@eli25 да не си била кај Елена скоро? Не даваат приоритетни упати, па имам упат за кај Кочо а кај него не ми се оди. Како одиш ти?
Мене Елена ми закажува цело време. Од декември одам ама тогаш даваа приоритетни. И јас не го сакам ич тој Кочо .... @sofi2107 може да помогне за Елена, ќе пише кога ќе прочита ќе средиме
Мене докторката ми даде и нејзин мобилен, ама викам да не и досаѓам за процедурални работи. Мислев утре да и одам, има амбуланта, кога ќе биде времето за читање резултати. Па мислев да ја консултирам како да си продолжам кај неа.
Се јавува секогаш. Ако не одма ,пиши и порака ќе види и ќе се јави подоцна. Ама ете Софи ќе проба сигурно ќе се договорите.
Здраво девојчиња, долго време не сум пишала на форумот, но редовно ве читам. Ми треба помош во врска со генетски мутации. Направивме испитувања и кај мене се констатира хомозиготна мутација на MTHFR C677T генот. По консултација со докторот на имунологија ни препорача Фолгард или ако не најдеме фолгард да земам поголема количина на фолна (1/2 таблета од 5мг. во комбинација со Б6 и Б12). Јас сега сум тотално збунета затоа што читав на интернет дека обичната фолна организам со вакви мутации не ја преработува. Ве молам за совет и ваши искуства биејки навистина незнам што да правам.
Треба да пиеш метилирана фолна. Јас пијам кардиовитамин има метилирана фолна, б6 и б12. Го земам од Србија. Ама мораш да се консултираш со трансфузиолог, околу дозата и кој препарат . Мора и б6 и б12.
https://l.facebook.com/l.php?u=http...rDayl8ncjuy7BT8MZFT04GA3w2WgvV73WEF-SA0y38hVg девојки ве молам за мисленје...што мислите за оваа фолна...од романија ми ја нарачаа..во составот се е природно...мегутоа писува дека е на база на алое..и никаде не пишува дали е металирана
Здраво женски, порачав ваква метилирана фолна киселина дали некој ја употребувал. Имам генска мутација МТХФР 677 хомозигот. Дали да ја употребувам? https://www.iherb.com/pr/Jarrow-Formulas-Methyl-Folate-400-mcg-60-Capsules/42778
Здраво девојки, после два спонтани абртуси во 6 та недела и неколку испитувсња испадна дека имам мутација на генот МТХФР хомозигот. Обична фолна киселина не ми преработува организмот,( дури и штета ми правела, а ја пиев една година.) треба да примам метифолат. Си купив метифолат и почнав да пијам од таблетите 400 мг се. Почнуваме да работиме на случајот со гооолема надеж дека овој пат се ќе биде како што треба и ќе имаме бебенце. Откако ќе видам две цртки треба да почнам и со аспирин 100. И да пијам секако до трет месец. Јас сакам уште сега да почнам со аспиринот превентивно, очекувам бременост но рано е за да испитам. Дали е проблем да го почнам аспиринот уште сега дури работиме на забременување? Ваши искуства и совети?
Обаврзно аспирин, Б6 и Б12, не само метилитана фолна. Кога ќе си со меше обавезно да ср јавиш на транауфиологија. Ќе треба да боцкаш клексан/фраксапарин...
требале да ти кажат дека треба да пиеш аспирин чим си ги зела резултатите. Таа е стандардна терапија - аспирин, метилфолат, б6, б12 до бременост. После најверојатно и клексани. Кој ти ги гледаше резултатите.
Кај нас во прилеп ништо не знаат, др тодорка од трансфузиологија ми ги предаде резултатите и рече се е вп ред секој си има по некоја мутација... А испитувањата ги правев скопје на трансфузиологија меѓутоа за рез мо рекоа да си ги земам од прилеп. А одам и кај гинекологот снежана во ремедика и таа ги виде резултатите и ми рече да пијам метилирана фолна еден месец пред бременост и три мес во бременост и аспирин откако ке видам поз резултат... Кај нас никој нема доволно стручен за да ти објасни нешто. Затоа и овде прашувам :/