Зборот ми беше да не купува фраксипарин ако на ГАК и пишале клексан, погоре имаше мислење што може да ја доведе членката до заблуда и да купи фраксипарин па да не може да ги рефундира со извештајот од ГАК пошто пишале клексан.
Се рефундираат само оние кои се наведени на извештај од Гак и да не се купени пред извештајот... од приватна болница не важи за рефундација
Здраво девојки, да ве замолам за еден совет од вас кој е поупатен. Денес ќе одам да земам кај матичната упат за генетски мутации, хомоцистин, антитела и кариотип. Дали има уште нешто што може да се испита да не пропуштам а и да не одам по сто пати на клиника. Инаку се ова ќе го испитувам поради неуспешните три Инвитра(биохемиска) проблеми со имплементација најверојатно. Фала ви однапред за советите.
Ако не си направила трансфузиолошки испитувања, земи упат и за таму. Не се сеќавам што точно требаше да пишува на упатот, некој друг ваљда ќе напише. Се' си мислам дека ја напишавме само дијагнозата, па таму напишаа што да испитаат.
Треба генски мутации обавезно и на ману да си земед има панел за неуспешни бремености 450 денари со упат, афа и ана обавезно
Ги земав упатите сега од кај матичната гледам дека и за Афа, Ана, ХЛА типизација, хомоцистин, антитела ,д димери, кариотип, генетцки мутации, хемостаза се ми пишала да испитам. Е сега незнам каков е тој панел во Ману, ќе сакаш да споделиш повеќе инфо. Фала ти за советот во секој случај.
Девојки здраво имав missed abortus вчера завршив на киретажа во 9 недела Имам 1 детенце забременив без проблем без нисѕо да пијам освен фолна и е витамин. Овој пат пред да забременам докторка на клиника ми рече да шијам метилирана фолна магнезиум со б6 и аспирин преку 1 ден Дали пример тие можеле да направат проблем и да го изгубам плодот . Бидејќи јас немав испитувано ништо од генетски мутации за да пијам било што од ова. Ве молам за мислење
Жал ми е што ти се случило ова... биди силна Нема шанса да е од суплементите, тие се пијат и ако немаш мутации. Метилирана фолна е исто како обична фолна само прочистена верзија која побрзо се апсорбира. Сите трудници пијат Б6 и магнезиум. А аспиринот не може да штети мислам во таа мала доза... позборувај со специјалист на темава а не е лошо да си провериш генски мутации, да видиш да не ти е потребно да примаш клексани. Исто така можеш да направиш едно 4д ехо да ти ја ѕирнат матката, да немаш некоја преграда случајно.
Ќе проверам се што ќе треба немам преграда тоа го знам ,но ми е малку чудно бидејќи со првата бременост немав ама баш ништо супер износена бременост немав проблем со забременубање, а кога се одлучив повторно ми се случи ова а ми ја кажаа оваа терапија за да забременам побрзо се обидував 4 месеци , а со првата бременост останав одма. Имав некоја намалена функција на тироидната но пијам еутирох 25 и таман пред да дознаам дрка сум бремена тсх беше 2.036 што беше во ред . Сепак да добијам мензис и ќе испитам се што треба . Јас веќе имам родено едно детенце 2 годишно износено супер и никаков проблем е сеа кога одлучив да одам на второ ми се деси вака па викам да не е случајно од ова што го внесував..
Имам три пријателки кои во втората бременост го изгубија плодот. А првите бремености им беа уредни. Не е реткост, ако те утеши ова малку.... знам дека сигурно е тешко, пробај да си позитивна, направи неколку прегледи и испитувања за да ти биде мирна главата.
Сонциња, што примате метилирана фолна, каков Б12 пиевте? На последниот резултат од трансфузиологија гледам дека ми се намалува...