Im pisav email i mi vratija deka nemale reagensi,za dve do tri nedeli ke bidele gotovi rezultatite. I jas zvonev pa dobiv i mi kaza ke ti vratime na emal. Bidejki i mene ne mi se kompletni rezultatite
Ооф, одлично. Фала ти на инфо. Одвреме-навреме поминувам од таму, ако и кога ќе ги начекам готови ќе ти пишам да знаеш.
@Lovebug01 @TeddyBear_22 Ако не најдете термини, одете во Понеделник со приоритетен, јас бев, ме прими мене.
Од приватна клиника, каде ве праќаат на државно за да ви препишаат клексани на извештај со цел за рефундација? И кои документи ги носите? Позитивен тест, извештај од докторот од приватната, ехо снимка, испитување за мутации, друго нешто треба? Не знам, крвна слика, д-димери? Веројатно со приоритетен упат, се чека многу? Кое време е најдобро да се отиде?
За да рефундираш клексани ти треба извештај од трансфузиолог од државна или на гак да одиш да те прегледаат за да ти дадат извештај.Нема да ти прифатат со извештај од приватна клиника.Закажи преку матичен гинеколог .
Бев кај матичната, немало термини за брзо единствено со приоритетен. Ама сакам да знам што документи да однесам, да не биде залудно чекањето по ходници и да ме вратат дека нешто фали. Се носи испитување за д-димери? Или само позитивен тест, генски мутации, и извештај од докторот каде е напишана терапијата?
Ако имаш Ддимери анализа со хемостаза да не те боцкаат пак.Земи ги и извештајот и генетските мутации на трансфузиологија ако одиш ќе бараат.
Јас на ГАК идев за клексани да ми препишуваат, во амб 36, за таму секогаш имаше термин за брзо. Резултати од д-димери и хемостаза ми барале секогаш и генските мутации.
Здраво женски, дали некоја го има истиов резултат како мене, хетерозигот МТХФР 1298, хомозигот Паи-1 и МТРР? Прв пат испитувам после спонтан, не ги разбирам баш. Дали би имало потреба од некоја терапија со овие?
Ти благодарам. Дали на секое одење носиш нови резултати од д-димери и хемостаза? Јас имам од септември месец. А сега сум на терапија со клексан цел месец, па ако направам нови секако ќе има влијание врз резултатите?
Еднаш месечно нови резултати. Тие од септември сега никакво значење немаат. Без разлика што примаш клексани, треба да се следат д-димерите и хемостазата. Обично таква е и праксата во бременост, еднаш месечно да се проверуваат.
Така, логично... Аман со одењето по ходници, за едни клексани секој месец истово...Да не знаете во Србија која цена се? Ако се нешто поефтини подобро ќе земам за 3 месеци со едно одење, пак иста математика ми испаѓа. Овде да си рефундираш од држава пари низ нос ќе ти излезе
Мене многу стрес ми правеше тоа, на крај откажав рефундација, не дека беа малку пари ама налет и пари кога дремев по ходници, гужва а јас и онака паничар..
Хомозигот MTHFR C677T (TT), MTRR A66G (GG). Хетерозигот B-Фибриноген (-455 G>A), Factor XIII (V34L), MTR A2756G. Некој нешто да ми кажи, совет?
Дефинитивно консултација со трансфузиолог. Не за исти мутации, ама слични, препишана ми е терапија. За државно имам искуство со Елена Петковиќ и топло ти ја препорачувам.
Јас имам слични, пијам константно Фолна к-на од 1000, Б12 таблети и до пред бременост Аспирин од 100 преку еден ден. Во бременост од прв ден Клексан двапати дневно,а на пладне Аспирин од 75 мг секој ден. Ова беше терапијата што мене ми ја дадоа. Воедно имав MTHFR мутација и PAI 1.
Фала ти на одговор. Се консултирав со Јани веќе, ќе пишам и јас што ми даде во случај некој да му се погодат истите како моиве Примам б12 од 1000 секој ден, фолна исто од 1000 секој втор ден и во бременост ќе треба клексан. За аспирин ми рече нема потреба кај мене.
Колку долго е дозволено да се прима б12? Дали правите пауза? Мене исто др Јани ми рече да примам аспирин, б12 1000мцг, метилфолат 1000мцг. Од позитивен тест на бременост клексан ќе треба.
Јас на три месеци го проверувам. Еднаш ми беше многу висок над 1000 и Јани ми рече пауза да направам од еден месец, да проверам пак па да продолжам. Така и направив.