Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. Orhideja111

    Orhideja111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво! Хетерозигот носител сум за MtHfr 677 и не знам да го толкувам PaI 4G/5G и тоа ли е мутација и ја имал ли некој? Искуства? Имав еден спонтан пред 3 месеци и сакам да почнам со метилираните витамини.
    Ќе може ли некој да ги пише витамините метилирана фолна и б12 кои ги препорачува Јани?
     
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Оди во фондот распрашај се, досега требало да ти се исплатени.
     
    На marinaarna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Метилирана фолна треба да пиеш. Ама консултирај се прво со доктор затоа што горе долу сме сите со иста терапија ама мораш да испиташ и хомоцистеин. Нема врска која фолна само да е активна ( метилирана ) да не е обична
     
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.455
    Допаѓања:
    37.159
    Пол:
    Женски
    Најдобро да се консултираш со транфузиолог, скоро на сите ни препишува метилирана фолна и метилиран б12, ама треба дозата да ти ја одреди трансфузиолог.
     
  5. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Жени абе матичниот ми пишал упат само за д димери да проверам не и хемостаза, ми вика сестрата побитни се д димерите, Јани пак ми рече првиот пат д димерите не ги следи толку битни ни се протоци и ако е во ред хемостазата продолжуваме со терапијата.
    Претходниот месец правев хемостаза во ред си беа времињата.
    Дали да инсистирам и за хемостаза или доволно е само д димери да проверам па нареден месец и хемостаза
     
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Мн се побитни времињата на згрутчување … инсистрирај да има се што прикачив доле и тромбоцити да се следат ако се боцкаш со клексан обавезно
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2762.jpeg
      IMG_2762.jpeg
      Големина на фајлот:
      81,4 KB
      Прегледи:
      29
    На fragaria и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Ќе одам другата недела кога ќе прам крвна слика ќе му речам и упат за хемостаза.
    Пред три недели праев, матичниот вика нема гајле покриена си секако со терапија.
    Д димери сис е качиле 580 овој пат, пред три недели 190 ми беа :)
    Знам дека е нормална граница за втор триместар 580 ама ми текнува на "докторот" што не сакаше да ми издаде рецепт оти мн мали ми биле д димерите. :)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. miraa01

    miraa01 Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво! Имав мртво раѓање во септември минатата година. Лекарот ми предложи да тестирам за тромбоза и еве ги моите резултати:

    Во бременоста имав крварење, прееклампсија и бебето не добиваше доволно тежина. Може ли некој да ми помогне што значат
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5227.jpeg
      IMG_5227.jpeg
      Големина на фајлот:
      146,4 KB
      Прегледи:
      64
  9. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за губитокот.
    Имаш мутација на паи, може да довела до слаба циркулација и намален раст на плодот и крварења ради создавање хематоми... Треба терапија од старт и метил фолат и таму има мутација (што може да влијаело исто на растот ) исто барем 3-4месеци додека пробувате за нова бременост. Секако консултации со трансфузиолог да се одреди добра терапија за да имаш успешна бременост.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  10. miraa01

    miraa01 Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Благодарам за поддршката. Имаше сериозни проблеми како прееклампсија, крварење и тежината на бебето, но мојот гинеколог не обрнуваше многу внимание, но ja секогаш ја изразував мојата загриженост за овие работи. Сега кога го сменив гинекологот и и кажав се што се случило и како се случило, ме натера да сфатам дека можело да се спречи тоа и да има убав крај. Бебето го родив по природен пат - 37+5 недела и бебето беше само 2,1 кила. На плацентата покажа плацентарен инфаркт со голем дел од некроза. На обдукцијата ништо не излезе освен гушење.
    Извинете ако баш добро не зборувам, не сум македонка, но жевеам овде. Благодарам уште еднаш <3
     
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Жени, по препорака од матичниот земав витамини за железо
    Е сега во витаминиве има и обична фолна 0.4 и б12 300мг
    Јас веќе пијам пре мама која содржи активна фолна 0.4 и метилиран б12

