Исто... туку оли од кој б12 земаш ? Јас после толку време пред некој ден ве прочитав дека под јазик го ставате... и се убив барајки ја кутијата да прочитам и тоа е тоа
Бугарски земам, со овие почнав и терам со нив. Гледам и твоево упатство е за овие Инаку има и кај нас метилиран Б12 од 1000 од Нау.
Никаде, на ниту едно пакување од метил фолат не пишува дека се користи само за одредена мутација. Тоа е биолошки активнa, природнa форма на фолат што ја поминува и мозочно-крвната бариера и слободно може да се пие и како замена за фолна киселина.
Јас нема генетски мутации па пијам метилирана фолна и кажав на матичната ми дозволи,метилираната е обрабетена само ја користи а обичната ја обработува па ја користи организмот.
Истите ги имам и јас само што јас ги пиев половинки а требало под јазик но отсега ќе ги ставам под јазик да се топи
Ниту сум доктор ниту пак сакам да солам памет, само пишав што ми кажа трансфузиолог. Секако, вие слушајте си доктор што ќе ви каже. Некој на пример може ќе прочита и ќе земе метилфолат без Б12 а и тоа не е убаво Затоа доктор што ќе препорача тоа се пие. Еве @Alishan30 како компетентна нека даде свое мислење.
Метил фолат само може да го прикрие недостатокот на б12, ако некој нема недостаток нема ризик ако пие и ако не го зема и тоа паралелно. Точно, треба да се слушаат и докторите, но не е лошо малку да се истражи и да се види што е и зошто служи нешто. Мене доктор два пати годишно ми даваше сумамед бидејќи редовно бев болна. Сама истражив и го сменив, испадна дека сум имала сезонски алергии и еве неколку години сум со антихистаминици и кортико и антибиотик се немам напиено. Назад на темата, тие со мутиран мтхфр ген мора да примаат метилирана форма, другите не мораат. Ама дека не смеат, не е точно.
Јас немам мутации, испитани ми се, исто и кариотип и се е во ред. Но досега ниту еднаш не ми дале обична фолна. Пред секоја постапка, и за време на постапка примав имприл (метилирана фолна), кога го прашав докторот зошто таа?- ми кажа подобра била од обичната фолна и не ми сметала иако сум без мутации. Интересно е тоа што сакав да сменам на 2 пати заради финансискиот дел да земам обична фолна-ич не ја поднесов добро и се нафрлав со исип од неа, ете незнам зошто. Се вратив на имприлот и го снема исипот. Слушајте го докторот што ве води, и битно е да му верувате.
Девојки дали конечно во мкд може да се купи металирана фолна? Ако да, од каде и колку пари е? Фала однапред.
Никако нема штета ако немаш мутација и да пиеш метилирана фолна,напротив подобро. Јас сега внимавам на сите суплементи уствари и сите што ги има и во природна и во синтетичка форма си ги земам во природна,пример витамин Е. Туку вака кога ќе прочитам споделено мислење од некој доктор понекогаш се прашувам кој се зел диплома и не лечи,некои се страшно неинформирани.
Има кај нас низ аптеките метилирана фолна ,ама само до 1000 мг колку што видов само на една фирма,помали дози нема.
и јас несум уште бремена планирам бременост па да почнам пиев Cardiovitamin ама сега неможам да земам од нив