Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Германски јазик

Дискусија во 'Образование' започната од Ivu4, 15 септември 2011.

  1. Ellier

    Ellier Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Јас сум задоволна од предавањата и објаснувањето и посветеното внимание со тоа што одев на редовен курс, забрзаниот мислам беше накај 6-7 илјади ама не ме држи за збор, можеш да им пишеш ќе ти кажат цена за курсот, книгите и испитот што се полага на крај :) иако се поскапи од другите школи за германски, вреди да се инвестира бидејќи работат вистински професионалци. И да одиш на друго место, пак ќе треба во гете да полагаш па подобро ти е таму да учиш од истата програма што ти треба за испитот после наместо да се спремаш дополнително.
    Нема шанси да научиш Б1, Б2 и Ц1 за 3 месеци. Можеби за 1 година, година и пол.. Не сакам да те обесхрабрувам ама колку што сфатив ти имаш почнато сега со учење на јазикот - да имаш основа во разговорен германски и вокабулар би стигнала некако за 7-8 месеци. А ниво е лесно се учат бројки букви прости реченици датив акузатив дрн дрн најосновните работи. Другите нивоа имаш доста вокабулар, граматика, пишување есеи (не прости како писмо и покана за роденден), разговор на разни теми и читање книги. Конкретно за Ц1 нивото добиваш на испитот рандом текстови и рандом тема за есеј и во делот со слушање и усмениот се најрандом теми - не ти даваат еве од овие области ќе се падне па ти проучи ги сите. За учебници порано имаше во германската библиотека ама сега е затворена, сум видела по книжарите просв. дело и алби ама тоа се учебниците по кои се работи во основно и средно, за литературата која ти е потребна за полагање можеш во гете институт да прашаш бидејќи они вршат и припреми и ги спроведуваат испитите.
    П.С заборавив да кажам дека зависи со колку поени сакаш да положиш и која оценка. Не е лесно положувањето ама ако не се стремиш кон sehr gut и сакаш онака само да имаш сертификат не ти треба толку замарање.
     
    На kala21 и dunika им се допаѓа ова.
  2. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Само да положам ми е битно, а колку што видов според некои проценки јазикот се учи за 780 саати што можам да ги прераспределам. Сега ја почнам втората книга од Б, ама пак мислам дека можам да постигнам, зашто 7-8 месеци е премногу за мене, зашто од октомври почнувам со факултет. Шо мислиш до колку би стигнала за 3 месеци?
     
  3. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Извинете вака две мислења по ред.
    А кога би продолжила по 4 саати неделно со учење од февруаров до јуни, после јули, август и септември малце појќе да убрзам имам шанси? Најголем проблем ми се матурава и школово, па дома до јуни негде немат ич да се спремам. Плус германски учам и нашкола.
     
  4. brzigonzales11

    brzigonzales11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Здраво учи ли некој на онлине платформата на гете институтут јас купив преку купинапопуст купон со кој имам пристап 6 месеци може ли да ми препорачете некоја книга за почетници или да ми пратите ако имате електронски . поздрав
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    Најискрено.Не можеш да прелеташ од А до Ц.
    Има доста битни работи во Б1 и Б2 што треба да се научат.
    Не брзај оди со ред, степен по степен.Никогаш не е касно.Другар мој на 20 и кусур години почна германски да учи.
    Фати си со ред, оди степен по степен.Ти може ќе завршиш се со интензивни курсеви ама напорно е.
    Германскиот е сложен јазик.Јас 7 години веќе го учам па се случува да смешам време/ збор некој.

    @brzigonzales11 пиши на Гугл A1.1 Deutsch Kursbuch имаш повеќе учебници.
    Еве линк од еден http://mdv.ma/menschen-a1-1/
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Кои глаголи одат со акузатив кои со номинатив?

    По што се разликуваат? Како можам да го препознаам??
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.189
    Дечки, некој од вас има полагано Б2 во Гете? Ме интересира дали првиот дел со зборење е слободна тема, и ако е, дали може за нешто друго освен книга или филм? :?:

    @Yellow456 можеш само ако ептен те бива за јазици, ама ептен. Мене јазиците ми одат, ама ми беа потребни некои 8 месеци да стигнам до полагање на Б2, со секојдневно интензивно учење дома плус часови 5 дена во неделата. Не е така лесен јазикот, посебно доколку граматиката ти ствара конфузии сега, дури ја разбереш ќе ти треба време, а башка вокабуларот.