    Го прашав дали има зијан ми рече нема.
    Некоја да сподели која ги пиела или која пиела повеќе од 0.4 фолна :)
    Железото ми е 10.8 а хемоглобинот 122
    Претходниот месец беше 11.9 и хемоглобинот 130 така нешто
     

    Прикачени фајлови:

  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Сите пиеме пренатални во кои има фолна плус засебно метилирана фолна … еве и ја пре мама + солгар метилирана од 400u
     
    На fragaria и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  13. Orhideja111

    Orhideja111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Какви ви се искуствата со мтхфр хетерозигот 677 и паи 5г/4г ?
    Исплашена сум, ама тоа е што е.
    3 месеци аспирин и метилирани витамини и клексан од позитивен тест. Спермограмот на сопругот беше одличен, забременив одма, но имав мисед во 9 недела со прекин на раст во 6та.
    Жално е што ставот на гинеколозите е 2 3 абортуси па да се провери, тешко на тие кои го минуваат сето тоа.
    Има ли исто друг начин да се подржи организмот освен терапијава или стандард здрав лајфстајл?
    Со лесно на сите
     
  14. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Душо ти даваа ли прогестерон плус? Јас исто мутации, кога бев на имунологија ми напоменаа мн голема шанса за абортус до 8ма недела. Бев упорна со матичниот да почнам клексани одкако прокрварев во 4та. И бев на мн високи дози прогестерон, не е само за крварење тој има голема улога во раст и развој на плодот. Затоа што ете си имала целосна поддршка од терапијата за циркулација.
     
    На intj_girl и fragaria им се допаѓа ова.
  15. Orhideja111

    Orhideja111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Нејасно сум пишала. После абортусот направив тестирања и ова ми беа препораките.

    Пред да забременам пиев 2 месеци обична фолна к-на.
    Од сам старт гестациската кесичка бавно растеше, вагиналети прогестерон утро вечер користев, се појави срцева акција во 6та недела, но веќе на следен преглед се виде застојот.
     
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    За мтхфр битно е и метилирана б12 бидејќи во ваков случај не де спсорбира доволно обичната форма. Убаво консултација со Јани пред нареден обид, јас 2месеци пред да забременам по втор пат си седнав со него убаво да ми објасни што да превземам пред наредн обид. Човекот ме посоветува сппред резултатите и засега тераме така еве втора половина од 6ти месец веќе
     
    На fragaria, Anaroz1 и Ladyme им се допаѓа ова.
  17. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Да погрешно сум те разбрала, сега со оваа терапија нема да има никаков проблем, ќе има добра циркулација ќе расте плодот ќе видиш ќе имаш успешна бременост :l: не се плаши еве многу жени сме со мутации.. жал ми е што требало да поминеш низ тој пат па да направат испитувања. Биди опуштена во бременоста но ќе мора да следиш и сама да бараш редовни контроли на плод и на циркулација и све што треба да се направи протоколно секое испитување. Мислам имаше една девојка споделено листа на испитувања до која недела кои се прават. Ајде позитивно израдувај не со позитивен тест.
     
    На fragaria, Orhideja111 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    5.263
    јас сум мтхфр хомозигот и паи и плус уште 5 други, прва бременост мисед во 18 та недела. втора со терапијата од позитивен тест клексан, аспирин, метил фолат и метил б12 успешна, еве ја 3 годиники има :D сега терам втора бременост со истата терапија, сега за сега се е во ред. не се секирај, терапијата помага, таа е за сите со мутации.
     
    На fragaria, Orhideja111, Ani93 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Orhideja111

    Orhideja111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ми значат многу вашите споделени искуства, како на секој кој се соочува со нешто за прв пат. Благодарам многу:)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    450
    Пол:
    Женски
    Девојки има пуштено термини кај Јани