1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Германски филмови и серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Ginger^, 1 март 2020.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Споделувајте филмови и серии од германско говорно подрачје :) Дефинитивно имаме потреба од ваква тема8)

    Ќе почнам со филмовите од Фатих Акин, кои се сметаат за безвременски. Истиот живее и дејствува во Германија.

    1.Soul Kitchen е германска комедија, во која главниот лик Зинос решава да го продаде својот ресторан и да се пресели во Шангај кај својата девојка. Ресторанот е негов уште 3 дена, а за тоа време приказната за ресторанот се менува и тој ја менува одлуката. Откако ќе реши дека не треба да го продаде ресторанот, дознава дека на истото место ќе се гради трговски центар

    9\10

    MV5BZDg3MGIyYWEtOGRkYS00NWY5LWI3MDctMDY1NWJjZDlkOGE1XkEyXkFqcGdeQXVyNDk3NzU2MTQ@._V1_.jpg

    2.Aus dem Nichts

    Мелодрама со крими елементи и музика од Queens of the stone age:rock: Diane Kruger (Катја) живее во Хамбург и е во брак со Нури. Имаат син Роко, кој подоцна заедно со татко му се жртви на бомбашки напад.
    Катја е негова сметководителка, која тешките сцени ги одигрува со вистинска леснотија.Филмот е многу емотивен, а нејзиниот "немирен дух" го издвојува од другите филмови со слични сценарија.
    Има добиено награда на филмскиот фестивал во Кан за најдобра улога.

    10/10


    inthefade_quadposter_webress.jpg

    3.Werk Ohne Autor

    10\10

    Уште еден од оскаровците за 2019та. Романтична драма за уметникот Курт кој се вљубува во Елизабет ќерката на еден познат доктор од Дрезден.Таткото на Елизабет има повеќе тајни од кои едната е поврзана со тетката на Курт. Курт од својата ексцентрична тетка научил дека се околу себе има своја убавина и така се заљубува во природата. Но наместо да живее спокоен живот откако ќе се ожени со својата љубена, тој го губи разумот.....:wasntme:

    46915.jpg
     
    Последна измена: 1 март 2020
    На poi, dunika, kala21 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    4. Der Vorname- How about Adolf?

    Сигурно сте ги гледале Perfect Strangers, и многуте италијански, француски....верзии.:D Ова е нешто слично, можеби подобро и оригинално.Се сретнуваат браќата и сестрите со своите фамилии за да едниот од нив им соопшто дека бебето ќе го крстат Адолф. На тоа целата фамилија реагира, додека се откриваат нови тајни поврзани со нивната мајка.:rofl:

    9/10

    45905885_101.jpg


    5. 100 Dinge

    Двајца другари измислуваат апликација за која еден милионер сака да уложи пари. Но тие склучиуваат договор меѓусебе, дека ќе го заборават материјалниот свет и во рок до 100 дена ќе користат само по 1 нешто во животот. За почеток треба да одберат дали ќе носат по еден џемпер или едно ќебенце. :D
    Во целиот тој процес, запознааваат еда девојка која е дијагностициран шопахолик и оди на лекување. :)

    8\10

    81DQ2LwLW+L._SL1500_.jpg
     
    На dunika, kala21, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е убав Vincent will Meer. Постар е, ама преубав филм за дечко кој има Туретов синдром и одлучува да оди на патување за да исполни една од последните желби на мајка му.
    Ликовите се прекрасни, приказната многу необична (дали поради јазикот или тоа што ретко гледам нешто од неанглиско говорно подрачје) и убава.
    Не е нешто невидено, ама е стварно вредно да се погледне.

    Немам поим која оценка сум ја дала, треба пак да го гледам да се потсетам.

    [​IMG]
     
    На sierra, dunika, asdas и 3 други им се допаѓа ова.
  4. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Good Bye Lenin! (2003)

    Одличен филм кој на комичен начин ја прикажува политичката состојба во Источна Германија пред падот на Берлинскиот ѕид. Алекс е млад антивладин активист и кога го апсат мајка му додека го гледа тоа доживува срцев удар и е во кома. Ама кога ќе се разбуди од кома Алекс мора да и објасни што се променило откако била во кома ама не знае како да го направи тоа без да ја потресе и да и предизвика пак срецв удар. Што ќе му текне да направи се гледа во филмов.
    Од мене има чиста 10.
     