    До Б1 ќе можеш да стигнеш за пократок период, до таму не е до толку захтевно, ама Б2 и нагоре се веќе друга приказна.

    Да дополнам. За мене до Б1 не ми беше ептен тешко, се справував, извадив јаки оценки на полагањето, ама многумина паднаа или добија едвај пролазни оценки. Ама за овие резултати учев, слушав, читав, дишев на германски цело време. Пробај, ништо не губиш!
     
    Последна измена: 4 февруари 2019
    На TutiFuti, kala21, molikaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Од тоа што ми кажувале не е слободна тема,туку влечеш ливче со тема или нешто слично:)
    Јас учев Б1 нешто помалку од 9 месеци,инаку од нула почнав,здравје таму планирам да продолжам со Б2,ако се одвива се според планот.
    Предложете германски филмови со македонски/српски превод:)
    Од канали имам само една RTL ама нема превод.
     
    На eliesaab и SV1911 им се допаѓа ова.
  9. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    @kala21 на Фокс Крајм има германски серии со превод. Еве ти ги термините на емитување.
    https://mojtv.hr/serije/16924/ubrzana-istraga.aspx
    https://mojtv.hr/serije/16660/cetiri-zene-i-sprovod.aspx
    Види и тука за германски серии, филмови, само мораш претходно да се зачлениш.Инаку не можеш да бараш.
    http://www.balkandownload.org/forum/122-filmovi-sa-prevodom/
     
    На SV1911, TutiFuti, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.611
    Допаѓања:
    18.823
    Пол:
    Машки
    Дали има онлајн или да симнам некој учебник било што бесплатно колку толку да поднаучам германски? Скроз од 0 сакам да почнам, разбирам англиски, може од англиски на германски не е проблем?
     
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.356
    Пол:
    Женски
    Симни ја duolingo апликацијата.:)
     
    На Stark и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.611
    Допаѓања:
    18.823
    Пол:
    Машки
    за на мобилен така?
     
  13. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    ^
    @Stark јас ја користам Дуолинго, за на мобилен е и предобра е за човек што почнува од 0.
    На многу интересен начин учиш од граматика, до вокабулар и фрази. :)
     
    На cresa-jagoda и Stark им се допаѓа ова.
  14. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.356
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Може некој да ми објасни кога се употребува и што им е разликата:

    1. Perfekt

    Pr. Später habe ich das Abendessen gekocht.
    Gestern bic ich nach Hause gegangen.

    2. Vergangenheit

    Pr. Ich hatte gestern Fisch gegrillt.
    Ich war gedtern zum Martk gegangen.


    Кога е со Hatte/ War
    Кога е со Haben/Sein

    Како да ги препознавам?
    Може некој совет?
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.189
    Професорот во Гете ова ни го објасни како Präsens + Perfekt се употребуваат за настани кои што се случиле неодамна и повеќе се користи во разговорниот јазик, додека пак Präteritum + Perfekt е за настани кои што се случиле поодамна (иако во твојот пример не е така) и обично се користи во писмена форма.

    @Stark тука има многу учебници, списанија и што не на германски. Групата е на руски јазик, ама верувам дека ќе можеш да се снајдеш. Ако треба помош за симнување, пиши ми.

    https://vk.com/club12399143
     
    На Stark и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Значи уште на сам шочеток нема да положам хахах со прости работи ...

    Фала сепак
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.189
    Кое ниво ќе го полагаш?

    Јас кога полагав Б1, во усмениот дел направив некои граматички грешки во зборење, поради тоа што бев ептен нервозна, ама извадив 92 поени. Во Б2 таквите грешки веќе не се занемаруваат, бидејќи од тебе се очекува солидно да ја владееш граматиката плус да имаш повисок фонд на зборови.

    Доколку пак писмено и А2 да си и да направиш грешки во имејлот, ќе ти одземат доста поени за тоа.

    Не е грешно да користиш сегашно време + перфект, само на повисоко ниво како Б2 и нагоре се очекува да можеш и минато + перфект да користиш додека зборуваш, меѓу другото.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Uniqpro

    Uniqpro Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2019
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    619
    Ако може да ми дадете некој совет,како да поднаучам германски,како повеќе да распознавам?
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Јас сум на почеток. Ако не ти е тешко пиши ми мене. Иако јас се советувам со @SV1911 со оглед на тоа дека има доста знаење и живци да ме трпи ххх
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.