Девојки да ви кажам дека денеска правев тест преку крв, два дена го подранив тестот ама не можев да чекам, резултатот е 1429 за една недела ќе одам ма ехо да видам што ќе ми кажат
Го правев кај Лазаревски. Он ме водеше, а Поповиќ ми го направи трансферот, бидејќи тој ден Лазаревски не беше тука
Здраво. Имам генетска мутација на MTHFR C677T-хомозигот.По првата бременост која заврши неуспешно не ни испитав нешто по конкретно, после втората неуспешна испитав скоро се и пиев аспирин, а сега уште од сам почеток боцкам клексани. Освен клексани пијам метилирана фолна, метилиран б12, утрогестан, вит ц од 1000, и други витамини. Дали може да сподели некој што терапија примал при ваква мутација и дали се испоставила како успешна? На колку време правевте контроли? Дали ве боли боцкање со инекциите и каде најчесто се боцкате?
Здраво, баш на претходната страна ги споделив резултатите од моите мутации. Јас имам повеќе мутации. Исто првото инвитро ми беше неуспешно, но второво е успешно, во среда сум на прво ехо Инаку пијам Impryl (тие во аптеката систина ги има само) - два пати по една, еден аспирин (на размак 12ч од клексанот), два пати по пола Декортин, Ester C Plus, Метил Фолат, Естрофем два пати по 1мг, една вагиналета Утрогестан, боцкам еден клексан и еден Пролутекс. Инекциите двете, прво ги боцкав во стомак, ама клексаните ми направија многу големи модрици. Сега Пролутелс боцкам во стомак, а клексан во рака. Клексаните ме болат ама во рака повеќе се издржува и помали модрици ми се прават. Се надевам ке успееш, стискам палци. Ако ти треба нешто друго слободно прашај.
Ти благодарам многу Ти примаш повеќе терапија од мене каде каде, ама можеби зошто имаш некоја мутација повеќе. Може имам и јас незнам мене ми дадоа да испитам 3,4 најбитни и најчестите. Од некој инекции имам како мали модрици(како точки) од некој не, ама сигурно ке се усовршиме ептен до крај Прашав и јас за аспирин да продолжам на сабајле ама ми го прекинаа да не се појавело крварење. А тие што ми ги спомна за од систина е некој лек или нешто замена за метил фолат( подобра варијанта) зошто такви ми рекоа обавезно, ама јас посекако уште од предходно си ги пиев. Ти посакувам најлесна бременост до крај
Фалаа Инаку, Impryl ги појам веќе 4 месец. Тие се некое комбо од витамини и минерали, имаат и цинк и метил фолат 400, мада и покрај нив јас пијам метил фолат од 1000ка. Еве што се соджат конкретно: микрокристална целулоза; бетаин хидрохлорид, L-cystine, средства против стврднување: моно – и диглицериди на масни киселини, магнезиум стеарат, силикон диоксид; цинк бисглицинат, стабилизатори: вкрстени натриум карбокси метил целулоза; ниацин (nicotinamide), витамин Б6 (pyridoxine hydrochloride), витамин Б2 (riboflavin), фолна киселина – метил фолна киселина ((6S)5-methyltethrahydrofolic acid, glucosamine salt), витамин Б12 (methylcobalamin).
И јас сум со еден куп мутирани гени и пијам нешто слично ама во одделна форма Витаминц,Магнезиум,Б12 метилкобалмин,метилирана фолна,витамин д,е,цинк,НАЦ и ЦО10 .Имам две неуспешни бремености зад мене .Ова имприлот која цена е затоа што вака одделно се оддавам од пари за витамини
Истата мутација исти случај како тебе две неуспешни третата успешна еве го црвот месец и пол до мене се гушкаме. Од терапија метил фолат,метилкобаламин б12, клексан 0.4 цела бременост од прв ден позитивен тест до крај, дабростон 3х1 до 8ми месец после утрогестан еден месец се надевам на успешна бременост да си ја износиш до крај
За оние што не знаат бидејќи лично мене систина ми е далеку и одпат па да споделам и за другите impryl ги има во марија фарм и во betty аптеките.