1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Германски јазик

Дискусија во 'Образование' започната од Ivu4, 15 септември 2011.

  1. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Можам да ти препорачам јас каде одев на часови. Мене ми беше добра цената, но не знам дали е најповолна. За квалитетот сум задоволна. Доколку си заинтересирана пиши ми во порака.
    * Ова моево препорачување на сите испаѓа како реклама. :lol::lol: Искрено сум задоволна, не е реклама. Се трудам да помогнам.
    Дали помага за подобра работа - е тоа не знам. Сигурно зависи каква работа би сакала и каде (во Македонија, Германија). Имам сретнато повеќе огласи за работа со познавање на германски јазик, но тоа е со висок левел, некоја рандом работа од типот диспечер. Ако работата е контакт со луѓе, особено странци, тогаш сигурно помага да знаеш повеќе јазици. Ако работата е канцелариска (пр. средуваш документи или нешто така, немаш контакт со луѓе) тогаш нема поента да бараат познавање на јазик. Ако прашуваш за во Германија, одговорот е дефинитивно да.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Сакам да научам германски а воедно и морам пошто тука живеам , брзо памтам а имам и желба но сега за сега неможам да идам на курс. Да ми дадете некоја страна од каде ќе можам да учам значи од почеток , како да составувам реченици, како да прашувам и да одговарам. Тоа ме интерисира. Може и со превод или на англиски или мак. Англискиот го зборувам перфект. Е сега пошто не одев на часови по македонски и не ми се јасни овие акузатив номитив??? Незнам дали ги пишав како што треба а незнам ни што значат. Ќе може ли некоја членка да ми објасни?
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Busuu
    Duolingo
     
    На Lena3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Падежите се промени на зборови како именки, придавки, заменки итн во зависност од тоа која им е улогата/местото во реченицата.
    Еве ги сите падежи објаснети:
    Номинати
    в се користи кај вршител на дејство или после глаголот sein. За да се открие номинативот, прашањето би било: Wer? (Кој?)
    Пример:
    1. Mein Bruder ist 19 Jahre alt. (Wer ist 19 Jahre alt?; Mein Bruder - вршител на дејство)
    2. Du bist mein Bruder. (Wer bist du?; mein Bruder - се наоѓа после глаголот sein)


    Акузатив
    се користи кога има движење или кај директен предмет. За да се открие акузативот, прашањето би било: Wohin?, Wen? или Was? („На“ каде?, Кого? или Што?)
    Пример:
    1. Ich gehe in meine Schule. (Wohin gehe ich?; gehen - движење)
    2. Ich sehe deine Schwester. (Wen sehe ich?; deine Schwester - директен предмет)
    3. Du hast mein Buch. (Was hast du?; mein Buch - директен предмет)


    Датив
    се користи кога има мирување или кај индиректен предмет. За да се открие дативот, прашањето би било: Wo? или Wem? (Kаде? или Кому?)
    Пример:
    1. Ich bleibe in meiner Schule. (Wo bleibe ich?; bleiben - мирување)
    2. Ich gebe das Buch deinem Bruder. (Wem gebe ich das Buch?; deinem Bruder - индиректен предмет)

    Генитив се користи за искажување припадност некому, т.е. кому припаѓа нешто. За да се открие генитивот, прашањето би било: Wеssen? (Чиј? Чија? Чие? Чии?)
    Пример:
    1. Das ist die Tochter meines Bruders. (Wessen Tochter ist das?; meines Bruders - (припаѓа) на брат ми)
    2. Ich sehe das Buch meiner Schwester. (Wessen Buch sehe ich?; meiner Schwester - (припаѓа) на сестра ми)
     
    Последна измена: 16 март 2022
    На vlahovska, VesnaAl, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Аха ок, а ова има нешто врска со глаголите? Оти мене глаголите не ми се јасни , каде во реченицата се стават и како се менуват?
     
