Толку е упатена по се изгледа. Ми правеше и ехо ама обично оти 3д не знаеше да го уклучи а замисли 60 годишна докторка, со искуство Се надевам од овие испитувања ќе се најде проблемот за спонтаните.
Јас треба тој резултат деновиве да го земам, претпоставував дека ќе биде тешко да се прочита без доктор. Од таму ништо не ти кажаа? Не беше кај некој од имунолозиве? Знам дека треба да се види колку вредности се поклопуваат во гените на партнерите.
Оли во Италија сум. Овде кај што сум крв се зема само во една лабораторија во општата болница (за било што да е).
Здраво Zuza28, за жал не успеав вчера да се видам со имунолог.Знам дека колку поголемо преклопување има во гените толку е поголем ризикот за успешна бременост.Во резултатот пишува дека имаме 2 преклопувања од вкупно 12 анализирани алели, иако од наведените вредности може да се види дека има преклопување во 3.Ме загрижува дали таквото преклопување може да претставува пречка за успешно забременување.Се обидуваме нешто повеќе од 2 години и иако се друго е во ред не дошло до бременост. Сега се спремам за 3 инсеминација, па ќе видиме. Го прикачив документот, можеш да го видиш, ако сакаш.
Здраво Оли. Во резултатот пишува дека се преклопуваме во 2 од 12 анализирани алели. од наведените вредности се гледа дека постои преклопување во 3 од кои двете преклопувања се во халотип HLA DQA1 i HLA DQB1. ептен сум загрижена дека таквото преклопување може да претставува пречка за успешно забременување
Ние сме скоро на иста траса ,исто години обиди и исто наредно 3та инсеминација,ако не успеавме месецов со вторава. Исто 3 алели ни се поклопуваат и мислам дека не е страшно,ама сепак нека ги видит доктор.
Кај нас 4 се преклопуваат Сум разговарала со имунолог, рече дека нема гајле, најчести се тие гени на ова поднебје и нормално било да има преклопување. До 6 немало гајле.
Фала Оли, баш ме ослободи. Од вчера сум како во бунило, многу се разочарав кога го земав резултатот.Затоа треба да се разговара прво со лекар Поздрав
Дај Боже,нз кој се точно гените,после дома ќе ги сликам и ќе ти ги пратам,ама мислам дека немаш место за паника,не се секирај.
Спонтаните првиот во осма недела и вториот биохемиска мислам 3 или 4 недела. Со некои мутации др.Јани ми рече да пијам аспирин пред повторно забременување, клексан одма од како ќе дознаам дека сум бремена И метилирана фолна.А за лупусот уште правам испитувања. Таа докторка каде се наоѓа?
Фала ти ептен. Сега бар ќе знам и јас што да читам таму. А инаку јас кога бев за да ми земат крв, го начекав Петличковски и баш ми кажа дека мора да има некое преклопување ама мноогу ретко излегува дека има толкаво преклопување да би правело проблем. Имам и таков пример сретнато. Огромно преклопување, малтене брат сестра - па имаат две живи и здрави дечиња по 2 3 години обиди. Така што - ќе биде.
Фала и тебе. Се надевам твоите резултати ќе бидат добри.Сепак полесно е вака кога се споделува искуство, јас бев ептен преплашена кога ги земав, ама сега сфаќам дека и не се толку лоши Ако не ти е проблем те молам извести какви се твоите откако ќе ги земеш.
Кај др. Јани ако си тогаш си во добри раце. Истата терапија ми ја даде и мене, веројатно сме со истиот проблем.. Др. Дубравка е на клиника на Реуматологија, ако успееш да дојдеш до неа ќе те насочи добро што да испиташ и дали треба терапија.. она баш води бременост и лупус и добро е упатена.. Јас ги споив и двајцата доктори па паралелно ми ја следат бременоста..
Сега гледам дека на употот нема напишано МТНFR, од прочитаното знам дека е доста битна мутација. Може некој да погледне, да не случајно спаѓа под некое од тие другите што се наведени. Ако не, да пробам јас да го вметнам и така е рачно напишано. @monik55 @Оли. @kukla21
Само за известување, бев денес да ги земам резулатите и нас ни се поклопува само 1 вредност ☺. За секој случај бев и кај Петличковски каде ми потврди дека резултатот е супер, а и ни кажа дека во медицината се се уште поделени мислењата во однос на ова, односно и да има големо поклопување, не е баш сигурен показател за проблем Така да - добри сме
Здраво, штотуку ги добив резултатите од АНА антитела и вика само CENP-B РЕАКТИВЕН (ПОЗИТИВЕН) ТЕСТ и Mi-2 РЕАКТИВЕН (ПОЗИТИВЕН) ТЕСТ Другите сите се нереактивни т.е. негативни. Дали некоја знае има искуство со овие антигени што се и дали влијаат на здрава бременост?
Супер, баш ми е мило, супер резултати.Фала ти за информацијата. Те молам само кажи ми како го најде Петличковски, дали треба да извадам упат претходно или?