Здраво, Прва бременост ми е и поради хематом неколку пати имав крварење, сега сум 16 недела, но читав дека причина за хематом може да биде и тромбофилија, и дека постои ризик од загуба и подоцна не само во првите три месеци, матичната не ми даде упат да проверам, но некако ми е на мисла и многу сум загрижена, дали некоја со хематом правела вакви испитувања, би ги направила и приватно, но што точно да проверам и каде? Ви благодарам
Здраво Mum1234 Јас би ти рекла да инсистираш или од кај општата матична или од кај гинекологот, ма да не сум сигурна дека гинекологот може, да земеш упат за трамсфузиолог. Лично не сум имала проблем со хематом, среќа и не сум стигнала до таму да ми се види хематом на преглед. Но заради лошо минато, неуспешна бременост чистење со киретажа и биохемиска бременост и три ивф неуспешни, инсистирав на упат , и да излезе дека имам тромбофилија и дека мора да примам клексан и аспирин. Секако откако се изнаплакавме со сопругот 7 години за малечко. Сепак на бебче му треба кислород и секакви хранливи материи што ги добива преку мајките односно нашата крв. Не се оставај на можеби има или можеби нема потреба од терапија. Стави си маска на лице обавезно, заради гриповиве што почнаа да се шират и барај упати, проверувај анализи хемостаза обавезно. На крвна слика види тромбоцитите како се и ако можеш ко ќе се боцкаш за обична крвна слика , стави и Ддимери да видиш. Јас сега сум 18+3 и одам кај тројца гинеколози (матична и два приватно), ендокринолог (проблем со тироидна) и трансфузиолог (заради клексан и аспирин). Не се оставај на можеби е ова или можеби е она. Ти посакувам само да растете
Феминки, што бидна со терминиве за кај др Јани? Ноќеска проверив немаше, денес се е црвено а за некои денови има само во некој термин час … Човек да неможе на контрола да отиде. А да земам приоритетен ќе ме прими? Сте биле некоја така? Прима докторот со приоритетен ?
Бубаче, термините за Јани за ноември се пополнија уште минатата недела, вторник ги пуштија за 2-3 дена се пополнија. Секогаш е така за кај Јани, треба почесто да следиш. Ако ти даде матичната приоритетен, можеш така, да, ќе те примат меѓу пациенти, ама може ќе почекаш повеќе.
Околу 10ти секој месец вадат нови термини. Сега на 13.10 имаа извадено за ноември. Прати ги зошто одма се пополнуваат. За приоритетен не знам, јас имам прв пат закажано сега за ноември.
Авицена 4500 и на чисто си. Имаш опција и на трансфузиологија, па ги праќаат во МАНУ или сама треба да ги носиш или веќе не знам како ќе им истекне.
Прима со приоритетен но не е баш среќен. Сум одела кај Јани неколку пати исто со приоритетен и никогаш не се побунил. Понеделникот бев и уште од врата ми вика зошто не си закажала термин, сите доаѓате до приоритетен многу гужва се прави. Му кажав дека е невозможно да закажиш термин, а исто така ми кажав дека тој ми има кажано од позитивен тест за бременост да одам за да ми препише клексани. Како јас да знаев после толку години борба дека баш сега ќе забременам. После течеше разговорот најнормално но јас искрено ептен се разочарав. Освен тоа извештај не ми даде ми го прати кај матичен гиниколог, а нема ни потпис негов ни печат. Без потпис и печат не прават рефундација што значи па ќе морам кај него само ради печатот. Тешко на луѓето е со нашето здравство. А да и да напоменам чекав само 20 минути пошо тие што закажуваат термин не бea дојдени. Изгледа не му беше ден ама и мојот го упропасти.
Исто беше и со мене, имав препорака од Јани од позитивен тест да почнам со клексан, отидов без никаков упат, се најавив на шалтер со стариот извештај, почекав малку и ме прими измеѓу пациенти. Понатаму си чекам редовно и без проблем зафаќам термини, само треба будно да следиш од 5 до 15ти во месецот. На секој нареден преглед земам печат и потпис од него на извештаите. Земале и други за мене и јас сум земала за други. Испитувам хемостаза и ддимери и мора да ги почека тој резултатите за да напише извештај. Истиот ден ги прикачува на мое здравје. Јас па баш сум среќна што бев услужена без упат и од најбараниот доктор. Господ да го поживее Јани, сите не прима, а пациенти еден куп.
И со мене беше до сега така неколку години одам кај него и никогаш не кажал ништо. Не знам што му беше понеделникот. Ми кажувале луѓе дека и на фб одговарал што значи дека сака да помогне. Ама ете сите имаме денови кога едноставно се ти е преку глава. Очигледно јас во таков момент го начекав. Извештајот мене ми го напиша одма бидејќи веќе имам дијагноза. Таа не се менува бидејќи ни генетските мутации не се менуваат. Секако дека за нареден месец ќе си закажам термин.
и со мене последните 2 пати му се случи да не му биде денот и да проба нешто арогантно да ми се испонаша, ама јас си кутев, првиот пат исто беше зашо сум дошла со приоритетен, а вториот зашо не сум влега одма кога ме викнале очигледно на човекот му е смачено веќе, затоа што кога бев бремена пред 4 години имав сосема друго прекрасно искуство
Токму тоа сакав да го кажам не ми беше целта да го плукам по форуми ама знам за каков човек станува збор бидејќи сум негов пациент веќе 3 години. Сите сме од крв и месо па така и Др. Јани.
Девојки тие што имате мутација MTHFR хетерозигот каква фолна и б витамин земате? Мене ми препорачуваат фолна од 5мг преку еден ден и б комплекс. Обична фолна и б витамини. Некако не ми се совпаѓа со све што имам прочитано или нешто не сум разбрала како што треба.
Малку квалитетни доктори ни останаа и сите сакаме кај нив. Се создаваат гужви, се прават притисоци и се фаќаат врски од сите страни, и јас навиатина мислам дека на тие доктори им треба многу одмор и психолошка поддршка. Системот ги исцрпува, а сите зависиме од нив. За неколку години, нив ќе ги нема, ќе останат тие со врски што завршиле медицина, па ќе биде уште потешко. Треба да се биде свесен за ситуацијата и човек да не се налути одма ако докторот е нервозен дента. Како што рече, и тие се само луѓе. Ништо не мора лично да се сфаќа. На крај на денот, од пријатели во странство разбирам дека толку прегледи и внимание во бременост нема никаде како кај нас.
Метилфолат и метилкобаламин 1000мг од NOW, фолатот секој ден, метиллобаламиот преку еден. Кој ти препорачал 5мг па и преку еден ден, да не си разбрала грешно? Инаку, тие што сте на клексани, кога ви беше последен преглед за хемостаза и ддимери, во која недела? За после порагај да се примаат клексани, трансфузиолог дава препорака или гинеколог?