Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Јас се боцкав на своја рака уште еден месец сигурно после пораѓај, едноставно немав време да отидам на контрола.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kalianne

    Kalianne Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2025
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    77
    37 недела последно примив и докторката што ме водеше (и после ме пораѓаше) ми ги прекина клексаните. Се породив 39та недела. Додека бев во болница ми ги проверија д-димерите, околу 5000 мислам беа. Таму ме боцкаа и за дома уште две недели по два клексани ми препишаа, па контрола. По контролата, докторката ми ги продолжи уште една недела по еден.
    На ГАК се пораѓав.
     
    На intj_girl и Joanna28 им се допаѓа ова.
  3. Delilah90

    Delilah90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, во бременост колку ви се д димерите кога Јани ви дава од 1 на 2 клексани дневно?
     
  4. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    Не ги гледа само ддимерите, туку и хемостазата и тромбоцитите. Мене кога ме стави на два клексана имав ок ддимери но многу намалено аптт
     
    На Delilah90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kourtney

    Kourtney Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски

    Кој ви даде упут за Ману? Матичен гинеколог ?
     
  6. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Уште една битка изгубена. 3 спонтан. Јани ме клука со клексани и аспирини а докторката од Жан митрев вика не си никако за 2те или аспирин или клексан во комбинација никако.
    Геникологот од Њу борн се држи до мислењето на Јани, матичниот гиниколог го усвојува мислењето на докторката од Жан Митрев.
    Очигледно не ми ја погоди Јани терапијата во 5 недела димерите ми беа 300 тој упорно ми вика да продолжам со терапија.
    Морам да чујам 3то мислење. Психички веќе не се издржува ова лутање.
    Предложете ми добар трансфузиолог.
     
  7. teodorabella

    teodorabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Исто и јас :( и со првата бременост бев со мутации но пиев 6 месеци пред бременост метилирана фолна и мет. Б12 сега се случи неочекувано и постојано ми е во мисла истово и мене. Дали се консултира со некој доктор?
     
  8. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Во која недела имаше спонтан?
     
  9. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Првиот пат кога не примав терапија за тромбофилија имав во 10та недела.
    Втор и трет спонтан од кога сум тераписки покриена со метилирана фолна, метил б12, клексан и аспирин преку еден ден едвај до 6та недела ги износувам и толку.
    Исто да напоменам секогаш(2-3 спонтан) на ехо се гледа дека плодот лошо се развива, а првиот пат без терапија све си беше во ред имаше срцева ракција.
    Дефинитивно почнав да се сомневам на терапијата. Хсг направено, хистероскопија направено. Докторите рекоја матката е чиста како солза. Каротип направен, сопругот нема апсолутно никаков проблем 90% подвижни сперматозоиди.
    Кој е пат да го фатам не знам веќе.
     
  10. Лејлаа2

    Лејлаа2 Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да, матичниот гинеколог, ама ми испитаа само тромбофилија. И ми рекоја од таму дека требало да биди на упутот посебно наведено ако сакаш за ген.мутации за кој, оти имало многу. И бидејќи јас немав наведено конкретно кој не ми испитаа никакви мутации, само тромбофилија.
     
  11. Felix Anima

    Felix Anima Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има некоја членка овде искуство со Плодност Битола и Органџиски Штип да пише јас многу пофални зборови и добри резултати имам чуено од блиски.
     
  12. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Дали првиот пат забремени природно или со ин витро? Колку години си имала тогаш? Не е проблемот во терапијата за тромбофилија, проблемот е во нашите доктори ивф гинеколози. Оди во Солун, таму некако “магично” ќе немаш никаков проблем да ја износиш бременоста до крај.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bube15

    Bube15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Дали некоја боцкала клексани пред бременост? Додека се обидувате?
     
  14. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Кога ќе слушнам за изгубена бременост заради погрешна терапија….се згрозувам. Се вознемирувам и лошо ми станува. Го поминав тоа и јас, изгубив бебче што правилно се развиваше, бавно и со уназадување временско ама генетски беше во ред. Нифти си покажа дека е во ред без синдроми. Само заради непримање терапија од клексан и аспирин не добиваше доволно нутриенти преку крв и постелката не го исхрануваше доволно и така… кај мене проблемот беше во непримање терапија за тробмофилија.
    Сега, оваа бременост, фала му на Бога, се е во ред, примам клексан секој ден откако го видов тестот дека има две цртки, сама си почнав од тој ден, и примам аспирин на секои 4 дена. Јани ме води. До душа незнам како ме води кога од мене само добива вредности од лаб од хемостаза, па ги гледа, па прикачува извештај на мој термин. Ме нема видено вкупно за 6 месеци ни 6 минути. Али добро е, стигнавме до втор скрининг. Со Господ напред…
     
    На Joanna28, Rozevata и MB993 им се допаѓа ова.
  15. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    Јас одев кај док Нинослав Велјановски во Систина трансфузиолог.Многу добар док .Не мораш да правиш анализи систина прифаќа анализи и од државна болница.Однеси му ја целата документација ако ти треба 2ро мислење.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    Јас пиев редовно аспирин пред бременост поради тромб и генетски мутации,а со позитивен тест клексан и аспирин на 12ч разлика.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Првиот пат бев бремена природно, и вториот пат исто така. Првиот пат имав 28 или 29 години. Досега не сум имала инвитро, имав само инсеминација.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Можете ли да ми кажете дали ќе ги прифати резултатите од Авицена?
     
  19. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    Мене ми викаше само авицена не.Ама ако однеси ,ако нешто треба да правиш пак ќе си направиш државна.Јас носев крвна слика ,ама хемостаза преферира од државна.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ме пратија кај доктор Дијана Плашевска Каранфилска во Ману.
    Дали некој има искуство со докторката?