Здраво девојки, некој совет од вас што имал слични мутации, која терапија сте ја примале. Петличковски ми предложи консултација со Јани, али нема термин. Гинекологот ми даде терапија methyl folat 1000, 2*1,b12 methylirana 1*1,b comleks 2*1 i pentohyphilin 2*1. Инаку се спремам за инвитро.
Jas gi imav istite mutacii I procitaj nekolku strani nanazad ke vides se od terapija sto imam primano
Поради овој фактор r2 би требало да примаш после пункција/трансфер, клексан секој ден, јас го имам тој ген хетеро, покрај некои од твоиве други, и примам цела бременост. Во 10та недела се консултирав првпат со Павлина од Ремедика, а крв си проверувам на трансфузиологија. Можеш кај неа да отидеш да ти објасни. Б12 покасно почнав, б комплекс не пијам а метил фолат 1.000.
Здраво. Дали може да ми пратите слика како изгледа потврда од матичен гинеколог за примање на клексани?
Дали и колку внимавате на исхраната? Мене после пункција ми рекоа да не јадам шеќер и сол и да бидам на протеинска диета. Тешко е ама се обидувам да се придржувам. Од терапија пијам метил фолат, Естер Ц, аспирин, декортин, Имприл, а боцкам клексани, пролутекс. Се надевам ќе успеам овој пат Не знам и други дали имале искуство како моето, но нашите резултати беа одлични, се беше уредно, но без резултат. Се додека не направив генетска анализа и сфатив дека имам мутирани гени
Во аптеките го има на Now околу 1500 денари метилфолат од 1000 микрограми 90 таблети. Имаа пишувано тука и за други фирми, но ги има претежно во поснабдените аптеки.
Пишав и во некои други теми, нарачувајте ги од iherb.com ги има сите витамини на Now по цена тридупло поефтина од кај нас, стигаат за месец дена отприлика, бирајте ја најефтината достава. Јас 3 врсти витамини со се достава ги платив колку едни што плаќав овде
И јас од iherb.com не се уште стигнати, има поминато само 10 дена откако нарачав. Нарачав повеќе дози на metilfolat, D vitаmin и B 12, 3 пати поефтино е отколку да ги купиш од кај нас.
Поради грн Здраво ..Еве и јас има слично искуство па ќе се обидам да ти помогнам соона што мене ми е дадено по препорака од страна на гинеколог,генетичар и трансфузиолог.Генските мутации не ја преработуваат фолната киселина затоа ние пиеме метлирана.Исто така има многу храна кој има фолна киселна и треба да се избегнува мен еконкретно ми е препишана проетинска диета ,со овошје и зеленчук само и еве ме скоро 2 месеца ја терам.Најважно е да конзумираш многу зелен лиснат зеленчук без да го куваш.Салата од блитва.спанаќ,марула за да детоксикација.Секако мораш и да вежбаш лесни физички вежби или пешачење за да се чисти организмот.јас пијам аспирин преку еден ден,метилкобалмин б12,метилирана фолна,витамин ц ,е и д обавезно за имунитет.Пијам NAC kој има силно антиосидативно дејство и COQ10 з подршка на кардиоваскуларен систе.Имприлот ако не ти е тешко да ми пуштиш да видиме што содржи навистина не знам не сум го примала.Мислам дека добро е да земаш и капки д или пак рибино масло и нека ти е со лесно.Дали имаш испитано хомоцистеин и дали имаш напревено кариотип и типизација.Пиши што и да ти треба
*Ти благодарам на советите. Јас немам испитано тоа што ми пиша... досега имам едно неуспешно инвитро и затоа направив генетска анализа на тромбофилија и така откривме дека имам мутирани гени и дека сум склона кон создавање тромбови (така ми кажаа од резултатите) *Завршив со ЕТ, уште малку па ќе правам тест да видам каков ќе биде исходот. Ако не биде добро ќе правам и понатака испитувања, се надевам ке се реши некако. Инаку, веке две недели/три сум на "навидум" протеинска диета без сол и шеќер. Инаку сум физички активна, често одам на Водно (освен последниве две недели, бидејќи ме советуваа да не одам) *Имприлот го пијам веќе трети месец, а има добри состојки (https://24apteka.mk/product/impryl-tableti/) : микрокристална целулоза; бетаин хидрохлорид, L-cystine, средства против стврднување: моно – и диглицериди на масни киселини, магнезиум стеарат, силикон диоксид; цинк бисглицинат, стабилизатори: вкрстени натриум карбокси метил целулоза; ниацин (nicotinamide), витамин Б6 (pyridoxine hydrochloride), витамин Б2 (riboflavin), фолна киселина – метил фолна киселина ((6S)5-methyltethrahydrofolic acid, glucosamine salt), витамин Б12 (methylcobalamin).
Ова што го пиеш е ок. Пробај да испиташ pai 4g/5g toa Kaj mene е присутно. Земи упат за на ману има панел за неуспешни времености 450 денари и се ќе ти испитаат
Mila pretpostavuvam imas mthfr mutacija I jas ja imam i mene ne me sovetuvaa za takva ishrana ama mozda oti jas imav ir I si vnimavav na ishranata uste pred ivf ne jadev jaglehidrati I zatoa I si pravev detoksikacija na organizamot so toa sto pred ivf piev hlorela alga slicna na spirulinata i jadev po deset zrna aronija nautro na gladno