Супер што сподели. И мене Систина ми е далеку, ама не знаев дека ги има и на друго место, па затоа само од таму ги купував.
јас само што ги нарачав од 24 патека, дека исто да не одам до таму, а и голема гужва се прави пред аптеката во систина. прв пат нарачувам, се надевам ќе стигнат со време..
Истата мутација исто две неуспешни бремености која првата беше трагедија. Третата успешна бременост со здраво и право детенце кое за месец дена ќе полни две годинки. Терапијата е таа и јас истата ја примав,прегледите до 6 месец беа на три недели после тоа на две. Почна шеќерот да ми се качува бебето беше големо и го следеввме. Пред да боцкаш стави мраз да олади местото и боцкај.
Ти благодарам многу за споделеното. Вчера 'најубаво' си ја пуштив не ме болеше ни при пуштање ни после тоа.На почеток сум, ке ги навикнам. А при првите две бремености не пушташе клексани? Кај мене срцева реакција престануваше Несакам ни јас , ни тебе да те навраќам,ама кога ке најдам сличен случај на мојот сакам да дознаам сè,и да се превземе се што треба. Стварно ми дадовте ептен позитиваа и јас самата сум така некако понадежна од предходно може зошто сега ми го воведоа ова, се надевам на најдобро
Не непримав ништо,не ни знаевме дека имам мутации. Само позитивно и ќе биде чим примаш боцки и терапија немај гајле бебе ќе си гушкаш.
Zdravo na site, deneska bev na pregled, vo 33 ta nedela sme 2.5 kilca Doktorkata koja me pregleda me prasa sto primam.... i rekov metilirana folna, magnezium, clexan i aspirin 100. Mi rece deka ne mora i clexan i aspirin vo isto vreme, me zbuni... Osven toa mi preporaca da gi pijam mekite kapsuli od premama vo koi ima omega i dha za lacenje na mleko... Ona sto dopolnitelno me zbuni e toa sto vo sostavot DHA go pisuva vo tabletite od premama, kako i kaj femibion 2, a ne vo mekite kapsuli so omega.. Ve molam za sovet?
Витамин Д, цинк, Витамин Ц, Вит Б6 и Магнезиум некогаш кесичка некогаш таблета. Сум пиела Премама дуо или Витал прегна предходно, ама овие ги пиев и пред за забременам и решив со нив да продолжам
Здраво на сите,имам едно прашање ако може некој да ми помогне. Имам мутиран мтхфр хетерозигот и бремена сум 33 недела. До пред 15 дена примав клексани и аспирин 100 на секој врои ден,секако дадени од доктор. Кога бев на контрола за д димери резултатите ми беа 1953 и докторот на гиникологија место клексани ми даде фраксипарин од 0.4 10 инекции. Кога отидов пак на контрола на д димери резултатите ми беа 2376 и докторот од гиникологија пак ми ги врати клексаните од 0.4 10 дена. А мене ми е страв да не му се случи нешто на бебето и незнам што да правам. За трансфузиолог не упати за бремени или барем така ми кажаа.
Продолжи ги само клексаните и на ехо нека пратат протоци на постелка и дали има лакуни како се храни бебе напредува ли во килажа. Не се димерите толку страшни времињата за коагулација треба да се пратат т.е. хемостазата според тоа ти се одредува терапија не според димерите
Ви благодарам за брзиот одговор,а од кога ги примам клексаните хемостазата не ми е испитана. Мислите ли дека треба да отидам кај трасфузиолог за консултации.
Трансфузиолозите на државно ниво не даваат мислење ниту консултации за бремени терапијата си ја одредуваат гинеколози не знам зошто не ти испитале хемостаза таа е најбитна од се кажи и на докторката да испиташ
Да ве прашам тие што боцкате или сте боцкале клексани. Дали имавте проблем со крвта како намален хемоглобин или железо? Имам многу вртоглавици денес, и страв ми е да не ми е намален хем. или железото. Исто и пулсот ми е малце намален 66 во мин. читам дека од 60 до 100 е нормално, ама се мислам да не е ова малце, и да не е се поврзано со слаба крв. Крв ке испитувам понеделник ама може да ми споделите дали нешто слично имавте вие
Клексаните не се поврзани со тоа нормално е да ти се паднати носиш уште еден човек во тебе. Јади повеќе црвено месо,спанаќ,блитва,цвекло мене ми помогнаа Сидерал форте за железото малце скапи се али помагаат
Zdr sakam da prasam vie sto pravevte ispituvanja na manu kako zakazuvavte preku koj dr preku maticniot gin ili preku opstiot lekar
Позз Петок сум на доктор за одредување терапија, ме интересира некој дали е со исти или слични мутации и мислење
Упат земав преку матичен гинеколог Ману работат од 8 ипол до кај 3 од пон до петок,одиш кога сакаш не треба термин. Носиш епрувета крв со лилаково капаче, и преферираат плаќање со картичка