Јазиков го учам скоро 8 години (6то до 9то, па сите 4 години средно) и ништо не знам повеќе од општо да се снајдам у дуќан или да прашам на улица+ набубани граматички правила. Не знам дали беше до тоа што никад немав добар наставник/професор ама како со сила да го учам. Почнав со руски пред неколку месеци сама и одма подруго некако хахахах
Може и двете опции. Или Thomas spielt gern Gitarre или Thomas spielt Gitarre gern. (ја првото го користам, али и второто е точно (секој различно)). А за am liebsten или на самиот почеток на реченица стави го или на самиот крај.
Нели bleiben би се употребувал во датив (на пример: Ich bleibe zu meiner Oma)? Или јас сум грешка? ај хелп некој што знае за да научиме
Здраво девојки, сакам да учам Германски online до сега имам учено на duolingo па ако знаете некоја добра страна или некоја апликација преку која можам да учам да ми препорачате.
Deutsche Welle, Nicos Weg, Memrise (за вокабулар), Mein Deustchbuch (за граматика, ама евентуално кога ќе си на повисоко ниво бидејќи сите објаснувања се на германски), Menschen учебниците (мислам дека дел од нив можеш да си ги симнеш бесплатно со се аудио), ако си почетник би ти препорачала да почнеш со Nicos Weg (https://learngerman.dw.com/en/beginners/c-36519789), online платформа е, во секоја лекција имаш вклучено вокабулар, граматика, вежби со читање, пишување и слушање.
Го купив пред некој месец. Катастрофа! Далеку од очекуваното за жал... Фрлени пари. Како веб страна е и со пишани вежби, па да преведвиш на англиски од германски (или обратно), но буквално , да заборавиш ти го зема за грешно. Ако немаш 100% не може на следната лекција. Нема никакво фајде, два пати отворив и толку. Го замислував како видео-лекции или нешто слично. Значи моја препорака - не се лажете на цената на тој курс!
Повеќе го препорачувам Schritte International, отколку Menschen. Може да се симнат од Library Genesis (libgen.is) бесплатно, а на странава имате и многу други бесплатни ресурси.
Кои учебни материјали се користат по нашиве јазични школи? Барем по дома нешто да читкаме сами додека не се отворат.
Дали знае некој од каде можам да купам ц1 ниво книга германски и дали ако некој полагал ц1 ќе сака да каже од каде учел вокабулар?
Имам слушнато дека Aspekte книгите се добри. Ги има мислам во Литература, а може да ги најдеш и во пдф бесплатно.
https://vk.com/wall-30268849_976 овде во Де кај што земав курсеви, оваа книга ја користеа. На оваа страна јас си најдов еден тон материјал https://vk.com/wall-126624573?q=c1. Ама дека е нелегално да се аплоадираат, стално ги бришаат линковите. Кога ќе најдеш нешто што би ти требало право симни си го. Има и аудио, вежби, книги за вокабулар и книги за подготовки за испити.
Дали некој ја има книгава? Ја имам книгата за англиски, но не ја користам јас и немам претстава. Претпоставувам и оваа е слична на неа. Може некој да сподели искуство? Дали вреди за парите? На кое ниво отприлика е? Имам завршено курс до Б1.1 ниво, но би сакала она баш да го зајакнам јазикот. Со курс секако ќе продолжам на Б1 ниво.
Има добри апликации, но има и ужас речници. За речник најдобар е makedonisch.info. Од речник само можеш да преведуваш. Инаку за апликации добри се Duolingo, 1000 зборови (или фрази, нешто така беше). Зависи и на кое ниво сакаш да го научиш јазикот.
Дали знаете да ми препорачате некој добар курс во карпош за германски јазик А1 ниво Освен гете и центар за странски јазици?