Јас имам, но се чисто германски учебници, работни, "сликовници", вежбанки (lesen, hören, sprechen & schreiben). Би можела да користиш и речник. За кое ниво ти треба?
Се извинувам што се вмешувам, но добри се и овие книги: https://archive.org/details/schritteinternationalneu1/page/n4/mode/1up
Schritte International 1 (Kursbuch + Arbeitsbuch) Не мораш да ја купиш, се наоѓа бесплатна пдф верзија на интернет. Можеш да ја ископираш. Ако сакаш оригинал, ја има во книжарниците на литература. Ако се решиш за оваа книга пиши ми и ќе ти испратам дополнителен материјал поврзан со книгата. Има и книги англиско-германски за почетници, пр. Teach Yourself German, Colloquial German итн.
Здраво. Дали ќе може да ми исптатите и мене,ќе полагам наредна недела ама кнап ми е времето ,па да пробам да вежбам нешто
Shto bi mi preporacale za da nadopolnam vokabular i da formiram poslozeni recenici (nivo A2)? Dosega imam uceno samo od shritte knigite, ako imate nekakov materijal plus?? Ili nekoja serija, knigi da mi predlozite. Sekoja idea e dobredojdena.
Пишете ми, па кога ќе видам ќе ви испратам од лаптоп. @zbuneta66 За кое ниво полагаш? Пиши ми и ти, па ќе ти испратам нешто плус. За филмови, можеш да ги гледаш Isi&Ossi, Never Look Away (мислам така се викаше). Јас гледам филмови со германска синхронизација и англиски превод. И тоа е одлично за слухот. Има многу вежби и онлајн, па изгуглај малку некој теми за Sprechen или што знам. Исто така можеш да читаш и некоја мала лектира на ниво А2.
Не е тешко не се грижи, секогаш првиот левел е најлесен и учите наједноставни работи и не е потебно никакво предходно знаење. Доколу треба помош мислам дека за А1 би знаела, пиши. Учите работи како :Како си, од каде доаѓаш, колку години имаш, бројки, бои и азбука од тоа што се сеќавам.
Здраво, има ли некој кој ги има сумирано главните правила, да сподели? Јас сум моментално Б1, но некогаш морам да се навратам на тоа што сме учеле во А1 или А2 и губам многу време по тетратките Ако има некој забелешки од најбитните правила и слично би била благодарна ако сподели. Поздрав
Kje moze li nekoj da mi isprati kniga i rabotna "schritte international 3(A2.1)?? Ne mozam da ja najdam na internet pdf zatoa
Ги имаш во копирници во Бисер до Силбо и Мавровка од искуство знам за овие таму принтав инаку пдф немам примерок. 170 ден некаде е книгата/копијата
Знае ли некој во кое училиште наставникот цело време збори на германски? Бидејќи во повеќето училишта 80% и повеќе на македонски си зборат. Ги мрзи да се преведуваат самите себе.