Значи јас треба да платам уште 2400 ден за царина?! Каде го плаќаш тоа?Тебе ти стигнале за 4 дена пошто си платила плус 12 евра.Вака со 2400 многу се фака за една кутија
Искрено немам,ама и овие што ги порачав се добра комбинација од метилирана фолна од 1000 микрограми и Б 12 од 1000 микрограми,не знам дали во Србија или Бугарија ги има во комбинација?!
Па јас платив толку на курирот од ДХЛ, бидејќи се согласив да ми посредуваат, 1400 се за нив и 1000 за царина, апчињата не се скапи но доставата излезе 2 пати поскапа од апчињата, среќа што нарачав 2 па сега имам за 4 месеци. Иначе до пред тоа ја користев на Натурал факторс од бг, фолат 1000 и б12 од 50
За тие пари ќе отидам до Бугарија, ќе купам витамини и ќе се вратам. Има автобуси до Ќустендил или друг некој град преку граница. Во сите градови ги има витаминиве. Ем прошетка, ем витамини. Ја претерале од ДХЛ
На трансфузиологија испитуваат само 4гени за вродена тромбофилија а на имунологија 17 гени за вродена тромбофилија
Треба упат,околу 750 денари беше.Порано мораше да однесеш извадена крв бидејќи они не вадеа.Сега незнам како е.Сврти им утре прашај ги се ќе ти објаснат,многу се фини и нема ама ич гужва.
Сеуште е така а на времево и не е баш да ја нпсиш крвта... најдобро упат за имунологија таму прават најмногу испитувања...