    На sierra, dayla, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Го изгледав Soul Kitchen. Закон филм, се изнасмеав. :D

    Продолжив со овој, Kurz und schmerzlos, само затоа што ми излезе во предлози и ми беше многу досадно.
    Леле, каков беше, на моменти мислиш дека гледаш некој ex-yu генгста филм. Се изнасмеав, повеќе ме асоцираше на нешто што датира од осумдесеттите, ама нема врска, добар беше.
    Oценка, 7.
    [​IMG]
     
    На adventurous, Ava.84 и Ginger^ им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    33.289
    Пол:
    Женски
    Кога бев на породилно гледав секој денпо еден.Ги обожавам Stephan Luca и Julia Hartmann(мојот аватар) и гледам со задоволсто филмови со нив.Ама врв ми е Warum ich meinen Boss entführte.
    unnamed.jpg
    (5/5)(стар е)

    Интересен ми е и Elias M'Barak после 2 та Fack ju Göhte 1-2 (комедија)бев предупредена дека не се учи германски од тој филм бидејќи е туркиш-дојч не ги гледав другите.
    Инаку имаат нов Night Life пак со Stephan Luka, Elias i Pаlina.Ама во кино е.Комедија е.
    images.jpeg
     
    На dunika, Ginger^, adventurous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Девојки на која страна ги гледате?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Јас си ги симнувам од Замунда и Пајратбеј, ич не ми е убаво онлајн да гледам па си симнувам.

    Инаку @Ava.84, Julia Hartmann ми е многу убава, сега ќе го прочешлам нејзиниот репертоар. :D
     
    На Ava.84 и kala21 им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    За мене еден од најдобрите LOLA RENNT ( 1 9 9 8 ) преведен како: Трчај Лола Трчај!



     
    На dunika, dayla и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Ајде хелп, каде да го барам Why I kidnapped my boss?
    Не најдов торент за симнување, а ми се гледа таква комедија.

    Овој Systemsprenger е многу добар, ама и многу тежок филм. Цело време бев со грутка во грлото. :(
    За мало девојче со шизофренија кое шета од една фамилија во друга и сите околу неа кои се борат да ѝ помогнат или одмогнат. Суров и тажен, вреди да се гледа ама навистина е специфичен.
    Mожно е да го има на Нетфликс во Германија, торентов што го симнав вака почна со најавната шпица од Нетфликс. Кај нас дефинитивно го нема, проверив.
    [​IMG]
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.646
    Многу многу многу добар филм. (y) И денес да го гледам, исто ќе ми биде чувството.

    Сто години немам гледано филм, германски па ич, ама ми текна на Gegen die wand
    https://www.imdb.com/title/tt0347048/
    За овој не сум сигурна како би го доживеала денес.
     
    На adventurous му/ѝ се допаѓа ова.
  12. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Сега го погледнав трејлерот па не ми личи на типичен германски филм има туркиш-дојч елементи.
    Ај погледај го пак па сподели како го доживеа да знам дали вреди да се гледа:D
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.646
    Ај, ќе го изгледам по едно 10 години, да ми порасне детето:lol:
    Германски си е филмот, од режисерот што го постираа на почеток на темава, ама некако (авто) деструктивен, впрочем, како насловот што кажува, со глава во зид. Ама кога имав 20 години, два пати го гледав, тогаш не ми пречеше деструктивност.
     
  14. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Јас па го разбрав дека се вика со глава во облаци:lol:
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    Sonnenаllee (1999) Сончевата алеја - барајте го низ јутјуб, го има цел.

     
    На adventurous му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    33.289
    Пол:
    Женски
    На youtube ама не знам дали има со превод на англиски.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Блокнато видеово, не го отвара. :(
    Ништо, ќе барам кога ќе го има на ТВ па ќе најдам стрим и ќе го гледам.
     
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    33.289
    Пол:
    Женски
    Зошто кај мене е ок.Имаш и др прикачувања на јутуб.Јас од јутуб редовно ги гледам.Ама може за мк да се блокирани.Торет овде е забрането казната е 400€.
    Филмот е даван на тв.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.024
    Пол:
    Женски
    Да, блокнато за овој регион. Ќе го најдам некаде, за инат. :D
    Фала ти сепак. :f:
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    ин фаде.jpg
    https://www.imdb.com/video/vi2051651865?playlistId=tt5723272&ref_=tt_ov_vi
    Aus dem Nichts (In the Fade/2017)
    Крими драма, трилер за судбината на една жена, Катја чии маж и син се жртви на бомбашки напад.
    Напнат филм кој открива кој ги убил и зошто и еден од филмовите во кои се истакнуваат актерските вештини на Diane Kruger.
    10/10
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.