1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа лани во Систина а и овде на форумов имам прочитано, сабајле и вечер клексан, напладне значи измеѓу, аспирин.
     
    На Chak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Измеѓу дцата клексана 12ч разлика .1час да касниш или порано не е проблем.Аспирин измеѓу двата клексана 4 до 6часа од примен клексан.Како ти кажал трансфузиолог така прави сепак он е стручен за таа терапија не гинеколог.
     
    На Chak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ќе се мрднам од памет веќе… матичнава заради лакуни на постелка ме прати кај Јани за мислење за втор клексан и Јани ми пиша сега на новиот извештај 2х0.4 клексани.

    Денес бев на втор скрининг кај Димчев, ме гледаше што ме гледаше и ми рече се е ок. Не ми ги ни спомна лакуните и тогаш му кажав што ми рекла матичната и што Јани ми препишал и ми вика глупости дека било тоа и дека според него нема потреба да примам уште еден клексан. Ми објаснуваше за лакуните што се и дека во мојов случај не се никаков ризик зашто со бебе е се во ред. Според Димчев, клексаните биле давани без потреба на трудници. Исто така, матичната ми рече дека сум имала многу плодова вода повеќе од што треба и дека бебе е напредно за една недела, а Димчев вика врска нема се е во ред со плодова вода и со недели си точно.

    И ај сега по што да се водиш, од една страна матичнава моја врска, со два спонтани сум претходно, и затоа одам во Систина, а од друга страна ми е шубе ако не го примам вториот клексан. Имал ли некој вакво искуство ? :sweat:
     
  4. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Реално трансфузиологот ти дал два клексана ако си му спомнала и што ти кажала матичниот гинеколог.Дали правеше ддимери и хемостаза може стварно треба 2 клексана .Можеш да му кажеш на Јани што ти кажал Димчев па може ќе смени.Ама сепак трансфузиолог е тој што е стручен за терапијата не Гинеколог.Јас водам бременост Систина ама сум и трансфузиолог Систина .Во мојот случај не се меша гинкологот вика како ќе каже трансфузиологот.
     
  5. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Да правев пред да одам кај Јани и му ги однесов резултатите ама не ги ни погледна. Сега не знам дали ги проверува и дали ги гледа кога го пишува извештајот или само врз основа на тоа матичната што ми кажа ми го даде и вториот клексан. Ова ми се рез од последното испитување и за овие резултати матичната ми рече дека се океј.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2545.jpeg
      IMG_2545.jpeg
      Големина на фајлот:
      296,1 KB
      Прегледи:
      24
  6. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Да резултатите се добри,ама се вклучува што глесаат и на ехо.
     
    На Chak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за одоговориве :) Сепак повеќе му верувам на Димчев за прегледот отколку на мојата матична.
     
    На Veci@123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Имам извештај од Јани од пред некој месец за терапија пред и кога ќе дојде до бременост. Од денес ќе почнам со клексан земен на приватно, дека вчера имав позитивен тест. Поради тоа што нема термин кај Јани, матичната ми закажала за една недела кај Анита Христова Димчева на трансфузиологија. Е сега кај неа треба да испитам хемостаза? И таа би ми дала извештај за клексани? Некој искуство со неа?
     
  9. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Честитки! :) Јас бев во иста ситуација, купував клексани на приватно на почеток зашто немав термин за кај Јани додека не ме прати матичната на ГАК (мислам во соба 36) и они ми дадоа извештај за 30 клексани за да можам да поднесам за рефундација. После си закажав кај Јани и он тогаш ќе те прати да испиташ хемостаза и Д-дмери.
     
    На Mumoftwo30 и Lor им се допаѓа ова.
  10. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Фала ти ❤️ колку време помина на почетокот пред да се консултираш со него? Ќе го задржам ај упатов за следна недела, ама следното одење дефинитивно ќе барам кај него. Како што читав секој месец де прават тие испитувања за хемостаза и Д димери?

    Настрана од ова, само што го боцнав првиот клексан во стомак, многу шубе чувство :D алал да ви е на сите што сте ги поминале сите месеци. читав и во нога можело, каде поточно? Во рака баш не можам, немам салце
     
  11. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Јас имав исто извештај од него, поради претходни спонтани, дека треба да примам клексани од позитивен тест и уште од 4та недела се боцкам, а кај Јани и дури успеав да закажам во 12та недела и тогаш правев хемостаза.
    Побарај си упат за на ГАК за да ти дадат извештај уште од сега за клексани за да можеш да си ги рефундираш зашто јас си ги плаќав приватно скоро 2 месеци :|

    Јас на почеток се боцкав во рака ама многу модрици имав и ме болеше а и ми беше шубе дека не го ставам правилно и почнав во стомак. Во стомак не ги ни осеќам и немам ич модрици. Ќе се навикнеш :)
     
    На Lor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Carebear28

    Carebear28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Јас исто имав од Јани извештај уште пред да останам бремена за клексаните, и цело време се водев според него. Сега во бременост сум со клексани од 8ма недела, на секој месец дена одам на проверка ( димери и хемостаза), до сега два пати бев на трансфузиологија кај др. Лаура и вчера прв пат на ГАК во амбуланта 36. Јас си се држам до тоа што он го има пишано и заедно со другите резултати одам на преглед, ми продолжуваат цело време терапија, фала богу и бремноста си тече нормално. Мој совет е да си бараш и термин за на гак затоа што на ехо ја гледаат постелката и протоците, што е доста битно за нас во ваква ситуација. Покрај ова редовно испитувај димери и хемостаза за да бидеш посмирена.
    Ти поскаувам лесна и здрава бременост ❤️
     
    На Lor и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Фала ви многу. После упатов, ќе пробам да закажам и на Гак, веројатно уште е прерано да се види нешто. Реално многу рано го фатив позитивниов, вчера бета беше 103, а според апликацијава утре почнувам четврта недела. На прво ехо сум на 26ти.
    Од кај докторкава на трансфузиологија исто може да земам извештај за клексани? Или мора на Гак?
     
  14. Chak

    Chak Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Да може и од трансфузиолог.
     
    На Lor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Carebear28

    Carebear28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Можеш да, ама од таму препорачуваат да те види и доктор на ехо, и може да ти каже од следно да си одиш на гак. Мене докторкава на трансфузиологија ми се погоди ептен фина, ама имам читано тука по форумов дека има некои што трудници препраќале директно на гак.. во секој случај ако сакаш повеќе сигурност можеш во било кое време кај Јани со приоритетен, он ги прима сите ама мој совет ти е да си правиш и редовно ехо :)
     
    На Lor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rovin

    Rovin Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво!
    Јас сум хетерозигот ПАИ-1 и МТХФР, имам историја со 4 години неплодност, првата година имав Blighted Ovum. Земам метилирана фолна и Б12, а од позитивен тест со совет од Др. Симонида боцкам и клексани 0.4 секое утро.
    Сега сум 13 + 5 гинекологот и трансфузиологот кажаа дека доколку сакам клексаните може да ги прекинам. Малце ми е страв, имате искуства со прекинување толку рано?
     
  17. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас примав Клексани 0.4 и ги прекинав во 13-та недела со препорака од ИВФ докторот. Ги споделувам моите резултати. Терапијата ми беше дадена од ембриологот, од денот на трансферот (ФЕТ). Аспирин примав до 36-та недела.
     

    Прикачени фајлови:

  18. Rovin

    Rovin Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, ти благодарам на одговорот. Одлучив да ги прекинам, аспирин не ми спомнаа дека има потреба. Ќе видиме како ќе се одвива сѐ.