Здраво девојки. Бремена сум 4та недела некаде, а имам генска мутација хетерозигот за МТХФР С677Т. Примам аспирин и метилирана фолна уште пред да останам бремена. Ме интересираат вашите искуства од кога почнавте со клексани? И добар трансфузиолог на приватно некаде да ми препорачате.
Јас исто така имам мутација на 3 гени. Правев Инвитро и со клексани почнав одма после пункција. Исто така примав и аспирин и метил фолат, па и плус други витамини.
И јас сум ист случај, аспирин пијам секој втор ддн, метилирана секој ден а со клексани почнав одма после срцева реакција. Не знам дали ке има потреба да даваш пари на приватно за трансфузиолог јас секој месец испитувам фактори на хемостаза со ддимери на трансфузиологија и после тоа со резултат одам на гинекологија каде што ми пишуваат извештај за клексани. Поздрав и со лесно
Клексани веднаш после позитивен тест и еве 8 месеци секој ден... хетерозигот другиот мтхфр... само правам анализа гинеколог ми одредува терапија, бев во систина на трансфузиолог ама само негативни работи ми кажа...демек аспирин само до 5ти месец се пиело голема грешка... а секаде препорачуваат до 30 или 32 недела... па колку е ова страшно после пораѓај... и не одам веќе
Каде на гинекологија одиш, мислам која амбуланта јас бев претходната недела во амбуланта 29 таму ми беше терминот и Др. Ми рече дека неможе да ми пише извештај за клексани
Може ли некој да пише ако постои некоја мултивитаминска формула без фолна киселина? Имав обичај да пијам на Центрум витамини и минерали и Пробиотици со витамини и минерали за поткрепа на имуниот систем, ама бидејќи сите содржат обична фолна ги прекинав. Постојат ли воопшто суплементи со повеќе витамини/минерали без фолна?
Земам метилиран фолна на Now, ама сакав малку да го зајакнам имунитетот со суплементи. Имам хронични состојби и затоа пиев мултивитамини од типот на Центрум, Провен со мултивитамини и минерали и имунитетот ми беше "набилдан" па немав манифестација на хроничните состојби. Сега не примам ништо суплементи заради тоа што содржат обична фолна, сѐ обидувам преку храна да внесувам витамини/минерали, ама имам чувство дека ми требаат суплементи. За жал не можам да најдам суплементи без обична фолна во својот состав
Ахам, а ако имаш мутација нели фолната не се искористува па ја исфрлаш од организмот? Сакам да кажам, нели би можела да земаш мултивитамини со фолна, ама фолната ако не ја искористуваш, ќе ја исфрлаш, а ќе си ја пиеш метилираната? Прашај доктор или фармацевт за ова. А инаку колку што знам сите мултивит се со фолна, освен да земаш таблета по таблета за секој витамин посебно, друго не ми текнува.
Не било така едноставно фолната не само што не се врзувала, туку правела и штета во организмот на тие со генетски мутации. Ккава штета никој не ми објасни, ама ги избегавам сите мултивитаминска формули од кога дознав. Ама, посебно во денови како последниве празнични со руска и кифли, колачи .. имам чувство дека треба да појачам со суплементи. Ако постои без фолна а таблета за секој витамин и минерал-малку тешко за сметање
Јас пијам Impryl место други мултивитамини и плус Метил Фолат. Не знам дали спаѓаат во тоа што бараш, ама еве линк да видиш што имаат. https://24apteka.mk/product/impryl-tableti/
Расчепкај на iHerb, ќе најдеш. Има пренатални со метилфолат, нема врска што се пренатални, истите витамини се. https://www.iherb.com/pr/Thorne-Research-Basic-Prenatal-90-Capsules/18131?rec=iherb-pdp-related Ако земаш вака, не ти треба таа на Now, доволна количина на метилфолат има овде. Има и други, разбарај низ сајтот. Јас од овие бев задоволна. За две недели од прилика стигнуваат на домашна адреса. И витамините на Now ти се повеќе од дупло поефтини на сајтот од тоа што ќе платиш кај нас во аптека. Моментално има код за 25% за нови корисници. Едит: види ги и овие https://www.iherb.com/pr/Now-Foods-True-Balance-Multi-Vitamin-Mineral-120-Capsules/42243 https://www.iherb.com/pr/Thorne-Research-Basic-B-Complex-60-Capsules/18791
Za mthfr ne se pie samo metilfolat treba I vitamin b12 metilkobalomin I vitamin c I vitamin b6 I treba detoksikacija na organizmot da si praves tiroidata si antitpo antitg da ispitas i ogtt test so insulinemija da napraves oti mthfr se povrzuva so hasimotov sindrom I insulinska rezistencija
Дали некој знае што значи = во резултатите ? Ако некој ги разбира резултатоте ке ве молам за објаснување детално ,ви благодарам