www.24vesti.mk/germanija-prizna-tret-pol Федералниот Уставен суд на Германија донесе одлука опцијата изјаснување како припадник на “третиот пол“ да биде вклучено во официјалните документи. Во одлуката на Судот се наведува дека креирањето нов поим во изводите од книгата на родени, овозможува таа можност да се најде до крајот на следната година. Одлуката е донесена откако кај едно лице, со анализи било утврдено дека не е ниту маж ниту жена, по што била покрената постапка за добивање статус “меѓупол“. Првата пријава била одбиена бидејќи според германските закони, детето мора да биде запишано како машко или женско или тоа место во извештајот да остане непотполнето. Судот во Карлсруе наведе дека актуелните регулативи се спротивни на германскиот устав, кој забранува дискриминација. Не сум бил против ништо што е блиску со насловот. Ама ова е веќе претерано. Среден род? Ресет луѓе, ресет. Ако е за на друго место темава, преместете ја.
Вакви појави во природата постојат, и секако нема да исчезнат ако бидат игнорирани. Кога овие луѓе се навистина меѓупол, што има лошо во тоа да се регистрираат како такви? Стариот Рим признавал и препознавал хермафродити, денес се прави проблем. Дали сте запознале меѓуполово лице? Нели е процентот сепак мал за да бидете збунети или да ве загрижува „пандемија“?
Има случаеви кај хемафродити каде родителите им одбрале пол кога биле мали, и потоа децава си испаднале другиот пол...За у овие случаи, треба детето кога ќе си порасне, само да види како се осеќа...
Ова не е нешто кое е сега ново и измислено. Ова го учевме уште основно по биологија. И штом реално постојат, зошто да не се се пишуваат како среден, меѓупол? Или полесно е да се затворат очи на нијансите измеѓу и да гледаме светот црно- бело? Одличен чекор.
Ме интересира како изгледаат тие тоалети. А како се решава тој "проблем"? Знам дека нешто им се правеше на тие лица со цел да не дојде до самооплодување. Нека објасни некој подетално ако може?
Изгледаат исто како другите, само има различна ознака на вратата. Во следна прилика ќе сликам и ќе ја поставам сликата. Во меѓувреме слика од интернет.
Можеби навистина чудно звучи ова кога ќе се пренесе така во закони и регулативи, во пракса, со документи, во врска со родот за обраќање и сл., ама ги има и вакви луѓе – хермафродити. Значи не е овде дури ни до психа, привлечност, сексуалност за да е нешто ,,апстрактно“ – туку едноставно физички, ги имаат двата полови органи и така природата ги создала. Мал процент се, но постојат и не можеме ни да замислиме со какви пречки, потешкотии и awkward комплицирани ситуации се соочуваат. Нема ништо лошо да се направи чекор да се вклопат во општеството такви какви што се. Посебните вециња е уште поразбирливо и логично дека им требаат, со оглед на тоа дека имаат и машки и женски полов орган.
Трет пол - луѓе кои не се чувствуваат ниту како мажи,ниту како жени. Хермафродити - луѓе кои имаат два полови органи. Е сега дали едните спаѓаат во групата на другите, кој знае? Ќе измислат за некоја година и друго само да има на кого да продаваат лекови.
Се согласувам за овие случаеви дека треба да се почека, иако во пракса децата речиси никогаш не се 50:50, туку обично едниот пол доминира, а од другиот има закржлавени гениталии и ситуацијата е 90:10 за доминантниот пол. Стручни доктори можат да ги проверат и хормоните. Познавам една средношколка (сега студентка) која до своите 16 години ја сметаа за машко, со машко име, а девојката имаше и менструален циклус, целосно здрава матка, со јајници со се. Ама ете родителите така малку припрости и кога виделе мало црвче меѓу нозете и некакви закржлавени тестиси, одма избрзале со машко име. Ама потоа она си направи операција и сега си е целосно девојка, здрава, права, убава и згодна. Од Македонија е, ама не доби медиумско внимание и сега студира во Србија, подалеку од траумите во Мк. Импреиониран сум од неа колку храбро се носеше со сите исмевања што и ги даваа врсниците. Иначе има секакви случаи. Имаш на пример 100% машки деца кои посакале да бидат девојчиња и родителите им организирале операции и тортури и потоа они се предомислиле и пак си го сакале назад стариот пол. Еве една таква траги-комедија: http://www.dailywire.com/news/20806...m_content=062316-news&utm_campaign=benshapiro
Ја не сметам дека треба да бидат дозволени оперции додека детето не биде полнолетно...Без разлика дали сакаат родителите или детето, и без психолошка анализа и советување.
Ако се докажува тоа со медицинска проверка, тогаш океј е за овие што се хермафродити да ги пишуваат со трет пол. Али да се злоупотребува правово и да се пишуваат среден пол сите трансвестити и оние што им кликнало у глава дека не сакаат да се повеќе мажи/жени, а притоа не се оперирани за промена на полот или немаат никаков хормонален проблем, тоа не, не поддржувам.
Според мене сеедно како изгледа , дали е признаено или не, но има такви случаеви, и кога веќе се одлучува треба самата личност да си одлучи кога ќе созрее доволно за да знае како се чуствува ... Само ми е чудно вц то незнам шо е финтата со тоа ?.
Ајдееее, се јави овој да ус*ре уште една тема... И те молам без пораки у Лп овој пат, Виталиј. Господ требало да мисли кога ги создал овие луѓе. Сеа више му ојде возот. Сигурно и на нив би им било полесно така, да не се бафтаат по доктори и со пациенти. Ајт.