девојки HILFE сакам да ми дадете некој предлог име за приватно училиште по германски јазик немора да е на германски може да е и на македонски ( јас сакам кратко јасно и лесно запамтливо )
Девојки, каде во Скопје има курсеви по германски јазик? Кое училиште за странски јазици е познат, најпосетуван во Скопје?
Имаш на Климент Охридски, Германски јазичен центар.Во близина на владата. Не знам дали е најпосетуван. https://www.facebook.com/deutschessprachenzentrum/
Еве јас ќе се понудам да помогнам за било што. Секој кој има потреба од помош може да ми пише во ЛП. Ќе разјаснам доколку можам. Имам завршено три нивоа и во Септември почнувам четврто.
Отиде ли некој во Гете институтот во саботата кога имаа отворен ден? Мислења? http://www.goethe.de/ins/mk/mk/sko.html
Одлични се гете, само мн скапи се за тоа што го добиваш.. Имам ставено погоре линк од нивната фб страна, и истиот коментар што и сега.. Ако имаш одвише пари, супер се. Ако немаш, Алфабетико (на пример) се сосема ОК..
Девокји, која од вас го владее многу добро германкиот и сака да ми помогне со семинарската? Напишана ми е само сакам некој да ме поправи граматички. Знам дека имам такви грешки а Duden не е од некоја голема помош. Ветувам не е ништо комплицирано.
https://deutschkursfuertraiskirchen.files.wordpress.com/2016/02/deutsch-aber-hallo.pdf Еве ти линк што треба од граматика да знаеш за ниво А1 кое ти опфаќа А1.1 и А1.2.
Може некој/а да ми помогнимам неколку пррашања,и сакам некој да ми го напише на герм. и/или да ми напише како се изговара право, може во лп
Дали некој знае линк од каде можам да ја спуштам schritte international 2 kursbuch und arbeitsbuch, до што најдов или е со плаќање, или веќе ја нема на линкот. Ако некој можи да помогни ќе Ви бидам многу благодарна.
Од Duolingo можеш да учиш како онлајн бесплатен курс исто и од Rosetta Stone ама овој се наплаќа после неколку бесплатни часови,за учебници можеш да најдеш онлајн,јас од Scribd си слимнувам,има почетни учебници за секакви јазици
Сакав да одам во Гете,ама премногу скапо ми беше,ама во неделата имам 6 часа германски,а плус и тестовите од Гете ги наоѓам на интернет и баш се супер. А многу го имаат фалено и Висен Старт,ама цените не знам какви се.
Темава од зборување на германски во информации за курсеви преминала.. Ајде ако има некој со степен C1 што сака да вежба разговор нека пише.