Ај мала помош. Најдобар курс за почетници по германски јазик? Гете институт или Центар за странски јазици? Гете е малце солен со цена ама претпоставвувам вреди или?
Може некој да ми ги објасни - часот - годините - бројките 2 ,3 ,4 цифрени? Како се читаат. Се збунив буквално..не можам да се снајдам
Сакам да добијам повеќе информации за Telc Prüfung , некој кој изучувал германски по нивната програма или пак што живее таму и знае збор, два за нив. Кој е разликата меѓу Тelc и Goethe , кој избор би бил подобар?
@shz јас живеам во Цирих,овде и го изучував јазикот.Повеќето школи во регионов го нудат Telc па токму тој го полагав,за Б1 ниво. Форматот на двата теста е речиси ист,со тоа што Goethe дава фокус малку повеќе на граматиката,а Telc на конверзација.Генералните мислења што сум ги чула се дека Goethe е за нијанса потежок. Како и да е,и двата ти се официјално меѓународно признати,така да нема да згрешиш со било кој избор. Ако ти треба повеќе инфо,слободно прашај. Со среќа
Можеш ли да кажеш нешто повеќе за живеењето во Цирих? Како успеа таму да отидеш.. како се снајде со јазикот? Фала однапред
Не се збори во Цирих на швајцарски?Има разлика меѓу швајцарски и германски. Германскиот го обожавам.На курс стигнав до В2 и тука останав за жал.Ама одам на приватни часови не сакам да го запоставувам.Убав јазик е, го обожавам.
@Feminka22 да,швајцарски се збори,ама не е стандарден јазик,и предуслов да го разбереш е да знаеш hoch deutsch.Официјален си е германскиот,во училишта и институции се користи исклучиво тој.Имаат премногу дијалекти ко кај нас,па често се случува и самите меѓу себе да не се разбираат. Јас збирувам ужасно,микс од двата дека работам со швајцарци
Јас одев почетни курсеви германски во Челинџ.Мојава професорка беше супер, бајаги ме научи.Се трудеше, вложуваше во нас.Општо Челинџ се супер.Многу луѓе што знам имаат посетувано курс таму.
Здраво, Ке Ве молам ако некој има искуство со изучување германски во Lingvalink, да сподели свое искуство. Исто да прашам ( иако погоре има нешто спомнато) има ли некој искуство со важноста на TELC сертификатите за во странство, конкретно Швајцарија....
Здраво девојки, препорачајте некое школо за интензивен германски јазик во близина на Ченто, Маџари, Н.Лисиче, Аеродром, Автокоманда.. Фала
И мене ме интересира дали би можела за 3 месеци да стигнам до ц1 ако А ми е целосно завршено? И плус не знам шо материјал да користам плус, јас кога учев до сега само од учебник др ништо и мислам дека беше доволно ама за ова повисокиве нивоа не ќе да е. Иначе планирам многу интензивно, максимум до 8 саати на ден, ама не сум сигурна дали ќе вреди напорот?
Kолку пари е во Гете за забрзан германски на Б2 нивото? Дали сте задоволни од предавањата и од односот на професорите?