Да, ти пишала членка на Трансфузиологија ќе одиш. Таму има еден куп испитувања, ама ќе кажеш дека си со спонтан (ако имаш анализа на аборт.плод уште подобро) и самиот Др ќе ти каже кои да ги направиш. Има испитувања и до 3000мкд да платиш и покрај партиципација. Јас направив основно и одма покажа што било проблемот. Правев и кариотип, ама после мојот Др ми рече дека карио за на крај се остава бидејќи е за тешки заболувања што се ретки...немој да губиш надеж, може да испадне некоја смотана мутација што се решава со терапија!
Ќе се надоврзам. И мене после првиот некеа ништо да испитувам, тек после вториот и одма покажа. Дека сум хетерозигот и морам метилирана фолна да пијам. На 04.09 правев киретажа, крај на ноември ми стигнаа рез и одма почнав да пијам метилирана и аспирин преку еден ден. Веќе во декември сум забременила Хормони не правев бидејќи тие правеле проблем ако не можеш да забремениш, а кога забременуеш немаат везе со спонтан (освен тироида)
Фала ти за одговорот. Инаку има врска на кој ден од менструација се испитува или нема никаква врска тоа? И мисед имав, јас мислев дека е исто спонтан и мисед.
Отиди во приватните Систина,Ремедика или Плодност на консултација ќе ти дадат што треба да провериш и со упат од матичен гинеколог ќе се направиш анализи.
Немој да се секираш. Ама не седи ни со скрстени раце, превземи ги работите и смени матична. Ако не на глава качи и се на оваа мора да ти даде упати биди упорна. Немам искуство што да ти препорачам ама не дозволувај да си тече времето. Дајбоже се да е добро ама и да се направи некое испитување не е на одмет. Ти посакувам среќа по патот за бебче. За најбрзо време да си имаш полни раце.
Мила ќе си земеш упат за на имунологија или трансфузиологија(но тие само со итни раб моментално) Нема врска на кој ден од циклус е... преку крв за месец дена ги даваат резултатите (јас по тие испитувања излегов хомозигот и морам метилирана) во меѓувреме можеш да провериш и скриен шеќер и инсулин ... а сопругот спермални антитела (со упат од општ исто на имунологија и преку крв е) а ќе си прашате за да ви направат и хла типизација (ако пополните прашалник е бесплатно ако се пријавите за донори ) и на крајот кариотип... како и да е штом еднаш биднало следнот пат ќе галиш бебе во раце...
Проблемот е тоа што неможам да ја сменам мила. И се качувам на глава додека да ми даде упат. Некако тешко ни оди за постигнување на бременост. Душава ме болисолзи веке немам во очите ако ме веруваш. Кај и да е и мислам дека ќе кренам раце од се Офф мила. Ве читам сите и уште потешко ми станува верувај ми незнам веке ни што да правам ни кај да одам. Благодарение на вас во форумов до негде се упатувам за нешто. Ама кај и да е и ке кренам раце веќе. Незнам друго што да кажам вистина. Немам солзи веќе а би исплакала уште едно цело море
тоа е мила, мора да се бориме...како и за се во животот. Значи си имала 2абортуси, еден мисед и еден спонтан? Постојат многу испитувања што се прават, како што ти пишале и другите членки. Уреоплазмата понекогаш знае да биде многу опасна, ако не се лечи. Имаш тука тема и за тоа, види прочитај, јас долго ја лечев, ама треба и партнерот да провери. Инаку ако правиш генетски испитувања направете и карипотип на ГАК. Сега не знам како е со термини и тоа...
Не не. Имас само мисед а не и спонтан. Незнаев дека е различно туку мислев деја се вика спонтан мисед што така и ми го пишува во извештајот од керетажата. За еден месец ке се провериме и двајцата за уреаплазмата. Јас имам проблем и со зачнувањето. 3 години неможев да останам бремена. Сега кога останав и за жал заврши со мисед.
Да... кога ќе отидеш таму ќе те пратат кај доктор и откако ќе му кажеш што како тој ќе ти запише што се да ти проверат мегу кои и вродена тромбофилија
Се јавив во њуборн и тоа ми кажаа да испитам и со тој резултат и сите други да одам таму. Но ми рекоа да испитам и AMH ама незнам дали пак треба да испитам на 3 ден од циклус. И 3Д на утерус.
Амх можеше да се испита на Гак ама со оглед на ситуацијава незнам дали воопшто испитуваат сега а 3д ехо ќе аи направиш... но гледај што побрзо да идеш за генетски мутации бидејки резучтати ќе чекаш мин 3 до 4недели (бар во нормални услови беше така)
Бев сега кај матичната. Немало уште термини ми вика само итни случаеви примале а освен во скопје нема на друго место. Колку би било на приватно и каде?
За мутации ? Нема а приватно мислам е прескапо бидејки скоро 3000ден те фаќа партиципацијата државно, тоа би дошло над 20.000приватно за сите мутации (не ги чувам тие за да видам точно) не ме фаќај за збор но прати си термини на мој термин за имунологија и ќе си закажеш... а во мегувремено напрај си ехо
Во државна за 9 мутации 1250 денари партиципација се плаќа а ако сакаш немаш осигурување 15 000 би те коштало на трансфузија...а на приватно кога прашував ти е 2000 од мутација да се испита па пресметај колку би те фатило почекај да помине вондреднава состојба па ќе пуштат термини