Си ги нарачав 2550 ден. платив за две кутивчиња (120 таблетки вкупно). Да земам од тука секое посебно, за 4 месеца залиха, сигурно ќе дадев минимум 4000 ден.
Епа исто со ко мене мила ете прочитај погоре денес што зборевме. Треба метилирана фолна да пиеш и б12 метилиран.
Да тоа веќе го пијам. И тоа од шо ми кажале на форумот. Не можев да најдам трансфузиолог за комсултација. Само гин ми кажа да ок е тоа пиј. Ако успееш преку маил да контактираш pls пиши ми го во лп да пробам да го консултирам и јас
Важи. Ама јас со докторката се видов денес и она ми кажа само тоа, рече не треба ништо друго,и она беше генетичар. Онака му пишав чисто нешто поопширно да не ми каже, мејлот на интернет го видов.
Здраво девојки, ве замолувам за помош, насока и совет. Накратко 5 години борба со стерилитет, направив кариотип резултатот беше добар нормален женски кариотип. Од форумов читав и за генетски мутации, закажав на трансфузиолог на 30 септември имам термин во 8 ми септември. Да напоменам до сега немам ни една бременост почнувам со собирање на потребните документи за ин витро. Прашањето ми е до вас, некоја насока да ми посочите кои испитувања треба да ги направам таму, сакам да бидам подготвена да не ми речат немаш потрба од ова или само делуно да помине терминот на преглед кај трансфузиолог. Секој совет би ми значел... ви благодарам
Не чекај до 30ти на имунологија имаш секој ден термини и поширок спектар на гени оспитуваат... Провери си дополнително пролактин витамин Д тсх...
Леле сега ,случајно го видов постов. Сум те промашила некако, не ми замерувај, тазе породена сум... Убаво се ти пишале членките, и да, антитела може си требала да испиташ заедно со овие. Хомоцистин, фолна, Б12 се испитуваат на клиничка биохемија. Јас кога ги правев овие испитувања само за гените за тромбофилија и антителата ми беше дадено усно објаснување и совет. Некако овие десно не беа коментирани, а гледам и кај другите е тоа случај. Исто гуглав, барав на интернет и ме заболе главата, си реков батали, дејствувај со тоа што го имаш како сигурен податок. Интересен совет добив настрана од мутацииве дека понекогаш на двојките им треба спа ефект. Односно да отидат негде на одмор во било која форма, далеку од рутина и пробување за бебе, едноставно да уживаат. Кај мене успеа тоа. Инаку да, треба во консултација со трансфузиолог и искусен гинеколог да ти одредат терапија со која би почнала уште пред бременоста или веднаш по забременување. Има решение за нашава состојба само треба одговорно и навремено да се реагира.
Фала ти мила И честитки За жал мене спа не би ми помогнало, непроодни туби имам. Како и да е, ќе си пијам тоа што треба .
Другарки по прво ивф и по биохемиска јас направивхистероскопија го извадивме полипот. Направив испитувања на трансфузиологија и добри се. Чекам уште само афа. Е сега од ману денес го земав резултатот. Др.трансфузиолог вели метилирана фолна,метилиран б12, б6, аспирин. Толку.Јас тоа и го пиев. Ништо не ми кажа подетално ама затоа ве имам вас. Секако ке го консултирам гинекологот. И на друго место трансфузиологија.
За на имунологија со кој назив да барам (стерилитет или генетски мутации ).... денеска ми стигнаа резултатите од хормоните. Ти благодарам
Додека Др. Јани не отишол во пензија оди кај него...бидејќи си со висок ризик можеби ќе треба и клексан од прв ден...ако правиш ивф можеби и пред трансфер ќе треба за тоа нека кажат членките со ивф што се...а за природно од прв ден на позитивен тест кога ќе видиш одма се почнува само аспирин можеби и не е доволен
Хетерозигот си , значи еден алел ти е нормален а еден ти е мутиран. Јас сум хомозигот со двата мутирани па истата терапија ко твојата ја добив. Клексани после трансфер на сите ни даваат, а за понатаму доколку имаш позитивен тест, докторот ќе ти одреди дали да продолжиш. Кон сериозна тромбоза се изложени тие што имаат мутации на генот V Leiden, протромбин. еве дел од истражување the homozygous status, in particular Factor V Leiden gene mutation (FVL) and Prothrombin G20210A gene mutation (PII), or compound heterozigot FVL/PII and also antithrombin III deficiency, presents the greatest risk of developing venous thromboembolism
Za hormonite sovetuvaj se so dr oti fsh I lh ti se kazi reci so ista vrednost a ako lh e povisok od fsh toa e znak za pcos vo meguvreme napravi si ogtt test so insulinemija eho na treti den od ciklus I vitamin d ispitaj I isfrli blagojaglehidrati i gazirano
Zdravo, dali moze nekoj da mi pomogne, ne razbiram nisto.. transfuziologot so koj se konsultiram e na odmor... a ginikologot mi rece da prodolzam so kleksan... fala vi