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    За почеток, доволно е да знаеш дека глаголите секогаш доаѓаат на второто место во реченицата. Кога имаш комбинација како на англиски, на пример Present Perfect каде користиш главен глагол и партицип, има дополнителни работи, меѓутоа како за почетник, важно е само да знаеш дека глаголот доаѓа на второ место. Значи, може да кажеш:
    1. Јас сакам куче.
    2. Куче сакам јас.
    Може првото ни е позвучно, но двете се граматички точни. Така и на германски, глаголот си стои на истото (второ) место.
    Инфинитивната (основната) форма на повеќето глаголи завршува на -en. Понатаму, како и на англиски, глаголите може да се правилни и неправилни. Неправилните се учат напамет, со вежбање, додека кај правилните се отстранува -en и се додаваат наставки. Еве пример, за SAGEN (вели):
    1. Ich sage.................1. Wir sagen
    2. Du sagst................2. Ihr sagt
    3. Er/Sie/Es sagt........3. Sie sagen
    Кои се правилни, а кои неправилни глаголи ќе увидиш со самото учење.
    Да. Во зависност од тоа што искажуваш/какво дејство имаш со глаголите, така ќе се менуваат и именките, придавките, заменките. Веројатно непознати ти се некои термини од погоре, затоа не си ме сфатила, па ќе ти дадам објаснување на македонски, кое важи и за германски и за сите јазици што функционираат на овој концепт.

    Во македонски и англиски немаме падежи. Види ги овие три реченици:
    1. Јас не сум брат ми. / I am not my brother.
    2. Јас го гледам брат ми. / I see my brother.
    3. Јас му кажувам на брат ми. / I tell my brother.
    4. Јас го гледам детето на брат ми. / I see my brother's child.

    Тоа што е со задебелено (Јас) е вршител на дејство, оној кој го „прави“ нештото.
    Тоа што е подвлечено е предмет, врз кого се „врши“ дејството. Предметот може да биде директен или индиректен. „Брат ми“ во втората реченица е директен предмет, додека во третата е индиректен предмет.
    Имајќи предвид дека рече дека не си одела на часови по македонски, еве ти плус објаснувања околу тоа што е директен и индиректен предмет: 1, 2, 3.
    Клучно е да знаеш да препознаваш што е директен, а што индиректен предмет со цел потоа да ти е јасно и каде да употребуваш акузатив, а каде датив на германски, согласно претходниот пост што ти го пишав.

    Сега, што е поентата со падежите, како да ги сфатиме кога не можеме да направиме паралела ни со конструкција на македонски, ни со конструкција на англиски јазик? Најлесен, најразбирлив пример за нас може да биде српскиот јазик. Еве како би изгледале истите 4 реченици горе на српски (според google translate; не знам формирање на падежи на српски, пишувам за да се сфати поентата, може да има грешка):
    1. Ја нисам мој брат.
    2. Ја видим брата.
    3. Ја кажем брату.
    4. Ја видим братово дете.

    Дали гледаш како се менува формата на зборот „брат“ во зависност од тоа каква „улога“ има во реченицата? Е па тоа е суштината на падежите. На македонски, на англиски, француски, шпански, италијански итн, зборот „брат“ нема да се менува, ист ќе биде во секој случај, затоа што нема падежи во тие јазици. Како што кажав, ова не се однесува само на именки, туку и на придавки, заменки итн.

    Номинатив е основната, непроменета форма на зборот. Тука во сите реченици вршител на дејство е „Јас/Ја“ (лична заменка), што значи дека „Јас/Ја“ е во номинатив. Во првата реченица и „брат ми/мој брат“ е во номинатив затоа што се наоѓа по глаголот „сум“. Понатаму, на македонски немаме падежи, па „брат ми“ си останува неменливо, но еве на српски добиваме „брата“ за акузатив, „брату“ за датив. Повторно, кое ќе биде во акузатив, а кое во датив зависи од тоа за каков предмет (директен или индиректен) се работи во реченицата. Кога ќе знаеш добро да распознаваш каков е предметот, препрочитај го претходниот пост, појасно ќе ти е објаснувањето за падежите.

    Четвртата реченица ја напишав како пример за генитив, кој е падеж што означува припадност - чие е нештото. На македонски припадноста ја искажуваме со предлогот „на“: детето на брат ми. На англиски припадноста ја искажуваме со помош на апостроф и s: my brother's child. И во двата случаи гледаш дека „брат ми/brother“ како именки не претрпуваат промена, но кај јазици со падежи тие би претрпеле промена.

    Ова е основното нешто што треба да го „свариш“ во поглед на јазиците со падежи, потоа само учиш различни форми/правила за различни јазици. Погоре виде како би изгледале падежите во српски. Еве како би изгледале истите реченици на германски:
    1. Ich bin nicht mein Bruder.
    2. Ich sehe meinen Bruder.
    3. Ich sage meinem Bruder.
    4. Ich sehe das Kind meines Bruders.

