Супер, значи сепак ти доаѓа повеке од 400 мг метилирана фолна, а од фембионот ги добиваш другите витамини. Инаку чисто како информација, има многу добра страна баш за оваа мутација mthfr.net на познат доктор специјалист за мтхфр кој исто има дизајнирано добра комбинација на метил фолат со други витамини (Seeking health се викаат), само што треба да се нрачуваат од Америка.
Незнам колку можам да ти помогнам, ама јас од тоа што испитував беше Генетски мутации, антитела и хла типизација. сега би сакала да испитам уште димери и хемостаза.
Така, фала ти, ќе барам тогаш друга комбинација, значи да нарачам 1000 мг метил фолат со 1000 мг метилкобаламин + б6? Извини што те замарам ама уште сум нова во ова
Не од Америка се и овие,ми ги пратија,и да кучето е најмило на цел свет ама и тоа е од Америка од брат ми е,и јас размислувам да си земам едно,антистрес се,безусловна љубов,за нашава ситуација,стресна,со повремена депресија,дури и анксиозност веќе,едно вакво душиче би сменало многу работи.
Супер, и брат ми е во Америка, веднаш ќе му ги препратам да ми ги земе. А за кученце веќе одамна сакам да си земам и јас едно, воедно и за антистрес во овој тежок период, ама по цел ден сме на работа со маж ми, па ќе треба да биде само цел ден
Дали има некоја користено Метил фолат од Тримекс? Нови се на пазарот, американски и сега ги има и во нашите аптеки.
Не знам уште точно во кои аптеки, утре ќе ја побарам. Докторката само ми кажа ја има во подобро снабдени аптеки.
Јас ги гледав тие на Тримекс, ама мислам дека се само метил фолат. Кога бев кај Петличковски ми рече обавезно да бидат во комбинација со б6 и б12 метилкобаламин. Дали знаете дали кај нас се наоѓаат во комбинација или ќе треба посебно да се комбнираат?