама нема потреба да масираш со помада остави го местото, најлошо што ќе се случи е модрица до утре што ќе избледи за некој ден, не е страшно воопшто, гледај иглата да влегува под прав агол и штипни со прсти мевце пред да боцнеш за поблаг влез на иглата
Иначе инфо за сите што си одиме редовно на трансфузиологија секој месец, од нова година навака се пуштени упати за проверка на хемостаза без датуми си одиш се боцкаш без поврзување со термин за трансфузиолог. Чисто ако на некој му е за инфо, мене ептен ме нервираше фактот дека чекам термин со доктор за тој да ми даде само упат а не може да види резултати и да зборнеме што понатака туку читам пишан извештај наредниот ден а немам опција да прашам што ме интересира. Вака со овие отворениве упати ќе можеме да си се боцнеме пред закажан термин со доктор, па фино лепо со резултати да влеземе кај трансфузиолог и да добиеме инфо каква е состојбата плус вака и извештајот директ ќе си го земеме со потпис и печат за рефундација на клексани
Мене два три пати ми течеше крв и тоа баш убаво, да морам да ставам памук. Боцнато од медицинско лице што да ти кажувам. Така да нормално е, се случува, без гајле.
А дали прима доктор ако сме со резултати од испитувања направени таму на трансфузиологија, без никаков упат ? (Небремена)
Ми се случило откако ќе боцнам ама ова после неколку часа испадна една ронка додуша ама сепак ме зачуди, изгледа од тоа што го триев стомакот со крема а Павловичеватае тешка за аплицирање па можеби од тоа. А и Хематромбин му ставив заборавив.
Мене и бремена и небремена ми закажуваше матичниот гинеколог кај Јани. Но јас имав абортус и со таа шифра, не знам дали може поинаку. Јас му имав првично носено резултати од авицена, ме прими и ги разгледа. Втор пат таму испитав проширено со стекната тромбофилија, а за разгледување пак отидов кај Јани.
Да ве прашам, воздухот го истиснувате од иглата на клексанот ? Мене досега сите ми рекоја да го истиснувам ама внимателно за да не истече мн од лекот, на нет пишува секаде да не се истиснува. Еве денес баги капки ми истекоа, си велам нема зијан. Претходно не го вадев така ги ставав
Мене трансфузиологот ми кажа да не се истиснува.И јас така правев предходно и кога ме праша како се боцкам и каде ми кажа дека го губи дејството ако се истиснува.Ми кажа вадиш капаче и боцкаш поткожно не тресеш не истиснуваш.
Не го вадам повеќе, сега и друга мака имам ми се прават подкожни грутки како масни ткиво, кај модриците ама и јас на исти места боцкав ваљда затоа. Сега и ми се здрвува таа страна кај шо боцкав и дека на таа страна спиев, кога станав не ја осеќав страната
Земи хепатромбин гел мачкај на местотот или ако имаш ракија послаба да не е јака да те изгори на памукче нека поседи сат два.. Ќе се ресорбираат. Мене на нозете така кога се боцкав топчиња како чворчиња. Само полека ставај не брзај..да може да се распредели.
Јас незнаејќи а сакајки да завршам работа по пократка постапка минатиот пат земав упат од матичен лекар за испитување на фактори на хемостаза и ддмери да си се боцкам ама после кога отидов кај докторот со резултати ( без упат за преглед) неможеше да ми даде извештај. Сега одам на закажан термин, и како ти што кажуваш колку да се видам па после боцкање одвај ми фати термин матичната секој ден им досаѓав