Жени прееска ги земав резултатите од трансфузиологија и ми излезе дека имам генска мутација за MTHFR C 677T хомозигот.Ќе ги видите подоле,Имам читано за оваа мутација дека всушност се однесува на фолната киселина.Дали е сериозно и некој повеќе да ми објасни оти читам постовите ама некако не ми е јасно
Не е страшно, тоа значи дека не лачиш ензим кој би ја преработувал фолната киселина и заради тоа ќе треба да ја пиеш металираната фолна киселина. Многу е битна за развој на бебето.
Мајка јас сум 11та недела и го правев овој тест и исто излезе дека ИМА генетска мутација за MTHFR C677T - хомозигот, кај докторката која што ми го даде упатов - матичната не одам веќе, ја заменив, резултатот го виде новата матична и плус уште еден гинеколог, и двајцата доктори ми рекоа дека тоа немало никаква потреба да го правам, бидејќи не суми имала претходни никакви проблеми како на пр.спонтан, се чудеа зошто сум го правела воопшто, и не добив никаква терапија, а тука читам нешто сосема друго, не ми е јасно и двајцава доктори да ја утнаја работава?
Тие сепак се доктори, јас имав претходна историја со спонтани абортуси и заради тоа го правев ова испитување. Генската мутација може не беше толку директен причинител за абортусот, но високите димери и хемостазата сигурно беа главниот проблем. Половина бременост боцкав клексани и пиев металирана фолна. Честитки за бременоста, може не е на одмет трансфузиологија да прашаш за металирана фолна и секако проверувај д димери. Јас дека сум изгорена, а и многу случаи има заради непроверување на хемостазата и д димерите што завршиле со спонтан и тоа во поодмината бременост, те советувам да инсистираш на вакви проверки.
@PeachGirl се проверив и тоа пред недела дена, тестови за хемостатскиот систем,тестови за тромбофилни состојби, Д-димери, бели крвни зрнца, црвени крвни зрнца , крвни плочки, се беше супер (освен мутацијат) најверојатно затоа и не сум добила терапија
Девојќи метилиран Б6 во Скопје каде може да се купи? Фолна и б12 метилни најдов во Зегин ама немаат В6..
Тие што се боцкате со Фраксипарин или Клексани цела бременост, до кога ги примавте до пред пораѓај,исто и Аспиринот 100 до кога го пиете?
Аспир Аспирин 100 пиев до 32 недела, клексани во 36 недела ми препишаа 15 ампули, јас веќе ги примам по препорака на трансфузиологот и гинекологот што ке ме пораѓа, но мојата матична во два наврати вика дека не се даваат во 9 месец, предизвикувале зголемени крварења на пораѓај. Пишав и во др.тема, ако има некој со такво искуство нека пише. Поздрав на сите
Zdravi devojki, edno prasanje do tie sto primaat clexani. Koi dokumenti se podnesuvaat za refundacija na parite i vo koj fond za zdravstvo se podnesuvaat? Dali kaj crven krst ili kaj spomen kukata na majka Tereza?
Барање за рефундирање, извештај од трансфузиолог, копија од трансакциска сметка, потврда од матичен дека се примени инекциите, фискална и сметкопотврда од аптеката. Се поднесува кај Црвен крст.
И мене ми рекоа до 32 недела секако,потоа ќе видат, од истата причина заради крварењето,но сеуште не знам како ќе биде