Ве замолувам на некоја што добро и оди германскиов, во лп или па овде...ако може да ми објасни за Welche, Welchen...и за присвојните придавки..Sein, Seine...Ihr, Ihre... Ви благодарам однапред.
ве молам за помош каде можам да најдам германско македонски јазик аудио за да го симнам и да го наснимам на и- пад за да можам да го слушам и да го учам јазикот ми треба нешто како германски а почетници она кога зборот најпрвин го каже на германски а потоа веднаш и што значи на македонски однапред благодарам
Учиме за Vorshlag: ich wurde/ wir konnten/ wie ware es mit. pr: Ich kann nicht schwimmen ich habe angst vor wasser.( schwimmkurz) -ich wurde schwimmkurs machen.Wie ware es mit einem schwimmers. Всушност не знам што да им направам. Како е што е
Учите за предлози. Јас би, ние би можеле, како би било со. Јас не можам да пливам, имам страв од вода. (курс за пливање) Потребно е да употребиш некој од горенаведените предлози кои би бил соодветен на зададената реченица. значи не знае да плива, начин на кој ќе му се предложи да посетува курс за пливање. Тоа ли ти беше прашањето?
незнам и јас барам ама неможам да најдам иначе имаш на youtube пиши how to learn german или girlsforteaching.com и има основни работи броевите до 100 да кажеш колку е часот,како си, какво е времето,насоки,како да порачаш во ресторан на лекции е расподелено еве ти линк од првата лекција http://www.youtube.com/watch?v=edBtiGeB2ec кога ќе завршиш пиши lesson 2 и така учи си.. позз
Ве замолувам на некоја што добро и оди германскиов, во лп или овде ако може да ми објасни за прашањата со зошто на нив како се одговара. Наставничката ни кажа, прво е сврзиик потоа подмет предмет и глагол. Еве како за пример ова прашање: Klaus, warum spielst du so falsch? Weil ( das Stuck - ich - kann- noch nicht ). Ich noch nicht das Stuck kann. или Ich das Stuck noch nicht kann. noch nicht, keine ... дали се пишуваат пред предметот или после него. Благодарам однапред.
Ајде некој што се разбира од ова германскиов да ми каже Vorteile i Nachteile за auf der Lande и in der Stadt ама цели реченици не само набројување
Разгледај на странава , објаснето на англиски . Се надевам ќе разбереш http://www.deutschseite.de/grammatik/pr ... nomen.html
http://www.benedict.ch/zh,sp,ge само помигни си со google translate http://www.digitaldialects.com/German.htm а еве ти и дополнителни вежбички
http://livemocha.com/ Странава е еден голем спас за сите они кои сакаат да се стекнат со некои основни познавања од било кој јазик, па така и германскиот
Германскиот јазик го учам од 7мо одделение и да ви кажам дека 10 посто не знам....се на памет учев и сеучте учам тоа граматиката не да е глупа поглупа нема ништо не им сваќам со тие членови дер ди дас во акузатив номинатив генетив датив...можеби немам стекнато таква љубов каква што имам кон англсикиот и италијанскиот и шпанскиот пошто самата наставничка а и сега професорка не ме натерала малку да се заинтересирам..имав 5ка и во средно и сега по германски ама не го сакам јазикот ни државата ни луѓето...
Јас учев германски во средно. Ама знам многу малку. Професорката што ни предаваше не тераше да учиме текстови на памет. Граматика не не научи баш најдобро. Сакав да се запишам на курс по германски додека одев во средно, ама си реков ај понатака. Се уште не сум се запишала, а имам желба. Интересен ми е германскиот јазик. Само што е тежок за учење.
А има ли правила за читање во германскиот?Кои букви заедно како се читаат?Ако некој знае нема ми ги пише.Сакам нешто да поднаучам.
Обожавам германски.Мој омилен јазик.На почетокот си имав голема мака но,со текот на времето си учев со разбирање и така германски сум една од подобрите во класот
Еве нешто од мене, се надевам ќе ти биде од корист. ä - нешто меѓу „а“ и „е“ ei = „ај“ eu = „ој“ ie = долго „и“ ö = „е“ ch = „х“ chs = „кс“ ss = „с“ ß = ss = „с“ s = „з“ st = „шт“ sp = „шп“ sch = „ш“ tsch = „ч“ h - во средина не се чита -ig = „их“ -tion = „цион“ -tien = „циен“ v = „ф“ w = „в“ z = „ц“