    Согласно сè претходно напишанo:
    - вршител на дејство во сите реченици е Ich (јас), што значи Ich е во номинатив.
    - во првата реченица, mein Bruder доаѓа после глаголот „сум“, согласно тоа, и mein Bruder е во номинатив. Значи, mein Bruder е основната, непроменета форма.
    - во втората реченица, mein Bruder е директен предмет, па затоа мора да употребиме акузатив. Тоа значи дека согласно правилата за акузатив (се учат посебно) mein Bruder би се запишало како meinen Bruder.
    - во третата реченица, mein Bruder е индиректен предмет, па затоа мора да употребиме датив. Тоа значи дека согласно правилата за датив (се учат посебно) mein Bruder би се запишало како meinem Bruder.
    - во четвртата реченица сакаме да искажеме припадност, односно да споменеме нешто што му припаѓа на mein Bruder, па затоа мора да употребиме генитив. Тоа значи дека согласно правилата за генитив (се учат посебно) mein Bruder би се запишало како meines Bruders.
     
    На Honey Eyes, VesnaAl, Lena3 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. B0j@n@

    B0j@n@ Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво дали можете да, ми препорачате курс во Германија?
     
  8. Alex3916

    Alex3916 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Во реченицата Du bist mein Bruder, присвојната заменка du ќе биде номинатив или вршител на дејството. Ќе одговара на прашањето Wer ist mein Bruder? - Du.
    Именската група mein Bruder има целосно друга функција. :)
    Исто така, номинатив не одговара само на прашањето Wer?, туку и на Was?.
    Der Ball ist rot. (Was ist rot? - Der Ball.)

    ,,Акузатив се користи кога има движење или кај директен предмет."
    Акузативот е всушност директен предмет. Грешка е да се каже дека акузатив одговара на прашањето Wohin?, зашто тоа не е првичното значење на акузатив. Да, школски кажано акузатив се користи со глаголи во движење, меѓутоа тоа движење е факултативно. (Ако сте дипломиран германист, ќе знаете за што зборувам).
    Акузатив одговара на прашањата Wen?, кога се работи за лица и Was? во сите останати случаи.
    Ако го спомнувате Wohin?, тогаш треба да споменете и други прашални зборови кои би одговарале на акузатив... но, не би означувале Akkusativobjekt. Сѐ што школски се учи дека оди во акузатив, не значи дека претставува Akkusativobjekt. Повторно ќе речам, ако сте германист, ќе знаете за што зборувам.
    ,,Датив се користи кога има мирување или кај индиректен предмет."
    Не.
    Дативот е всушност индиректниот предмет во реченицата. А тоа прашање Wo?, може да биде нешто друго, но не Dativobjekt.
    Примерот ,,Ich gebe das Buch deinem Bruder." е неточен. Во реченица секогаш прво стои дативот, па акузативот. Затоа реченицата би гласела: Ich gebe deinem Bruder das Buch. Ова е школско правило. Вака се учи и на курс.
    ,,Генитив се користи за искажување припадност некому, т.е. кому припаѓа нешто. За да се открие генитивот, прашањето би било: Wеssen? (Чиј? Чија? Чие? Чии?)"
    ,,Кому" е прашање за датив. Одбегнувајте да го користите за да го објасните значењето на генитив. Тешко е, знам, но доведува до забуни кај изучувачите.

