Генски мутации за тромбофилија можеш на приватно да испиташ во Авицена каде ги испитуваат шесте најчести генски мутации за кардиоваскуларни заболувања. За почеток мислам дека е ОК. Во Авицена кажи им дека сакаш да направиш Генски панел за тромбоза, кошта 2900 ден. И мене не ми се чекаше на Имунологија па отидов ги проверив овие шест во Авицена, и некои други работи испитав, па одма почнав со Имприл зашто испадна дека некои гени се мутирани и кај мене. Но, како и да е, и кои испитувања да ги правиш, треба потоа консултација со трансфузиолог, имунолог и гинеколог, некои од нас сме со исти мутации, ама поради различни други состојби пиеме различни суплементи и во различни дози.
Дали метилирана фолна м Ти благодарам многу. Да не знаеш на интернет како да пратам за термини? Неможам никако да најдам а на телефонот 2 дена ѕвонам и не ми крева никој
Ова е сајтот, се пребарува по градови и клиники, овој линк е конкретно од Трансфузиона медицина http://mojtermin.mk/map/spetsijalis...clinic=jzu_institut_za_transfuziona_meditsina. Не знам кога ги отвораат термините, колку што можам да видам кај ниту еден доктор нема ништо слободно до крај на јули. Не видов погоре дали си разговарала со матичниот гинеколог да ти даде приоритетен упат за трансфузиологија и имунологија? До душа каква е моментално ситуацијава, којзнае дали и така ќе те примат, јас утре треба хормони на Клиничка биохемија да испитувам, но спремна сум и да ме вратат и да ми речат дека не може... Е сега, не ми е баш јасно околу метилирана фолна што конкретно ти е прашањето, јас примам Имприл кој што ги во составот ги содржи и двете активни форми- метил фолат и метикобаламин Б12.
Не сум пд Скопје. Инаку матичнава едвај обичен упат ми дава а не па преоритетен. Јас испитував хормони и не ми правеа никаков проблем во понеделникот. Прашањето ми беше дали можам да пијам метилирана фолна и ако останам бремена.
Да, фолната (дали во метилиран или друг облик) баш пред и за време на бременост се препорачува зашто е неопходна за развојот на плодот и неговото формирање во матката. Ако имаш мутации мислам дека се пие цела бременост, инаку генерално се пие во првите 12 недели. Генски мутации се испитуваат и на Трансфузиологија и на Институт за имунологија и хумана генетика, ама не би знаела ништо поконкретно да ти кажам дека ни јас немам испитувано таму, можеби ќе се јави некоја членка што веќе била и знае. Мислам дека на Трансфузиологија испитуваат помал број на мутации, на Имунологија испитуваат вкупно 17.
За тромбофилија ми треба конкретно и од њуборн ми кажаа за институт за имунологија така да ке почекам да пуштат термини. Сепак фала ти многу.
од лично искуство би те советувала да одиш у Њу Борн кај Владимир Трајковски он ќе ти каже што све треба да испитуваш.. закажи само законсултација тоа е бедплатно таму и ќе ти каже све и верувај ќе сакаш да одиш пак и само кај него. Јас имав спонтан у мај минатата година а сега сум 29 недела бремена. Ти подакувам што побрзо да имаш успешна бременост
Здраво девојки, и јас имам генски мутации хетерозигот, и сум трудна 5недела,кажете ми ид ваше искуство и мислења од доктори кое е подобро д се пие метил фолат посебно и посебно други витамини или Имприл,или и двете нема да има проблем, фала позз
Здраво, и јас имам хетерозигот, може да пуштиш слика од метил фолатот, и јас пијам од 1000 метил фолат ама докторот ми рече 1х1,а ти 2х1 пиеш?
Фала ти најмногу мила. Ме радува кога ке слушам убави вести и дај боже сите да си имаме бебче. Имај лесна бременост. Инаку заради тоа што не сум од Скопје се јавив прво во њуборн и ми рекоа уште неколку испитувања да направам па со сите резултати да одам. Ама за генски мутации сеуште нема термини. Инаку кај тебе што беше проблемот за мисед? Дали го пуштивте плодот на испитување!? Јас киретажа правев на 09.03 и сеуште немам резултат.
Мислам метил дека треба да пиеш и подобро е а за дозата консултирај се со доктор гинеколог. Јас пијам метил по 1 на ден од 1000 ама не сум трудна.
Хетерозигот и мал септум во матка, септумот се одлучив да не го отстранам и пијам само метилирана фолна. Иначе во двете бремености имав хематом кој првиот пат докторката за жал не го виде а вториот пар со 2 недели терапија го снема хематомот А во рез од киретажата немаше ништо конкретно
А зашто да не го отстранеш септумот и јас имав септум и го отстранив и воопшто не е страшно отстранувањето