Јас ке испитувам кај Кочо, на презимето не се сеќавам,( мислам Димитриев) имам ли среќа да е еден од тие двајца
Кочо е стар доктор.Си има негова приватна лабараторијакај универзална сала.Јас пред неколку години кога бдв кај него апсолутно еден збор не ми изусти и не ми кажа,а сега каков е незнам.Ако отидеш приватно кај него може и ќе каже нешто.Стварно незнам
Во другите градови врска немаат за тој проблем или не им е воопшто познато или не сакаат да се замараат. Не знам што да речам. После спонтаниот никој не ми посочи дека тоа може да е проблем, сите беа со објаснување така требало да биде. Дури матичниот не сакаше ни упат да ми даде за трансфузиологија, наводно немало потреба. Нормална работа биле спонтаните абортуси. На мое залагање се до крај да испитам, за да не ми се повтори истото, испадна дека тука е проблемот.
Во помалите градови, и не испитуваат се што се испитува на трансфузиологија во Скопје. Јас зборував со нашиот трансфузиолог, ми рече дека и во случај на бременост мора во Скопје за контроли, баш поради тоа што многу работи тие не се во состојба да ги испитат.
Оди си ти во Скопје, за сигурно, и ако не можеш да најдеш слободен термин, пробај со приоритетен упат од специјалиста гинеколог или трансфузиолог од твојот град. Јас секогаш со приоритетен завршувам работа. Само распрашај се како одат сега новите упати, порано приоритетниот важеше до три дена, сега не знам како е.
И на приватно Кочо е тежок на зборови. Јас бев кај него пред десетина дена за раздвојување на АФА. Искрено само повеке ме збуни. Др. Елена Петковић ми рече аспирин од прв ден на трансфер, а тој ми вели со овие резултати не ти треба воопшто аспирин. Дури и прв и втор семестер можеш да истериш без аспирин. И сега цела сум во прашалници?
Jas pak od sk od taa edna nikolovska jovanka mislam bese I od koco dimitrovski ic ne sum zadovolna toj koco e tolku aroganten nema dodeka
Можеби од докторите не си задоволна, ама на клиниката за трансфузиологија може да се испита се и сешто. А помалите градови го немаат тоа.
Здраво женски, да прашам дали некоја од вас пие метилирана фолна од 1000 микрограми, јас сум хетерозигот за мутација МТХФР Ц677Т и А1298Ц така што д-р Петличковски ми препиша метилирана фолна со вит. Б6 и Б12 метилирани како и аспирин од 75 мг.Јас ги најдов овие на сајт па ме интересира дали некоја од вас ги пие и дали ги има во Србија да се купат.Фала однапред https://naturalfactors.com/product/biocoenzymated-methylfolate-plus-methylcobalamin-b12-1000-mcg50-mcg/#
Мила, јас кога ги зедов резултатите отидов на Институтот за Имунологија каде што тој има канцеларија,човекот е супер бизи ама го начекав од сабајле во 8 и пол.Тешко дека може да се дојде до термин.Јаас кога ме пратија од амбулантата да ми напише што треба да испитувам буквално му упаднавме на испит и он излезе да ни каже што како треба.Термин само за амбуланта ама што ти врши работа термин кога пак мора да се дојде до него или до Дејан Трајков кој е моментално во странство.Така да оди на институтот и таму ќе го најдеш.Позрав
Човекот е многу добар, и без упат прима и објаснува се. Треба да се носи се што се има испитано. Ако нешто друго е потребно да се испита те препрака во црвената барака. Може и со упат, постојано има слободни термини кај нив.
Да во право си, многу добар човек, смирен и објаснува добро, штета што му ѕвонеше мобилниот цело време и го прекинуваа, најверојатно така ми се погодило на мене.Не е проблем да се дојде до него без упат
Ние го начекавме ко отидовме за испитувањата,во црвената барака,човекот е звер,сите таму беа мн фини,емпатични и услужливи,имавме погрешен упат за кај нив за кариотип,тој лично се јави во детска клиника и ни среди да не примат истиот ден за да не одиме Ск пак и да чекаме термини. Штета не го најдов сега ко ги земав резултатите. Инаку барав термини за кај Јани и Елена и немаше,најдов врски за кај Јани,му ги покажаа резултатите и ми даде метилирана фолна 1000мг секој ден и аспирин 100 секој ден,ќе пробам и да се видиме ако успеам,ми рекоа ќе ме вметнеле.
Која метилирана фолна ја пиеш? И јас треба да пијам од 1000 микрограми,а Петличковски ми рече да одам да се консултирам и со Јани,бил многу добар како доктор,ќе пробам и кај Елена да видам и она е стручна доста
Почнав само со аспиринот,фолната ќе ми ја пратат од Америка,нз каква ќе бидит точно,ќе ти пишам нахнадно.
Пиши кога ќе ја добиеш, не знам зошто кај нас нема метилирана фолна да се купи, туку треба да праќаме луѓе да ни донесат,кога веќе толку многу се користи со овие мутации?!
Здраво @Sienna_MK , јас ја пијам истата фолна со Б12 и ја набавувам од Бугарија. Хомозигот сум на МТХФР Ц677Т. Испитувања правев и на трансфузиологија ( др. Јани) и на имунологија (кај Петличковски).. Кој ти ја препорача таа терапија и дали планираш бременост или веќе си бремена? Б6 исто треба да биде метилирана форма..