    Ве молам доколку не сте дипломирам германист, не се обидувајте некому да објасните вакви сложени граматички единици.
    Подобро одминете го коментарот, отколку да се обидете да објасните, а притоа да направите вакви огромни грешки.
    А, ако сте германист по професија, тогаш мој најдобронамерен совет е, исто така да си повторите некои работи од морфологијата и синтаксата на германскиот јазик. Ќе ви требаат доколку работите како наставник.
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    За почеток, ти благодарам на корекциите, сакам да се подобрувам и да се коригирам како што напредувам со учењето. Не сум дипломиран германист, само личност што посетувала курс. Не сум имала контакт со германски веќе 3 години, така што сè пишувам од сеќавање. Небитно. Ќе цитирам со ред таму каде што имам коментар:
    Не ги знам деталите за улогата на именската група mein Bruder. Поентата беше дека после глаголот sein се користи номинативната форма на зборовите (именки, придавки, заменки), не другите падежни форми. Еве нека не се нарекува номинатив и нека има друга граматичка категоризација/номенклатура. Практичната примена колку што јас знам е дека по глаголот sein, зборовите се пишуваат во номинативната форма. Ако не е така, слободно дообјасни, ќе научам нешто ново :).
    Се извинувам што не сум допишала was покрај wer.
    Како што кажав, не сум германист, така што не те разбирам целосно. Понатаму, кога почнував да учам за падежите, и јас поврзував акузатив=директен предмет, датив=индиректен предмет, но повеќе различни професори што ги имавме секогаш ни дополнуваа дека акузатив е поврзан со движење, а датив со мирување. Токму заради тоа коригирање и нагласување го запаметив тоа. Дали се работи за тоа дека професорите сфатиле дека тие појаснувања подобро им помагаат на учениците да запаметат каде да користат акузатив, а каде датив, или се работи за нешто друго, не знам. Меѓутоа тоа е причината зошто го напишав.
    Се извинувам, моја грешка, сум го заборавила правилото кое оди прво, а кое второ. Како што кажав, одамна не сум имала контакт со германски.
    Не знам како да одговорам на ова, затоа што се работи за ситница, нешто во стилот како дали schedule се изговара скеџуал или шеџуал. Поентата е таа. „Кому припаѓа“ е целина и ја искористив затоа што според мене почесто се користи отколку чиј/чија/чие/чии, па сметав дека е полесно/поприродно за сфаќање.

    Ова е исто како јас од целиот твој пост, од цела поента што си ја направила да се зафатам за последната реченица каде што „Ви“ си го напишала со мала буква, па сега кога ќе те читам јас или било кој друг, може да настане забуна дали ми се обраќаш само мене или на повеќе лица. Јасно е дека иако „Ви“ е правилната форма, од контекст се сфаќа дека не е исто со „ви“ и покрај сè што си напишала, тоа е споредна работа на која во моментов не ѝ е време и место за дискусија, затоа што друга порака е поважна да се пренесе.

    Те сфаќам и не ми е тешко да не го користам „кому“, само не гледав потреба за тоа, доволно е јасна разликата меѓу двете употреби на зборот.
    Овој дел од одговорот најмногу ми боде очи затоа што иако е кажано учтиво, се чувствува доза на ароганција. Сакам да кажам неколку работи поврзани со ова:

    1. Се наоѓаме на форум, социјална мрежа (ако може да се нарече така) каде неформално се разговара на најразлични теми, се споделуваат мислења, искуства итн. Повеќето што дискутираме на форумов сме лаици за повеќето теми и во вакви теми конкретно (јазици и други предмети од училиште) се разменуваат знаења на ист начин како што се разменуваат знаења меѓу ученици и студенти. Ниедна тема на форумов не е ограничена само за дипломирани експерти од таа тема, затоа што или ги нема тука, или разбирливо, не сакаат бесплатно да споделуваат кога вложиле труд во учење за во иднина да прават заработка од тоа.

    Значи не се наоѓаме на конференција на германисти, ниту пак во училница, туку тука сме за да си помогнеме, кој колку знае. Се разбира дека е добредојдена секоја постручна личност, затоа што може најточно да ни одговори и да нè подучи, но во нејзин недостиг, оставени сме сами на себе да си помогнеме иако, како што можеш да забележиш, темава е толку неактивна, што голем дел од прашања остануваат и комплетно неодговорени, а не пак да се развие некоја дискусија.

    2. Ако зборуваме за подучување и слично, многу е непедагошки да се пристапи вака, затоа што пред сè, од грешките најмногу се учи. Поточно, треба грешките да се гледаат во позитивно светло, како неминовен процес при учењето кој нè води напред, а не да предизвикуваат срам и страв од осудување, затоа што тоа те прави попасивен, а со тоа и помалку и побавно учиш. Плус, ваков елитистички пристап во стилот „не коментирај ако не си дипломиран германист“ може само да обесхрабри некого да продолжи со учење, затоа што никогаш нема да знае колку тој дипломиран германист.

