А зошто? Што е чудно дека постојат? Реално ова е и потреба од самиот факт дека ги има и е многу понижувачко што законодавството каска со документација за нивна идентификација. Искрено и јас да сум би сакала да можам соодветно да се означам и правно идентификувам и дефинирам во среден род ако тоа сум.се осеќам така. Знаете ли колку е тешка борбата пред се на психолошко ниво а не па да зборуваме за правните лавиринти во кои недостасува овој и те како реално постоечки пол?
Дали воопшто си чул за хермафродитизам? Да ти повторам еве посебно тебе како тврдокорен борец против „ненормални“ појави - лицата хермафродити се родени, природно со женски и машки полов орган. Значи физички така ги создал Господ, природата, уатевр. Капиши? Или мислиш дека и оваа појава е мит за кој нè лажат?
Мислев за луѓе кои имаат еден полов орган а сепак незнаат што се или велат дека се чувствуваат како спротивниот пол.
@Vitaly, законов се однесува на тие лица за кои ти објаснуваме. Трансродовите лица не се меѓу двата пола, тие се чувствуваат и идентификуваат јасно како спротивниот пол.
Не би требало само на тие да се однесува. Нели ако се појави некој шекнат и му текне дека е меѓупол тие нормално тоа ќе го прифатат, сигурно нема да му речат соблечисе да видиме. Се поголеми и поголеми глупости секој ден.
Третиот пол се однесува на полот што го добиваат луѓето при раѓање, оној што се заведува во првичните документи. Нема потреба да му кажат да се соблече, без облека се раѓа.
Пффф Индија го има ова одамна, имало нешто као 6,5 милиони хермаши таму, ама Индија не е вест, не е телевизична доволно. Е сеа за Немачка интересно, мора да се споменат нацистите имало олимпијада која ја организирале нацистите во Берлин (еееееее ко фчера да беше коа седеф во ложа позади фирерот) и во женска конкуренција германците праќале хермафродити заведени како жени со цел да освојат што повеќе медали какви идиоти
Штом постои ваква појава , зошто да не постои и признавање на истиот " трет " пол . Секако , медицински да е докажано дека тоа лице припаѓа на хефмафродитите за да нема злоупотребување на истиот . Што се однесува до операции и одредување на конечниот пол - ќе се согласам со останатите . Кога лицето ќе созрее доволно за да одлучи дали сака да е маж или жена , тогаш да се изведе операцијата