Девојки здраво, нова сум тука, можеби и има веќе напишано за случај како мојот. Со два спонтани сум (ноември 2018 и сега септември 2019) двата во 8ма недела без срцева акција. Два пати киретажа. Овој пат ги направив сите испитувања, само трансфузиологија ми покажа МTHFR мутација на C677T и A1298C хетерпзигот. Веќе 4 недели пијам терапија што ми дадоа: метил фолат од 1000 и Б12 секој ден, и аспирин од 100 преку еден ден. Овулација ми беше на 13.12 и вчера открив дека сум бремена искрено, неочекувано дека многу се пазевме но очигледно овулацијата била ден два порано/подоцна. Др. ми рече веднаш д-димери да проверам и се 190 (>550) Искрено многу сум исплашена..после 2 спонтани не можам ниту да се израдувам. Има ли некој сп слично искуство? Ви благодарам
Примате терапија на 3 недели д димери и хемостаза прави проверки и што било поминало.Со лесно и со среќа.
Многу ти благодарам. Вториот спонтан на 5 дена пред свадба ми беше, баш ме сруши.. Ден пред и вчера коа требаше да добијам имав грчеви како за циклус, денес помалце, но на 4 5 саати гледам по една капка темно кафеава ко крв на гаките. Дали е тоа нормално? Од вчера така..
И јас имав спонтан па бремебоност ин витро со тешки маки,те разбирам стравот е голем.Јас кога имав точки исцедок кафеав ми го прекинаа аспиринот и користев кринон гел и се боцкав со прогестерон.Најважно е да си најдеш добар гинеког и да те води низ бременоста.
И јас сум исто позитивна на лупус антикоагулант за ова трансфузиологот дава аспирин секој ден навечер , али ако афа и ана ти се во ред исто како да го немаш не се вознемирувај за тоа сепак најдобар трансфузиолог е Јани ако успееш да стигнеш до него најубаво ќе те упати он што понатака
Значи точки исцедок сепак се контролира..фала ви, ми значи секој совет! Ќе одам на преглед од понеделник
И обавезно димери и хемостаза на две недели. Закажи си на трансфузиологија и после тие сами ќе ти закажуваат на две недели. Со лесно.
Понеделник обавезно на ехо и може ќе треба терапија и прашај за аспирин дали да пиеш додека имаш исцедок.
Можеби сум досадна, ама баш сега ми протече кафеава крф..пред тоа само траги или по некоја точка. Му се јавив на др. да го прашам како е можно 2 позитивни тестови да имам а сепак да добијам. Он вика дека нема шанси да покаже позитив ако не сум трудна, а не пијам никакви хормони. И дека многу жени крварат до 3ти месец и да го прекинам аспиринот одма...јас сепак мислам дека ова не е ок и нормално. Ве молам за искуство/мислење (а паралелно имам грчеви ко за пред циклус)
Без испитување на димери одма ми вклучуваа фраксипарин, и аспиринот секој ден. Другото исто. Испитував и вредност на вит д и пиев некој месец по една капка вигантол. Кој гинеколог те води?
Кафен исцедок е крварење кое веќе поминало, додека крвта не е свежа а болките неподносливи не е опасно (ова 10 пати ми го имаат кажано гинеколози). Не ми го прекинувале аспиринот кога сум имала мали крварења, плус се боцкав и мислам дека инекциите ми ги одржаа бременостите. Јани на трансфузиологија да го најдеш и озбилен гинеколог кој се занимава со ризични бремености ти препорачувам.
A preku krv beta imas provereno? Ako imas iscedok obavezno na doktor moze ke ti go prekinat aspirinot i da ti dadat progesteronska podrska
Не правев бета затоа што пред 2 дена требаше да добијам, вчера беа позитив тестовите па можам утре да проверам или да одам на преглед може подобро? Да ми каже и зашто е крварењето
Прво бета па преглед ако е рана бременост можеби е рано за преглед но секако по Позитивна бета кај матичниот гинеколог за совет
Ете аспирин ти прекина се надевам ќе се изгиби за кратко.Еден од симптомите за брененост се и грчевите.
Јас во петокот бев на прв скрининг кај Димчев Систина и ми рече никако заедно и аспирин и фраксипарин или клексан,може некаде да се појави крварење.И сега сум само на фраксипарин.
Аспирин и Фраксипарин/Клексан примаме многу трудници, не е дека никако не смее и тоа и тоа. Има причини зошто ги земаме и едното и другото. Има жени што мора да ги земаат, што од генетски, што од имунолошки, што од трансфузиолошки испитувања.
Вчера и денес не се напив аспирин и некако чуствувам тежина во нозете дека и 2 бременост си знам ми се качуваат д димерите и слаба ми е терапијата.Претходната е ин витро со многу тетапија оваа е спонтана бременост освен метил фолат и за фраксипарин се мислеа дали да примам .Во 11 недела д димери 933 и на мое настојување почнав да се боцкам.Иначе сум мтхр хетеризигот и д димери значи кога не сум бремена се од 300 до 400.
И јас сум хетерозигот на МТХФР, пијам Аспирин и боцкам Фраксипарин 0,6 уште пред трансфер, ниту еднаш крвавење или кафеав секрет сум немала. Кога останав бремена, димери ми беа 170, на следната контрола после месец и пол околу 350, па после 6 недели сега последно во 18+1 ми беа 680. Според хемостазата имам хиперкоагулабилна состојба. И одамна имунолошки испитувања кога правев, имунолог ми рече цела бременост и Аспирин да пијам. Бев на дежурен во Систина на почетокот и ми се погоди некоја докторка, не ми текнува име, инсистираше да сум прекинела Аспирин без да ми знае историја и што сè имам испитано. Можеби е најдобро да одиш на консултација кај трансфузиолог. За терапии го слушам исклучиво трансфузиологот и докторот каде што го правев инвитрото.