Сега за терапијата од старт кога дознав дека сум бремена се консултирав со докторот кај што правев ин витро и он ми даде скоро идентична терапија како кога правев ин витро.Но дека сега нормална бременост и трансфузиолог и матичен гинеколог и еве и Димчев ми викаат тоа било поминало сега освен метил фолат не ти треба ништо друго.Ама сепак ќе се вратам на старата терапија да си бидам и психички по мирна.
Денес веќе е на минимум, скоро немам и не се напив аспирин. И мене др ми рече ако се високи д димери ќе се продолжи без аспирин и само со клексан. Утре ќе проверам бета, ама не давам на ехо да ме прегледуваат. Ако расте бета, и не крварам, ќе идам на ехо за 2 недели. До тогаш само консултација со др. Во секој случај, мене ова не ми се допаѓа..
одлични ти се димерите кога не си бремена не грижи се јас сум хомозигот и плус некоја мутација склоност кон тромбоза без да сум трудна ми се 899... така да не се грижи нормално во бременост да се качуваат ...
Денес бев на консултација и Др. не сакаше да ми препише клексан, а и аспиринот ми го исфрли. Сега сум само на метил фолат и б12. Дури не ми рече да проверам пак д димери, него бета во петок (проверив и вчера) и да видиме дали расте. На преглед сум за 10дена. Малку ми е чудно така лабава терапија за после 2 спонтани.
Иди си на трансфузиолог за да видиш дали терапија треба и колку... а испита ли бета зашто пак да проверуваш ниска беше или?
I vitamin c pij oti aspirin stvara nedostatok na vitamin c I baraj kleksan da ti dadat dr jas iako imav uredni ddimeri pak si primav kleksan
Испитав, во петок пак за да видиме дали расте. Бидејќи со 2 спонтани сум, па дали напредува. Исто така, инплантациското крварење мене ми е чудно а 2ца Др викаат така треба. Дента коа требаше да добијам имав на бришење само темна кафеава боја, наредниот ден малку истече, па престана еден ден, па два пак на бришење само и денес веќе немам...
Ништо, ко ќе пдам срга на 8ми на преглед ќе инсистирам за клексан. Одговорот му беше дека сега е ок, понатаму во бременост ако опстане ќе даде клексан..
Девојки вие што сте имале сличен проблем може ли некој совет. Секако имам закажано на трансфузиологија но не ме држи место....
За консултација со трансфузиолог исклучиво Др.Елена Амбаркова Виларова во Жан Митрев Клиник јас одам тамо со еден другар пие лекови по шема презадоволни сме no.1 трансфузиолог
Дури имаат они и Генетска лабораторија слушам на радио и по реклами па може нешто да ви препорача Др.Елена
Јас исто, само и претпоследната хетерозигот. Ми дадоа метил фолат да пијам од 1000 на ден, и андол 75. Истиот месец останав бремена и само ми зголемија м.фолат 2х1000, андол исто преку еден ден. Не е ништо страшно, само треба терапија и мислам дека горе доле оваа е можеби различна доза
Абе се мачиме за бебуш, еден спонтан... Метилирана почнав да пијам после 2 години го открив ова благодарение на Лазаревски.... Во четврток одам на трансфузиологија кај Др, Јани па после да видиме. Фала за инфото
Јас сум ист случај со хетерозигот МTHFR мутација на C677T. Сега сум повторно бремена, 5 -та недела, на 23 -ти ќе одам на прво ехо. Пијам секое утро по 1 аспирин, метилфолат од 1000 мцг, Б12, Ц витамин и примам клеклан инекции секој ден. по препорака на Др. Герасимова - Ремедика.