    3. Ако смеам, и јас ќе дадам најдобронамерен совет, кој се базира исклучиво на тоа што си го пишала сега, а не генерален заклучок за тебе, затоа што не те познавам. 15+ години одам по курсови за јазици, но еве и да не одам, од разговор со други луѓе, можам слободно да кажам дека 80-90% од нив ама воопшто не се замараат за граматика, туку преферираат да учат „од слух“ и сè додека знаат доволно за да се разберат со домородците генерално, не им значи ни граматика, ни правопис, а не пак толкаво детализирање. Повеќето луѓе не се трудат да знаат за ниво C1 или C2 (не велам дека тоа што си ме коригирала е нешто што треба да го знае напреден ученик; си ги признав грешките и не замерувам за тоа).

    Јас сум од тие 10-20% што обожаваат граматика и всушност, со нејзино учење полесно го учат јазикот целокупно. Но, јас никогаш нема да ја научам граматиката на јазикот како што ја знаеш ти, на пример, туку се држам до суштинските „идеи“ за конципирањето на јазикот. Нема да знам - карикирам колку да дадам пример - дали именката е апстрактна именка за искажување желба или за искажување фантазија, или да ги знам 20-те нијанси кога ќе користам одреден збор, а кога друг, но ќе знам дека овој збор е именка.

    Најважниот момент кај секој професор е да процени и со секој поединец, а особено со група, до кој степен ќе навлезе во проблематиката и кои делови ќе ги поедностави (макар не се опфатени сите можни варијанти) со цел да го пренесе знаењето. Затоа што, џабе се навлегува до толку, ако другите не можат да ги восприемат информациите. А во конкретниот случај, за германистот, секогаш работите ќе се многу, многу понијансирани, секогаш ќе има фини детали кои ќе му се важни, но на „гостинот“ однадвор најчесто ќе му е важна само суштината, и тоа максимално поедноставена. Голем дел од луѓето не си ја знаат граматиката ни на мајчиниот јазик, а не пак на странски јазик.
     
    На VesnaAl, Lena3, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Феминки, ќе ми треба убава порака да честитам роденден на Германски, ама ќе пратам подарок иако роденденот беше пред еден месец.
    Е сега, на Англиски имаат фраза Belated Happy birthday. На Германски...?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Сè што е од Гете Институт во Германија - зимај, не гледај колку чини :D
    Имаат опција повеќемесечни курсеви, одбираш некој од 12--те градови (Минхен, Берлин, Хамбург, Бон...) низ Германија каде има институтот простории. Грусен зи унд фил фил ерфолг :)

    Едно од непишаните правила на германската култура и менталитет е дека не се честита роденден пред или по заминување на истиот:

     
    На Marija_Magdalena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angela>>>red25

    angela>>>red25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво,ме интересира дали некој полагал А1 пред комисија за виза сега брзо,колку време се чека и дали основните работи се во разговорот гледам есеи пишување нешто :?: паника ме фаќа од трема
     
  13. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Не знам дали во правата тема го поставувам прашањето, ве молам предложете одлично училиште за германски јазик за деца. Значи под "одлично" мислам да е посветено на работата, солидни професори, напредни програми за учење...
     
  14. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Значи си била на ултра интензивен курс, за три месеци а1/1 и а1/2 ги завршуваш, за 6 месеци а1 и а2 ги имаш , а за една година б1 и б2 , така?
     
  15. angela>>>red25

    angela>>>red25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво,дали некој скоро полагал А1 во гете? Дали е тешко и дали може за 3 месеци интезивен курс да се совлада материјалот ми треба сертификатот за виза, или лп нека ми пише. Фала :)
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.162
    Пол:
    Машки
    Дали некој посетувал курс во ГЕТЕ центарот за германски(не во гете институт) шо се наоѓа во Капиштец?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    запишувањето во Гете започнува на 5 Септември. Ако некој посетувал курс дали е добро пошо е скапо, и дали имаат онлајн часови, бидејки од друг град сум. Ве молам за информација
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Evelynn

    Evelynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ве замолувам за препорака за училиште за странски јазици, моментално се мислам помеѓу Гете, Challenge, ЦСЈ. Ако има некоја што слушала германски скоро во некое од овие би и била благодарна доколку ми сподели искуство ^^
     
  19. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некоја од вас била на испит во Тетово за А1 и што од прилика има на тестовите
     
  20. angela>>>red25

    angela>>>red25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Горе доле истото е тестирањето секаде,најди си некој професор по германски што ќе те припрема и што е запознаен со полагањето и во Тетово и ќе те спрема. позз