Јави се на доктор за исцедокот, ако земаш и Аспирин можно е да ти го прекинат. Тука на форумов има еден куп со терапија кои поминале се во најдобар ред до крај. Само позитивна мисла и редовни контроли и ќе биде се во ред
Не примам аспирин ...Кај докторот се јавив ми рече се надева се е ок... Вчера му пишав попладнето рече не е страшно.. Затоа сега решив да му речам да лежам да не се паничам вака
Јас би одела меѓутоа немав автомобил слободен дома... Бидејќи сум друга општина и живеам на село... Утре ми е закажан преглед и за утре имам автомобил мажот ми со девер ми свекор ми се менуваат за на работа затоа.. Утре ќе се види
Ја имав кафено крварење од 6-12 недела од прилика Не сум пиела Аспирин или такви терапии Тоа треба обавезно да прашаш доктор Ама ми препишаа терапија за крварење Дабростон се пие и утрогестан ваг
Може Јас дека трауми првите два пати само што тогаш почнуваше со кафеаво сега бебе розево бојата два три сати и го снемува...
Кај нас Утрогестан даваат не Дабростон.. Не верувам дс биди нешто ако земам Дабростон на моја рака а Утрогестан пијам два пати на ден..
Ќе прашам утре денес последниот Утрогестан го испив утре на контрола се надевам дека ќе слушнам и срце... Незнам што да правам се трудам да останам позитивна ама еве тамам позитивна оп розевкасто да не можам да се опуштам
Очигледно бременост е неизвесен процес Никој никогаш ништо не знаеме Колку можеш позитивно смирено Пушти си некој филм комедија и тоа е Ќе го чекаш денот утре Инаку стресно е многу Особено исчекување кога има многу е стресно ама тоа е Не е во наша контрола што да правиме Ти посакувам се најдобро
Јас мислам дека е во ред додека немаш болки знаејќи по претходните пати какви болки во половината сум имала.. Како да ме трга надолу нешто затоа се тешам и си давам надеж декс можеби нема да заврши фатално..
Од стимулациите ти се качени. Затоа додека се примаат хормони за стимулација паралелно треба да се боцка Клексан, а не само после пункција, трансфер или после позитивен тест.
Неколку стручни лица ми препорачаа да испитам според развојот на детето и некои параметри на крвната слика (фолна, Б12 и хомоцистин, кои беа гранични + олово кое е покачаено). Метил фолат давам, но за жал процесот на метилација е многу по комплексен и MTHFR не е единствениот што влијае на метилација, правам дополнителни испитувања и се консултирам надвор од МКД.
Ве молам за мислење, имав неупешна бременост во 26та недела, пораси крварење. Потоа дознав дека имам септум на матката и сега ова.