може ли некој да ми каже како се вика во партицип 2 surfen jaggen tanzen и дали реченицава е правилна маx hat eis gegesen. (сакам да кажам макс јадел сладолед) и hast/in/der/Was/du/gemacht/ferien Was hast du gemacht in der ferien? --вака треба фала ви однапред Спојлер утре тест имам
surfen- gesurft jaggen- имаш грешка изгледа или е joggen-gejoggt или е jagen-gejagt tanzen-getanzt Max hat Eis gegessen. Was hast du in den Ferien gemacht?
Јас учам од четврто одделение и не знам една реченица да сврзам на германски. Тоа е затоа што јазикот не го сакам и професорките ми се погодиле одбивни, не сум имала желба за да го научам, инаку јазици ми одат и тоа многу.
Тежок е јазиков, ставрно И сеуште не знам дали Ich се говори ИХ или АЈЧ Едино што знам е Güten Morgen, Güten Tah, Ich liebe dich, Tscüß
И колку што знам не е Tscüß туку Tschus (чус). Зошто ch се изговара х sch се изговара ш tsch се изговара ч и ß се изговара ц (ама во некои случаи не, на пример Groß, тука се чита грос) Добро сега и s се изговара з ама има исклучоци. tsch (ч) us (ус) Спојлер Поправете ме ако грешам.
ß или scharfes S се чита како /с/, s се чита како /з/, а z како /ц/. Што се однесува на tschüss, и tschüss и tschüs се прифатени форми, а tscüß е според стариот начин на спелување што веќе ретко се користи.
Знам, ама од колку зборови? Едит и во кое време? Mitvergangenheit(Präteritum), Vergangenheit(Perfekt) или Vorvergangenheit(Plusquamperfekt)?
Девојки како можам правилно да составам реченица со бои и алишта? На пример: Таа носи кратки зелени пантолони, дали е Sie trägt kurze grüne Hose? и ако не е така како е? Ве молам за помош доколку знаете. Благодарам однапред
Како се составува реченица со деллив глагол? Пример со mitkommen ? Може да наведи некој по еден пример во : потврдна,одречна и прашална форма? Спојлер Не бев тогаш на час и не ми е јасно ова а утре ќе ме испраша
Ако го употребуваш глаголот во сегашно време, тогаш се менува kommen по лице, а mit-префиксот оди на крај на реченица. ich komme mit. Kommt sie mit? er kommt nicht mit. Ако е во идно време тогаш стои на крај на реченица во основна форма. И во минато на крај, само partizip 2 форма. Ich werde mitkommen.