Проверуваш секој месец д димери и хемостаза ? Провери си пак и за секој случај консултирај се со трансфузиолог, нема зијан од второ мислење.
Д димери да предпоследно ми беа 320 ама тогаш бев 7-8 недела и примав клексани, хемостаза ми беше прв пат во 13 недела. И сега 4 недели ќе биди од последното испитување па затоаа велам пак да испитам. Инаку крвна слика вели и хемоглобин и тромбоцити супер и се остансто.. Секако и јас чет џпт го прашувам хаха
Таман ти е време да испиташ пак, ако има некои абнормални поместувања пак консултирај се со трансфузиолог, не би требало ПТ да е покачено откако ти ги прекинаа клексаните
Затоа што матичната моја не работи во викенд и кога е државен празник и тогаш морам преку брза помош да земам потврда иначе ќе ми пропаднат средствата и плаќам по 50 денари од ампула за услугата сигурно не знам. Матичната ми дава потврда само за тие ампули кои се примени во работен ден.
немаш потреба ова да го праиш... мене само ми пишува потврда од тогап до тогаш со се викенди и неработни денови и ја така поднесувам....
Така ми е кажано и така ќе терам до сега ми вратиле точно за 30 ампули на овој начин. Јас не го измислив ова сама можеби има разлика од град до град како функционира тоа или од матичен до матичен. Сега за сега сум немала еве проблем.
Па не мора викенд да одиш, битно е фискалната да не е постара од датата кога е издаен извештајот, еден куп пати имам покасно рефундирано. Матичниот ги пиши датите рачно, никој нема да те знае од кога до кога си примала инекции. И мојот матичен не работи во викенди, во фондот не ги интересира дали во викенди работел матичниот па да ти прават проблем за тоа, само црно на бело им треба.
Не можи да има разлика од град до град законите тие се за сите градови. Единствено можи да има разлика до матичниот, да не сака да му издаде упат, печат и сл работи. Инаку од фондот не се замараат толку, нив црно на бело им треба дека имаш извештај од специјалист, фискална и печат дека се примени инекциите, толку.
Мене докторот што ми го правеше ИНФ во извештајот ми ја пишуваше терапијата врз основа на дијагнозата од др.Јани кога правев испитувања за ген.мутации и клексани пред трансфер и цела бременост 2 пати дневно. Одев на секои 2 недели на преглед кај Док.што ми го правеше ИНФ , морав да мирувам и општата матична рече дека она ќе ми направи потврда само да ги приложам фискалните, извештајот (прегледот) од систина, с-ко потврди од аптеките, копии од истите и да поднесам за рефундација. Како ми кажа матичната така постапив, но не одев на секои две недели кај ДР.јани па нема ни термини за кај Др.Јани да ми ги препишува. Ајде памет за друг пат но матичната рече дека се рефундираат и така дека гинек.матичен не може да издаде потврда со печат и потписи.
Не знам навистина ете зошто така. На потврдата од матичниот ги имам само тие ампули кои се во работен ден. За викендите ми беше посочено од кај самиот матичен да одам во брза помош. И така до сега поднесов и ми одобрија. На татко ми по операција на колк исто примаше клексани и бидејќи матичниот исто во викенд не работи не го упатил во брза помош и тие ампули не му ги рефундираа во викенд што ги прими оти немаше потврда. Тука во брза помош имаат цела книга со евиденција и запишуваат и во систем компјутерски и ги рефундираат така од фондот не само за мене за сите кои примаат на истиот начин не сум само јас така.Убедена сум дека има разлика од град до град.
Земав упат за димери и хемостаза, ми кажа сестрата од кај матичниот дека можело без термин, не знам колку е точно ова...ако е така, од колку до колку земаат крв?
Ако прашуваш за Скопје можеш на клиника на трансфузиологија од сабајле 8:30 мислам дека е до 14:00 со пауза 11-11:30 така нешто А може и во градската болница во центар од страна се влегува посебен влез има од назад т.с. од страна и може од 8:30 до 11-12 така нешто оти после ги носат од таму во клиника Упатот не е со термин било кое време одиш И нема врска дали си јадена
Да, за клиника Ск прашував...познато ми е се, повеќе ми беше муабетот за терминот од до кога работат. Зошто пред 2 години кога одев не беше така, со термин закажан беше.
Здраво девојки. Читам го спомнувате др.Јани, па сакав да прашам дали некоја има искуство со др.Татјана Макаровска Бојаџиева?
од др од систина ми е препишано да примам 7 дена по 1 клексан. Каде и како ги аплицирате? дали од фондот за рефундација признаваат извештај од систина или мора матичен? и што и како ми треба откако ќе ги примам да доставам во фондот?
Најс ти треба извештај од државен трансфузиолог или специјалист гиниколог од гак или чаир за да рефундираш, и потврда од матичен дека си ги примил.
потоа со извештајот, потврдата и фискална во фондот? каде може да се аплицираат , во стомак не можам бидејќи ми е голем
фискална со сметкопотврда од аптека, копја од трансакциска сметка, едно барање во фонд и на све правиш копии и во фонд се носат. Аплицирај во спољер.. види кукот коската и према назад малку во мекото, подсврти се и штипни стави малку игла немора и цела и полека вбризгај.