Колку време пред царски ви го прекинуваат клексанот? Мене матичниот ми кажа толку, доволно е уште тие што ги имаш, кога ќе ми завршат ќе бидам 36+2. Некако страв ми е да не е многу рано, сигурно во 38 ќе ми го закажат. Ќе зборувам и со докторката што ќе ме пораѓа, да видам што ќе каже
12 часа пред порѓај ми кажаа мене, така и беше, се боцнав вечерта наредниот ден се породив во 38ма недела.
Девојки дали знаете др.Јани освен понеделник дали прима пациенти и други денови? Утре пример, дали би успеала да го најдам во амбуланта? Ми треба да ми препише клексани, а нареден понеделник дека е неработен и не знам што да правам..
Види на мој термин кога е мислам дека 2 дена е доле,а остатокот горе во амбуланта по скалите.Ќе ти изреагира зашто си дошла ,знае да биде незгоден ама се ќе ти среди.Трпение само .
Ве молам за совет, имав срцева реакција во 6та недела, на следен преглед за жал немаше. Што треба се да испитам за да недај боже повторно се повтори нема да можам да го пребродам..
Упат од матичен во ману панел за неуспешни бремености почни од таму па после едно по едно.Пиши ми лп ако треба повеќе инфо.
Дали трансфузиолог ќе ми прифати 3 недели стар извештај од хемостаза? Бидејќи за тогаш успеав да закажам, бремена сум па за консултација
Дали некоја што е хетерозигот, наместо веднаш од позитивен тест со клексани, има почнато од 6та недела, односно од кога ќе се види плод? Што ако почнеш од 6та недела со боцкање,наместо веднаш?Сите доктори со различни ставови.
јас со првата бременост почнав од 6та, а имам и хетеро и хомозигот. Со оваа од 8ма, така најдов термин.
Јас, од 6та до 8ма бев со аспирин и после 8ма почнав со клексан. Еве терам скоро 22ра, на месец дена си правам димери и хемостаза, до сега се е во ред и со протоци на крв и бебе си расте согласно неделите
Бидејќи со првата почнав веднаш од позитивен, а сега докторката сакаше да види прво плод, а мене некако страв ме фаќаше да не се случи нешто бидејќи не почнав веднаш.
Јас претоходно ми давале исто од позитивен тест ама за жал ни една од тие бремености не успеа, еве сега е сосема друга приказна. Ако не си мирна прашај ја барем аспирин да пиеш додека да те види на ехо
Дали од кога останавте бремени бевте кај доктор Јани на контрола и кој испитувања ги правевте? Јас примам метилирана фолна и аспирин кога забременив му пишав веднаш ми вклучи и клексан, и рече ќе дојдеш ке видиме. На трансфузиологија кога бев ми зедоа крв и анализа на генетска мутација за тромбофилија што и веќе го направив пред да почнам со метилираната фолна..и пратив друга личност со резултат кај него и крва слика на мое барање бидејки прокрварев.. дека д-димерите ми се 130 во прво тромесечие и ми рече по препорака од гинеколог ако смета да се продолжи клексан а аспирин исклучи сега, и секако матичен е на две и вика продолжи ја терапијата…Имам контрола кај него наредна недела дали повторно нешто ке ми ипитуваат или дали да барам јас нешто дополнително совет ве молам
Како пиете терапија тие што сте со 2х0.4 клексани и аспирин? Јани ми пишал на извештај аспирин преку еден ден, а матичнава ми вика секој ден. Вториот клексан ми го воведоа сега и не знам како да ги распоредам по саати… Во систина на почетокот ми кажаа дека од аспиринот до клексанот треба да има 12 саати, матичнава вика боцкај клексан во 7 и во 19 и аспирин во 22.