Ogtt test imas li napraveno so insulinemija vitamin d imas li ispitano antitpoi antitg imas li napraveno histeroskopija
Samo histeroskopija Od ispituvanja imam napraveno-torch,faktori na hemostaza.hepatit b i c.histeroskopija,hsg..mozebi ispustiv nes
Здраво дечки 3 ипол години обидување за бременост и никако да се случи. 4 инсеминации, хсг, хистероскопија итн. Небитно. Собирам документи за ваучер па ќе почнувам, постапка за ивф. Самоиницијативно правев испитувања на трансфузиологија ( хемостаза, д-димери АФА. АНА лупус ) и на имунологија ( автоантитела и антиспермални и мутација на 17 гени ), нема врска резултатите се ок, имам некоја мутација која според др. Петличковски не е ништо сериозно треба да пијам метилирана фолна по 1000 мг дневно плус витамин б6 и б12. Прашањето ми е дали да правам и кариотип, бидејќи тоа не направивме? Го прашав докторот ми вика мој совет е да направите бидејќи тоа е најважно испитување кое помага во целиов процес на оплодување.... Јас за 2-3 дена ќе поднесувам документи за ваучер, така да пред инвитрото дај боже да е се како што треба мене нема ни да ми стигнат резултатите сигурно ( овие ги чекав 2 месеци ). Како може да ми помогне или одмогне и да ми го олесни/отежни процесов тоа испитување? Дали сметате дека треба да го направам пред да правам ивф? Што се превзема и која е терапијата доколку не се добри резултатите ? Извинете за долгиот пост Убав ден
Може ли некој да ми објасни што ако откриеме некои несогласување при тоа испитување? Има ли терапија? Како би се заштитиле ? Што ќе превземам ако знам дека нешто не е во ред? Фала
Ако кариотипот не е во ред, мислам дека лек нема, зошто така сме родени, не е нешто што може да се смени, само знам дека се прави некој друг вид на инвитро што во Мк не го прават, знам за Турција, а други држави незнам, се испитува на државна само 2 дена во неделата гледај на мој термин кај и дае треба да пуштат, а резултати има после 1месец. Ти посакувам успех и секое добро.
Ако не е во ред, мислам дека чаре е да се направи генетско испитување на ембрионите и да се врати генетски добар ембрион.
Кога после два спонтани испитував кариотип докторот ми рече ќе знаеме колкави се шансите, односно дека пак има шанса за природна и нормална бременост веројатно во зависност од тоа колкава мутација би можел кариотипот да покаже. Во случај на ивф, генетски се испитуваат ембрионите и само здрави се враќаат
Фала за објаснувањето, еве јас до сега не сум имала бременост, се борам со стерилитет. Дали доколку имаме мутации можно е да не настанува имплатација или испитувањава се по значајни кај оние со повќе последователни абортуси?
Мила феминките веќе ти одговориле и се слагам со нивните мислења.Сите имаме некој мутиран ген,но со добра терапија и добар доктор се постигнува успешна бременост.Јас сум хетерозигот,имам мутација(во моментов не ми текнува,ама ако сакаш ќе видам во документите и ќе ти пишам).
Исто е значајно, мутација може да е најголем проблем и за оплодување на јк, и понатаму да опстои зиготот, ама тоа е многу ретко така да немој со паника да испитуваш
Ме интересира дали некој има повеке генски мутации Керка ми направи голем проблем за време на операција која можеше да заврши фатално но со реанимација се разбуди Хомозигот за МТХФР Ц677Т МТРР А66Г Хетерозигот МТР А2756Г Докторката на секоја контрола ми кажува дека нејзината ситуација е многу ретка и дека има многу голем ризик за тромбоза Беше на клексани неколку месеци потоа ја префрлија на Синтром по шема Правиме редовни контроли но многу се плашам бидејки таа рече лекот не е семоќен и може пак да се случи нешто Сакам да барам и второ и трето мислење па ако знаете добри доктори кажете ми
И јас имам мутации на повеќе гени. Мене кардиологот ми рече дека ако треба да се лежи повеќе време пример во кревет или правам операција мора да кажам на лекарите и да примам клексани, зашто може да добијам преклампсијс и да пукне аортата. Консултирајте се најдобро со транфузиолог и кардилог