Jas deneska bev na trasfuziologija, a maticniot mi dade upat vo ponedelnikot plativ 2700, mi rekoa deka nekoi od rezultatite kje mi bidat gotovi utre i kje bidat prateni kaj maticniot a ostanatite za dve nedeli
Девојки си го земав резултатот Др.Петличковски не беше таму ама една Докторка ми го погледна. Ми рече метилирана 1000мг да пијам. Друго не ми требало. И да испитам антитела ми рече. Што мислите вие за резултатов, ако некој се разбира? Целата сум мутација @ladystardust @K7M10J
Не си целата мутација Не проверуваат сите, инаку сите до еден сме мутанти. Покрај метилираната фолна се препорачува и метил Б12 зашто обично заедно одат во недостаток. За регулација на хомоцистеин, кој е нарушен при оваа мутација, добро е двата вида на витамини. Имприл е добар препарат за тоа, но е прилично скап па можеш и да комбинираш само фолат и Б12. Претпоставувам дека веќе си земаш фолна, не треба да ја прекинуваш ич. За тие мутациите од втората колона, Петличковски ми рече дека се поврзани со срце и засега не треба да се секирам. Здрав начин на живот и НИКАКО цигари, затоа што кај пушачи е многу зголемен ризикот. Не значи дека задолжително ќе има проблем. Гуглав тогаш за секоја мутација посебно, се исплашив и престанав. Кај мене беа хомозигот на првиот еНОС, хетеро на вториот еНОС, хомозигот на ЛТА. Инаку не се разбирам ич, само пренесувам што ми беше кажано за сличен резултат. Антителата требало заедно да ти ги испитаат, штета што не ти го направиле наеднаш испитувањето. И тоа се испитува на истото место. Сега пак малтретирање и чекање.
Од твоиве и јас ги имам: (ова како со сликчиња да се менувам..го имам, го немам ) FGB 455 G/A FACTOR XIII V 34 L PAI-1 5G/4G За овие три Др. Јани ми даде Аспирин секој втор ден, и плус клексани при стимулации. Барав по интернет тогаш и јас како @LivingGlam се преплашив и веќе не отворив.. Моиве резултати се од Ману, и некои ги нема испитано што ги имате вие.. Да не треба и на имунологија да испитам дополнително што ми фали од твоите..
Секако истата терапија ќе биде доволно е да почнеш со терапија па после ако треба ќе ти ја смени али битно за почеток имаш терапија
И јас се нервирам што никој не ми кажа за антителата. Нит Др Трајковски нит матичната. Ќе земам денес метилирана фолна и б12. Само за аспирин ништо не ми спомна? Читам тука повеќето хомозиготи пијат...
И мене не ми спомнаа аспирин и клексан, тоа трансфузиолог да види ќе ти каже. Упатот мене ми беше за стерилитет или missed abortion, не се сеќавам точно. Не пишуваше што точно да се испита, само отидов во таа бараката и рекоа ќе испитаме се’ за што има реагенси. Не ти се погодиле истите изгледа, а упатот не мора да е скроз прецизен. Испитај ако имаш време да одиш пак, иако скоро кај сите испаѓаат во ред. Убаво е да си сигурна.
Целата била мутација, море кога ќе те грабнам ) Ништо не се овие мутации, освен тој хомозиготот МТХФР, ќе си пиеш метилирана фолна и обавезно испитај хомоцистеин. Доколку е во нормала, нема потреба од витамин Б12, ако е покачен и тоа ќе треба. Битно е што Фактор II, V и XIII се во ред, обично за тие се дава поагресивна терапија. Јас правев муабет со шеф на лабораторија на хумана генетика во Жан Митрев, сите ми ги отпиша, рече само факториве го интересираат за тромбоза. Супер си, уживај, ќе си пиеш метилирана фолна и завршена работа. Провери во секој случај хомоцистеин.
Ама и фактор XIII ми е мутиран хетерозигот Му пишав мејл на Др.Петличковски, може ќе ми врати Ќе си пијам јас б12, пошто скоро сум сигурна дека ми фали, многу малку јадам месо и јајца, а и со години бев вегетаријанец. Може ќе проверам хомоцистеин на приватно, не ми се стапнува на клиника, денес бев за хормони да ме боцнат, гужви, чекање, параноја ме фати
@LunaGrey Е тоа не видов, ама не е ни тој толку важен, на II и V им обрнуваат многу повеќе внимание. Плус е само еден алеј. Можеш да пиеш и Б12, да, и во следна прилика испитај и хомоцистеин, а можеш да провериш и антифосфолипидни антитела (АФА).
А II испитан е? Зошто прв е V на листата. Ми кажа Докторката за антитела ми рече не знам зошто и за тоа не ти земале крв... пак ќе треба да одам, глупости.
Хетерозигот не треба да те плаши. Јајца и месо да јадеш повеќе. Особено јајца, важни се поради друг нутриент кој е препорачан при мутацијата, холин - го има во жолчката. https://onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/1747-0080.12549 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2855263/ Кога ќе забремениш ќе ти биде особено важен зашто во мултивитамини не го ставаат во доволна количина, изгледа е голема молекула. Колку што можеш повеќе, јади.
Да почнав да ги јадам повеќе, ич не ги сакам, ги јадам со сила со авокадо и гледам барем 3-4 пати неделно да ги внесувам. Фала ти
Баш сега ги гледав на ихерб. ептен практично https://www.iherb.com/pr/Superior-S...ylfolate-1-000-mcg-1-000-mcg-60-Tablets/85918 за колку време стигаат нарачките од ихерб знае некој? Ти од каде ги земаш мила?
@LunaGrey, од iHerb за околу две недели стигаат нарачките. Многу поефтино отколку кај нас во аптека, повеќе од дупло истите препарати.