Јас ги правев сите испитувања за антитела, писле мисед абортус во 21 недела, со причина да откријам што била причината. Ги правев прво на имунологија заедно со генетски.. излегоа позитивни и АНА и АФА и мутавија на МТХФР генот.. па прсвев раздвојување и одтаму на реуматолог.. Се испостави дека имам некое автоимуно заволување.. засега се водам со дијагноза лупус и примсм терапија со Плакенил, што ја почнав 6 месеци пред повторно да останам трудна.. Тоа е за АНАта.. за АФА земав аспирин пред да останам трудна и редовно се боцкам со клексани од сама почеток на бременост.. Сега сум 16 недела и правам редовни контроли на трансфузија за АФА и на реуматологија за лупусот... Ако можам да помогнам со било каков одговор и совет тука сум...
Тие што имате MTHFR хетерозигот мутација дали е потребно цела бременост да се боцкате со Fraxiparine ili Clexani?
Јас сум со хетерозиготна мутација на МТХФР. Мене никој не ми рече да се боцкам со heparin цела бременост. Сите ми објаснија дека од сите мутации таа е најлесна и не е баш поврзана со спонтани абортуси. Примав пред бременост само аспирин како заштита бидејќи имав и други параметри малкуп покачени (протеин S) и плус фолна киселина. Во 14 недела прв пат отидов на трансфузиологија и од таа недела примав клексан прво по еднаш па потоа по два пати дневно се до едно четири недели по породување бидејќи имав високи д-димери и ниски времиња на коагулација.
Мене само анти SSA ro ми е 7пати зголемено и анти DSDna малку над нормалното. И ми рекоа дека не сум уште за терапија со плакенил. А како што читав на нет анти SSAro можеле да предизвикаат срцев блок кај бебето. Бев во Систина од таму докторот ме праќа на други испитувања ама и тој се води на тоа дека можно е да е лупус но не е за терапија сега за сега. А после два спонтани сакам да идеме на трет пат но незнам што со антителата. Успат и со Хашимото сум веќе 7 год. Ако можеш да ми кажеш тебе колку ти беа покачени тие антитела за да ти дадат терапија. Фала ти
AntiDsDNA ми беа 4 пати над нормалата, мислам дека најмногу ради нив почнав со терапија, а AntiSSa варираат но не се мн зголемени.. Но они знаат после 16 недела кога започнува да се формира имуниот систем на бебето да интерферираат, навлезат во плацентата и да ги оштетат нервите што го пренесуваат срцевиот импулс, со што може да настане блок.. Затоа овој период се препорачува следење на ритамот на срцето преку фетална ехокардиографија.. Јас бев во 16 недела.. а со дијагноза лупус сум од септември од кога почнав со терапија со плаквенил..Истовремено ми се зголемени и Антифосфолипидните, за нив земам аспирин и сега во бременост клексани. Побарај ја др. Дубравка Антова, она е доста упатена за бременост со лупус испитајте ги уште еднаш.. Провери си ги и АФАта.. Во која недела ти беа спонтаните?
Фемибион 2 пијам сега исто по 2 наеднаш и плус омега има во нив, по три таблети на ден ми идат. Поскапо ми доаѓа вака, за 12 дена имам од витамините, а омега ми остануваат.
Јас сеуште го пијам фемибион 1 докторот ми рече уште малку да го пијам, од која недела почна да го пиеш фемибион 2?
Не само во Струмица, конечно ги има " now methyl" од 1000 мг во еурофарм и зегин мислам, во Скопје во Дона фарм.
Да ги донесоа ... скоро во повеќето и може дури ако денес ја нема утре да ти стигне во аптека во сара фарм...
Јас да, со хетерозигот ма MTHFR, цела бременост се боцкав, и сега пак од сам почеток на бременост. Терапијата ми ја дава гинекологот ама ја одобри и трансфузиолог.
Здраво девојки.Ве молам доколку некој има искуство со испитување на хла типизација да ми помогне околу резултатите. Само што ги земав денес и многу сум збунета.Ќе договорам термин со лекар, но би сакала да слушнам и друго искуство.
Се изборив некако да ми дадат упот да испитам генски мутации. Може некој што се разбира да ми каже дали се наведени сите? Докторката некако збунето изгледаше, ги бараше да ги препише од ком.
Немало потреба да ги наведува. Доста е само да напише генетски мутации или само шифрата за женска неплодност (N97). За каде ти е упатот?