Нема за што. Нема никаков проблем, ќе ти објаснам колку што можам поубаво. Значи секоја именка во германскиот јазик како и во македонскиот има свој род. Но родот во двата јазика не секогаш се поклопува ( како примеров погоре, Hose=панталони кај нас се множина, но во германскиот јазик тиое се од женски род еднина), но во поголемиот дел е така. Родот го определуваш според членот, поточно според определениот член ( das-среден, die- женски и множина, der-машки). Но определениот член не секогаш треба да стои во реченицата како и во нашиот јазик(пр. 1.Јас видов едно дете со црвени панталони. 2.Јас го видов тоа(опред. член) дете со црвените панталони). Ама во секој случај, безразлика дали го има членот или не, ти мораш да го знаеш (за да го определиш родот) за да можеш да го направиш тоа што ти е зададено. И сега: Meсечина, кај нас е од женски род но во германскиот е од машки. Значи точно е: Der Mond ist Weiß. Ако имаш уште некои прашања во врска со Германскиот слободно обрати ми се во Лп. А имам и некои линкови, баш сега ги најдов па можам и да ти ги пратам ако сакаш.
Ако редовно седите на facebook, лајкнете си ја странава DW - Learn German. Има ептен добри вежби и повеќето се за почетници. Исто и корисни линкови споделуваат, фрази од секојдневниот говор.
На жалост само напамет учење. Кога го збогататуваш вокабуларот и учиш едно зборче напамет, мораш да го учиш со der, die das соодветно. der Mond на пример. Еве една корисна интернет страница која секогаш ги дава зборчињата со преставките. http://dict.leo.org/ende/index_de.h...oc=0&resultOrder=basic&multiwordShowSingle=on Јас вежбав шведски на оваа страница, но има и германски. Принципот на учење е тој и бев презадоволна. http://livemocha.com/
Дали може некој што учи германски по Пингпонг 2 да ми каже што се има во книгава? Што учите граматика? Итно ми треба.
Учам германски од 6то одделение, сега сум прва. Па воопшто не го сакам јазикот, претежок ми е, и премногу е груб.Основно имав наставничка која не предаваше убаво, истите тестови со исти боза вежби ни даваше 3 години и се радуваше кога ќе добиеме 5ки.Па нормлно, на оние тестови и 10годишно детенце ќе извади 5ка.Учевме огромни текстови, читај учевме, не обработувавме.Ни ги даваше да ги препишуваме само за казна, ниту зборчиња ниту ништо не преведувавме.Сега прва ми е тешко, терсене професорка ми се падна, од 3ка неможам да кренам повеќе.
Јас имам проблем со германскиот. Во сабота на 28,02 сум на регионален натпревар и тој се состои од слушање пишување и зборување..Би можеле ли да ми дадете некаков совет како да си ја подобрам комуникацијата но и пишувањето, бидејќи ми се премногу тешки..
Ве молаааам за помоош.. Доколку некој има некоја семинарска работа по германски јазик било која тема и големина доколку сака да ми ја испратии, навистина ми треба се трудев сама да направам но не оди, не секој го бидува за јазици
Францускиот го имам учено во основно. Германски не. Ама нема врска, братучед ми и снашка ми живеат во Германија, и од нив учам се. Како професори ми се Го сакам германскиот јазик. Брзо учам јазици
Здраво, можеби прашањето не ми е за во темава, ама некој да знае добар професор по германски во Велес? Фала однапред
Го земав првиот степен од јазикот и морам да си признаам не ми беше лесно. Се изнамачив додека да сфатам како што. Фала богу си избрав добра професорка па ми насецка се'. Сега си ја инсталирав оваа апликација https://play.google.com/store/apps/details?id=com.funeasylearn.german за учење зборови со родовите. Мислам дека е многу корисна и ви ја препорачувам на сите што сакаат повеќе да научат. Значи нема никаква граматика, само зборови.
некој што знае убаво германски ако може да ми помогне да напишам писмо за e-mail ausblick brieffreunde. Фала однапред.
здраво,се извинувам ми треба помош да ми објасни некој германски за императив и претеритум,некако тешко ми оди позз
Здраво Сакам да прашам дали има некој што има полагано во гете институт за B1 ниво. Како одат тестовите, лесно/тешко, благодарам однапред.
@Saki15 Jas polagav B1,ama vo Germanija i mozam da ti kazam deka bese prelesen testot,duri i ne se podgotvuvav prethodno. Opsto materijalot za B1 ne e tezok,dodeka kaj B2 ke mora poveke da se uci.
Да не има некоја случајно заинтересирана да ми поможи, да ги наредам речениците правилно? Спојлер: Реченици a) Maria spart ihr ganzes Taschengeld, _________________________________________________________ denn – ein neues Fahrrad – kaufen – möchte – sich – sie b)Katja mag Fabian nicht. ____________________________________________________________________ abends – geht – ihm – mit – sie – Trotzdem – aus c) Wir können ja alle zusammen in Griechenland Ferien machen, __________________________________ fahre – oder – allein – Oma – an die Ostsee – ich – mit d) Ich habe stundenlang mein Deutschbuch gesucht, ____________________________________________ konnte – aber – nicht – es – ich – finden e) Meine Schwester macht einen Italienischkurs, _________________________________________________ denn – fahren – nach Rom – sie – und – will f) Martin hat in letzter Zeit sehr viel Mathe gelernt. ______________________________________________ er – nur – geschrieben – Trotzdem – hat – eine Vier
a) denn sie möchte sich ein neues Fahrrad kaufen. b) Trotzdem geht sie abends mit ihm aus. c) oder ich fahre allein mit Oma an die Ostsee. d) aber ich konnte es nicht finden. e) und denn sie will nach Rom fahren. f) Trotzdem hat er nur eine Vier geschrieben.
Фала многу, @Anabelle.Amorette , ако имаш желба и време за уште некоја вежба, кажи ми или пиши ми во ЛП