Поздрав. Планирам да заминам за Германија како мед.сестра. Дали некој знае некој убрзан курс за мед.сестри и кои курсеви се признаени ?
Nekoj kurs za germanski jazik okolina Aerodrom ali da ne se ograniceni so denovi nego da gi ima sekoj den .
Девојки, познавате ли некој што дава приватни подготвителни часови за гете испит, околина на Кисела Вода, Аеродром, да ми препорачате?
Welcher ako rodot e vo mashkio rod Welche, ako rodot e vo zenski Welches ako rodot e vo sreden Welchen ako e mnozina
Дали некој што знае Германски или пополнувал ваков документ може да ми помогни за обележаните полиња. Станува збор за документот со кој се аплицира за повраток на данок.
Здраво дали може некој да ми ги објасни. Кога се употребува Номинатив Датив и Акузатив, од кај да препознавам која присвојна заменка да е пишам?
Ќе се обидам да ти објаснам со моето скромно познавање на германски, притоа давајќи примери со заменките . Номинатив се користи кај вршител на дејство или после глаголот sein. За да се открие номинативот, прашањето би било: Wer? (Кој?) Пример: 1. Mein Bruder ist 19 Jahre alt. (Wer ist 19 Jahre alt?; Mein Bruder - вршител на дејство) 2. Du bist mein Bruder. (Wer bist du?; mein Bruder - се наоѓа после глаголот sein) Акузатив се користи кога има движење или кај директен предмет. За да се открие акузативот, прашањето би било: Wohin?, Wen? или Was? („На“ каде?, Кого? или Што?) Пример: 1. Ich gehe in meine Schule. (Wohin gehe ich?; gehen - движење) 2. Ich sehe deine Schwester. (Wen sehe ich?; deine Schwester - директен предмет) 3. Du hast mein Buch. (Was hast du?; mein Buch - директен предмет) Датив се користи кога има мирување или кај индиректен предмет. За да се открие дативот, прашањето би било: Wo? или Wem? (Kаде? или Кому?) Пример: 1. Ich bleibe in meiner Schule. (Wo bleibe ich?; bleiben - мирување) 2. Ich gebe das Buch deinem Bruder. (Wem gebe ich das Buch?; deinem Bruder - индиректен предмет) Се надевам дека ти е појасно .
Izvini sakam uste ova da te prasam Dali imat isto znacijne kako vo nominativ akuzativ dativ Primer mein-N Meinen-A Meinem- D
Фала многу . Генитив се користи за искажување припадност некому, т.е. кому припаѓа нешто. За да се открие генитивот, прашањето би било: Wеssen? (Чиј? Чија? Чие? Чии?) Пример: 1. Das ist die Tochter meines Bruders. (Wessen Tochter ist das?; meines Bruders - (припаѓа) на брат ми) 2. Ich sehe das Buch meiner Schwester. (Wessen Buch sehe ich?; meiner Schwester - (припаѓа) на сестра ми) Не знам дали мислеше да објаснам и нешто друго (подетално) или само да допишам во ист стил за Генитив како за тие погоре .