Од први почнувам со курс по Германски јазик, почетник ке бидам едвај знам 10 збора на Германски, колку време ви било потребно вас да го совладате јазикот ? Прашање особено за оние кои почнале како тотални почетници ко мене
Јас за две години стигнав до Б1, во деќември го завршувам. Живеам во Швајцарија и го научив доста солидно за 2 години. Зависи и од тебе ако го зборуваш и слушаш секојдневно е побрзо, ако во МК тераш само со курс мислам дека ќе ти требат 4-5 години
Зависи каков курс ќе одиш и колку време. Јас одев на интензивен курс, секој ден од понеделник до петок по 4часа на ден. За една година завршив со Б2, па после полагав.
Планирам пролетта да полагам и јас па ако имам некој прашања ќе ти пишам доколку можеш да ми помогнеш
Се зависи од тоа колку време на дневно ниво посветувате на јазикот, јас од нула до Б1 стигнав за 10 месеци, полагав во Гете
Здраво Може ли некои кои знае германски да ми каже како се образуваат реченици со entweder/oder, obwohl/weil i seit/seitdem
Девојки, има ли некој во скоро време полагано Телк/Гете Б2 да сподели искуство? Mе плаши ограничување на време за време на испит. И колку помош има за модулот “зборување“?
Полагањава во Гете обично кое време од денот се? Сакам да се пријавам, ама гледам само датум, нема час, а битно ми е.
Апла почетник, сакам да почнам курс да стекнам барем некои основни познавања. Каде имате вие учено на курс и како сте задоволни од истиот?
во гете е добро оди другарка ми ама е многу скапо сега не знам со коронава дали држат часови а јас на приватни часови почнав да одам и задоволна сум вака entweder oder значи или-или и со ова правиш две реченици пример entweder schlafe ich oder schreibe ich hausaufgabe или ке спијам или домашна ке пишувам weil значи затоа што и глаголот од второ место го носи на крај ich mache sport. ich mochte fit sein.=== ich mache sport weil ich fit sein mochte obwohl иако и овој сврзник глаголот од второ место на крај го носи пример ich bin mude.ich kann arbeiten=== Obwohl ich mude bin kann ich arbeiten Јас вака ги знам ако имаш уште нешто нејасно пиши
Да ве прашам ако се запишеш на обичен курс кај нас по германски јазик, дали во една година се изучува целиот Б1 курс или една година Б1.1 па уште една Б1.2 како што се Schritte книгите?
Зависи од интензитетот на курсот. Приватниве училишта обично имаат 2 час неделно по 90 минути или 3 часа по 60 минути. Со овој интензитет се поминува цела книга за 2-3 месеци. Исто, сама имам земано индивидуални часови кај професорка 3х неделно, за еден месец една книга ја поминавме. Во група оди поспоро.
Пробај германски серии и филмови без превод. Ама не само да слушаш, туку внеси се и во содржината, без да се нервираш оти зборче или фраза ти избегало. Најди си некои поинтересни со добри reviews и оценки.
Може ли некој што добро го разбира пасивот во германскиот јазик да ми пише во порака? Ептен ме бунат некои работи.
Да не има некој книга за учење на германски јазик во пдф? Може на македонски, српски па може и на англиски.