1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Германски филмови и серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Ginger^, 1 март 2020.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Да кажам дека го гледав конечно. :party:
    Го даваа на Ерсте, си најдов стрим и гледав. Како за чудо, немав многу непознати термини, добро пројдов. И многу ми беше забавен, како да гледав филм по некоја од книгите на Софи Кинсела, кај неа има вакви бисери. :D
    Забавен, feel-good филм, да го гледате ако го фатите на ТВ.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Das Leben Der Anderen (2006) - Животот на другите
    Трејлерот е од 2008.




     
    На Camille84, boomsleng и Ginger^ им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    @Mishela знаеш ли каде ќе го даваат? Мора да го гледам:mm:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    https://www.tvspielfilm.de/suche/?tab=TV-Sendungen&q=Warum ich meinen Boss entführte
    Најди стрим од HR и гледај ако ти одговараат термините. Воопшто не е тежок за разбирање.

    Го гледав денес Isi&Ossi на Нетфликс.
    [​IMG]

    Тинејџерска ром-ком драма, баш ми се допадна и приказната и изборот на актери. Главните ликови беа мајко мила, многу шармантни.

    Изи е многу слатка девојка која одвај завршила средно школо и е многу талентирана за готвење, па сака да се запише на курс за готвење во Њујорк. Нормално, нејзините родители не ја поддржуваат па таа решава да им се качи на глава со „погрешните одлуки“ и да ги нервира. Типична тинејџерка. :D
    Ози пак, сонува да стане светски познат боксер, но за жал нема можност да се посвети на тоа свое хоби малку попрофесионално затоа што во слободно време ги отплаќа долговите на својата мајка. Тие имаат бензинска станица која плива во долгови, па мора да се снајдат како знаат и умеат за да не останат на улица.
    Интересен филм, спој на различни класи, исполнет со бунт, драма, солзи и смеа и уште малку драма, склопено во ептен „сварлив“ сладок пакет.

    Jaс ептен си сакам вакви драмици за пасење мозок, па ми се допадна.
    8/10
     
    На poi и Ginger^ им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    download.jpg

    Bad Banks

    Младата банкарка Јана е отпуштена од престижна банка во Луксембург, но во истиот момент добива понуда за работа во друга банка во Германија. Во серијата главно се одвиваат ситуации и сплетки во финансискиот свет и целата трае 2 сезони.
    Мислам дека нема добра камера или пак јас не најдов подобра верзија, па тоа малце ме нервираше.
    Од мене 9/10 ради снимката.
     
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.288
    Каде ги гледате филмовите онлајн ?
    Се нервирам има еден куп филмови на германски ама за оналајн тешко да се најди.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Има некои на Нетфликс, онлајн стрим на некои Германски телевизии, на торенти има еден куп избор филмови на Германски...

    Последен го гледав Freaks - You're one of us.
    Не ми беше нешто многу убав, ама забавен и лесен за разбирање и без превод.
    MV5BMjdjMDY3OGYtZTQ3ZS00NTc5LWIxOTAtYWM0YmRmYmE0NDUwXkEyXkFqcGdeQXVyNjEwNTM2Mzc@._V1_.jpg
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pepi17

    Pepi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми предложите некој интересен и добар германски филм, романса, драма????
     
  9. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Гледаш постари филмови од 1950 или 1960 или сакаш нови.
     
  10. Pepi17

    Pepi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Па ако имаш предлози, преферирам нови :D
     
  11. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    @
    Pepi17
    eве нешто

    Werk ohne autor

    Soul kitchen
     
  12. Ane_na_Bisera16

    Ane_na_Bisera16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2020
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Alarm za cobra 11
     
  13. Писана

    Писана Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Good bye Lenin германски е филмот и се рабори за Германија кога била пофелена и исто Der Untertag или падот се работи за последните денови на Хитлер во бункерот и сите што одлучиле да останат со него.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Не е филм, стара западно-германска серија е, од 8 сезони за детективот Derick емитувана 1974 - 1998 година. На јутјуб ги има сите епизоди на германски јазик, а можат да се најдат синхронизирани и на други јазици.

     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Мислев дека за германски експресионизам е темата кога ја видов. Ги имам гледано Носферату на Мурнау, М и Метрополис на Фриц Ланг, а за други култни филмови не сум нашла време.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Der Untergang е името на филмот. Да и овој е одличен филм.

    Актерот Бруно Ганц починал пред 2 години.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.860
    Допаѓања:
    178.758
    Гледам не сум го споделија во темава, специјално за @Cka
    upload_2023-5-13_10-15-13.png
    Мини серија од 4 епизоди мислам, го гледав пред некое време.
    Одлична приказна.
    Прилично ново е,треба да е достапно онлајн, ме мрзи да пишувам ревју.
     
    На Monofonik и Cka им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.882
    Допаѓања:
    132.471
    Не знаев за темава. Фала ❤️
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.882
    Допаѓања:
    132.471
    Предложете ми германски филмови и серии (аудио гермаско, превод англиски) на Нетфликс, Дизни или ХБО.
     
  20. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Dark, Dogs of Berlin. (Netflix.)
     
    На eliesaab, Scott Weiland и Cka им се допаѓа ова.