I mene istoto mi go kazaa deka nema potreba, ama jas go slusav transfuziologot koj mi kaza da gi primam i gi primav kleksanite iako vo Grcija mi kazaa deka ne treba.
Колку може да се задоцни со клексан, се заборавам да го прашам докторот. Знам дека треба секогаш во точно часот ама што ако се задоцни 15мин, пола час?
Здраво девојки дали некоја од вас имала вакви генетски мутации, т.е тромбофилија колку што сватив, 7 недела сум трудна, се боцкам еднаш во денот клексани ама ме фати многу страв од оваа дијагноза, ако има некоја искуство ве молам споделете
Сега дека ти е на почеток малку ти е шубе со боцкањето, после ти станува рутина од две секунди за која се мислиш само да не ја заборавиш. Јас кога дознав дека имам мутации не бев ни бремена и ми кажаа клексан кога ќе сум бремена, дома направив ука бука како крај света да е. Сега си се чудам на паметот на реакцијата а реално ништо нема страшно а и ретко кој нема мутации. Јас ,, немав" се додека не се испитав, во првата бременост поима немав. Уживај во бременоста и гали меше
Оваа дијагноза секој што ја испитал - ја има. Ништо страшно. Јас боцкав клексани цела бременост и тоа е тоа. Се заврши како што треба
Девојки тие што сте испитувале кариотип и генетски тромбофилија на клиника во скопје колку време се чека резултат и на кој начин се зимаат резултатите мора лично? Ме интересора бидејки не сме од скопје дали се исплака да барам термини или да испитам на лриватно
За кариотип не знам на државно, но за генетски од клиника мора да се подигнат. Обично за 2 недели стигнуваат, мене ми се погоди да снемаат реагенс па чекав уште 1 недела плус.
За генетска тромбофилија ( генетски мутации) за ден, два резултати а истите ги имаш и на мое здравје апликацијата, за тоа одма даваат упат. За кариотип на ГАК прво тешко се наоѓа термин, може да нема за наредните месец, два а и резултатите се чекаат мин 2 месеци Приватно кариотип прават њуборн околу 9.000ден за двајца и систина околу 12.000 ден, додека државно беше 700 ден пред две години.
За кариотип на државно имав среќа веднаш да најдам термин. Сега видов дека за ноември се зафатени, но чекај ги за декември, отворај на мојтермин секој ден од 1ви ноември и ќе фатиш, ќе се јавиш веднаш на матичната и ќе фатите. Резултатите ги чекав 1.5месец, беа готови и порано но чекав печат и потпис па тука се задржаа малку.
Њуборн ми кажаа 9.000 за еден за систина 12.000 за двајцата партнери.. Немам време толку за чекање најверојано на приватно ќе направиме.... за мал се на државно е ск а ние што не сме од ск уште покомплицирано .. Во секој случај фала ви на одговорите на сите
Како се со цени на државно Мајка Тереза, во петок треба да направам испитување на генетски мутации да знам од прилика колку би било?
Цел пакет со хемостаза, димери и мутации беше 2700. Исто, носи си кеш, немаат со картичка на трансфузиологија. Ова за небремени, за бремени може и бесплатно да е, не знам.
Девојки вие што боцкате клексан во стомак на кое место го ставате колку далеку од папокот или настрана? Јас досега во рака ама почна многу да ме боли и сакам да преминам на стомак само не знам во кој дел
Јас во рака никогаш немам боцкано сама се боцкаш? Инаку 3 прста лево и десно од папок се боцкам, малку во свиткана положба, земам дел и боцкам.
Дали вашиот матичен гинеколог може да ви препише „Клексан“? Имам стари извештаи од трансфузиолог; ниту мутациите, ниту терапијата нема да се променат во мојот случај. Летото, трансфузиологот ми рече дека веќе се стемнило и дека имале многу работа, па додаде дека и мојот гинеколог можел да ми го препише лекот. Не знам дали е тоа само изговор за да се намали бројот на пациенти или навистина е така. Секаква помош би ми била добредојдена.
Дали некој се има боцкано клексан на сам почеток на бременост со хомозигот MTRR и хетерозигот F13 FGB PAI -1 MTHFR677