Здраво девојки, сакав да ве прашам оние кои одите на редовни контроли на бременост кај Др. Јани, јас прв пат ќе одам. Дали одите со готова лабораторија од предходен ден или таму ви земаат крв, би требало ли да отидам порано за да може да се изработи. Имам термин во 11:45 па не ми е јасно ова. Фала ви
Одиш на терминот кај др. Јани, те прашува која недела си, каква е состојбата на ехо, протоци, хематоми... потоа ти дава тој да испиташ ддимери и фактори на хемостаза и ти кажува врз основа на резултатите ќе одреди терапија, а извештајот истиот ден ќе можеш да го видиш на Мое здравје апликацијата или кај матичниот гинеколог.
После пороѓај кога проверивте пск д димери ? Јас на испис од болница, намалени беа некаде 1050 инаку една недела оред да се породам беа 1670 Да си проверам пак сега на месец шо викате ?
Здраво, тие што имате испитуваnо mthfr, дали сте испитувале дополнително и lupus anticoagulant i anticardiolipin антитeла
Здраво, ме интересира како е процедурата за испитување на мутации. Еднаш сум била кај Елена Петковиќ со дијагноза варикозни вени од општ матичен, ме врати со објаснување дека немам индикации и дека не требало со таков упат. Тоа беше 2020 на почеток на короната. Отидов бидејќи имав претходно прекината бременост со структурна аномалија на плодот и сакав да испитам сѐ. Во меѓувреме останав бремена пак и на своја рака си земав дополнително метилфолат од 1000. Бременоста беше успешна. Пред скоро време, трета бременост ја прекинав поради трисомија на плодот. Знам дека овие настани не се поврзани меѓусебе и немаат врска со мутации за тромбофилија, но сакам да испитам сѐ што е можно бидејќи немам сила да изгубам уште една бременост, а многу сакам уште едно детенце. Прашањето ми е: дали матичен гинеколог може да ми закаже за боцкање во лабораторија таму или треба да ми закаже кај некој доктор на трансфузиологија па да ме прати на испитување? Бидејќи ако ми закажи кај трансфузиолог мислам дека пак нема да ме пратат да испитувам. И дали е со термини или можам кога сакам да одам? Какви испитувања да му побарам на матичниот да ми напише на упатот и ако треба дијагноза, со која шифра?
Ќе си побараш од матичен гинеколог да ти даде упат за на трансфузиологија за да испиташ MTHFR. Резултати мислам имав после 2 недели или еден месец, пред оваа бременост имав еден спонтан, мене без проблем ми даде матичната упат. Упатот ако не се лажам важи 30 дена, не сум сигурна ќе си прашаш, не се закажува, одиш и те боцкаат.
Зедов упат денес. На него пишува повеќе анализи (ANA,AFA антитела, лупус антикоагулант, хемостсза, ддимери, HLA типизација…) и пакет тромбофилија. МTHFR спаѓа во тој пакет нели? Кажав на матичниот дека кога ќе стигне резултатот ќе барам да ми закажат трансфузиолог за мислење. Во ред е така? Инаку 1 недела важи мојов упат бидејќи е упат без термин, за во дијагностичка лабораторија на трансфузиологија
Не, ама ќе правиме. Чекам термини да пуштат, многу ретко пуштаат. Ако не успеам да закажам во наредниов месец дена, тогаш ќе одиме Систина. А што ако е лош кариотипот? Што следува потоа?
Ништо. Нема како да помогнат тука, може само да се знае дали има измени. Ако има некои отстапки ќе ви предложат инвитро со испитани ембриони.
Дали знаете дали фондот дава ваучери за ин витро со таква дијагноза (лош кариотип)? Бидејќи кај нас сѐ друго е во ред и немам проблем со забременување. Или ќе треба сѐ на приватно да правам?
Знае докторот што да напише за да ви одобрат за ваучер ама полека. Прво направете кариотип, не мора да значи дека нема да биде во ред.