https://grouper.mk/deal/kurs-po-germanski-jazik Го има некој купено? Дали има некаква признаеност ваков курс, или е чисто за себе?
Јас осетив дека постепено почнувам да ги врзувам речениците преку комуницирање со професорката, па би ти препорачала да пробаш сама на глас да составуваш реченици за да опишеш некоја конкретна ситуација. А за вокабуларот мора секој ден да вежбаш постојано и секој збор на кој ќе налеташ да бараш превод.. Барем јас така учев
Ако имаш некој што знае, збори со него и така вежбај. Ако не, сама со себе збори си и пробувај сама да си ги увидуваш грешките во изговорот. Пази највеќе на гласови од типот на st,ä, ë, ü, ö. А зборови ако учиш, јас било кој јазик ако учам зборови правам вака: На лист од лево ги пишувам сите зборови од странскиот јазик, и десно превод на македонски.Од кога ќе ги испишам, ги читам последователно 2-3 пати (некогаш и повеќе) и после со една рака ги кријам странските зборови, и преку преводот на нашки го кажувам странскиот збор, па обратно. Друг ,,метод” да ти препорачам е да си го напишеш зборот со превод на нашки и доле 5-10 пати зборот на германски да го пишуваш или/и да го преведуваш Пр: Zimmer-соба 1.Zimmer 2.Zimmer.... И кажувај го гласно зборот. Имаш и германски серии, Dark на пример.Слушај па повтарај реченици. Преку серии и книги можеш да го збогатиш вокабуларот многу. Јас англиски така научив. А германски ако не го вежбаш (и за учење и општо секојдневно) џабе е.
Исто така можеш пример да седнеш и да напишеш се што гледаш околу тебе (маса, дрво, било што), тоа што не го знаеш ќе си го преведеш. Купи си детска книга, тие имаат лесен и поедноставен вокабулар и почни да слушаш музика, па кога ќе имаш нејасни зборови/изрази преведувај си ги.
Здраво, сакам да прашам дали некој познава добра професорка по германски јазик и која е цената од час
Овие курсеви им се жива глупост. Не се залажувајте. Има на Гете официјални онлајн курсеви, 300+ евра Тути, тебе нели ти следува таму до Б1 за интеграција курс? 100 пати подобро е да запишеш нешто таму, него да губиш време со групер.. верувај ми А за сите што сакаат онлајн да учат има еден куп бесплатни ресурси..
Дали имате препорака за курс/школа/професор, кој држи интензивни курсеви и во текот на летните месеци? И притоа доколку знаете и цена? На интернет наидов на многу школи но не знам која од нив е проверена и квалитетна. Немам никаква основа, допрва ќе почнам да го учам, а цел ми е Ц1 ниво. Само да напоменам дека знам за Гете институтот, меѓутоа цената моментално за жал ми е далеку над буџетот.
Бесплатен скроз не , ама онака можам да запишам да си плаќам ама моментално покрај корона све упоропастија и нема нови уписи бар кај нас. Ќе морам да чекам септември да видам од тогаш дали ќе има нешто новости ако тоа е што е.
Па мислам најпрво да си купиш книга за а1.1 ја учев од шрите и мислам дека е добра после закажи кај некоја професока за часови ама мислам кај некоја поефтина бидејки тие поскапите не ти требаат уште бидејќи сметам дека а1 секоја професока ке знае добро да ти објасни и она нека те научи да читаш и основи од граматика а у мегувреме отвори си ти дигитален германско македонски речник и зборовите од книгата преведувај ги и пишувај ги за да знаеш и превод и како да ги пишуваш исто така имаш и многу убаво објаснети лекции на јутуб за а1 само пиши на српски. Ако имаш нешто даме прашаш слободно пиши ми
Мислам дека најдобро е објаснето тука: Кога сакаш да ставиш акцент на дејството, користиш Vorgangspassiv. Според погорниот пример и објаснувањето, кажуваш што ѝ се „случило“ на вратата (некој ја отворил). Кога сакаш да ставиш акцент на резултатот/состојбата од дејството, користиш Zustandspassiv. Според погорниот пример и објаснувањето, кажуваш во каква „состојба“ се наоѓа вратата (отворена) и тогаш не е важен вршителот на дејството. Јас ова го сфаќам повеќе како опис да даваш, баш како на македонски што би звучело: „Вратата е отворена“ (Каква е (состојбата на) вратата?).